Па добро да помодерно, ние имавме од ресторанот пред секоја маса менито и бомбона па со тортата беа екстра.
Nine west Моите не беа баш класични невестински ама за некој што не издржува ич во штикли потврдувам дека беа стварно удобни.
Женски, дали имате идеја за место каде што би собрало 100-120 души, нешто како во стил на Ботаника? Ич не знам дали сакам да прославам и на кој начин па прво реков од идеи за места да почнам
Јас и мојот дечко се веривме, сега планираме свадба па следствено на тоа треба кум и старосватица да бараме..Прашањето ми е затоа што читав на неколку наврати дека правилно е да се праша стариот кум дали сака да продолжи кумство или не.. е сега родителите на вереникот се разведени а со кумовите немаат никаква поврзаност, блискост и комуникација па повеќе од 15 години а и повеќе. Јас се јавив во црквата каде што ќе се венчаме, ми кажаа дека без нивна дозвола може да бараме нов кум штом се работи за некомуникација со стариот кум. Што мислите вие и дали сте имале слично искуство? Некаде читав дека е грев и слично ама штом од црква ми горекоа тоа најверојатно не би требало да биде нели.. Ве молам споделете ваши искуства ако сте имале слични
Ако не ти се брза, најдобро е од тему да си нарачаш. Периодов барав украси за коса и тоа што го заклучив е дека речиси сите страни кои продават онлајн украси за коса, ги продаваат истите работи што ги има на тему за неколку пати поскапо.
Има еден профил на инстаграм victoria.m.accessories Немам искуство, но гледам некои добри работи има на профилот можи ќе најдеш нешто
Ние си избравме другари за кумови без притоа да се „консултираат/прашаат“ старите кумови и никој не замери/прокоментира. Не сум ни знаела за ова правило, искрено...