Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    И јас правев замесок и ќитев заедно со друштвото и братучеди и освен пиење и пица ништо друго не купив :D
    На цел трошок уште по нешто за секој - ќе банкротираме :)
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски

    И да не кажеш! :D
    Јас сакав од тему нешто интересно да порачам, обетки, штипки за коса нешто така, ама штом не се дава ќе си седам мирна. :rofl:
    Ќе си молчам!
     
  3. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ќе правиме свадба оваа година, и бидејќи сме од различни градови, свадбата ќе ја правиме во неговиот град. Машката страна ќе се собираат кај него дома, а мене свадбата ќе ми почне од венчавката во црква, па матично и на крај ресторан.

    Китенки ќе им ставиме пред црква, ама уште не ми е јасно баш на кој треба да ставам. Мајка му ми вика само на главните, ама ми е страв постарите кумови да не се навредат. Кај нив во градот имаат обичај сите гости да се закитуваат, кога доаѓаат кај невестата, а кај нас не е така.

    Дали е океј ако на главните кумови, старосвати и девер ставам малку поголеми китенки, а за нивните фамилии помали и поедноставни китенки? Од помалите китенки сакам да ставам и на фамилијата на вереникот.

    Други гости нема да закитуваме
     
  4. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    И уште нешто. Пред 5 години работев во канцеларија, и кога си дадов отказ, генерално останавме во океј односи, иако си имав причини зошто си дадов отказ. Дел од нив правеа свадби за многу брзо откако си дадов отказ, и бев поканета на свадба, и бев кај дел од нив, освен кај еден колега.

    Е сега не знам дали да ги поканам, бидејќи не одржуваме некаков контакт. На колегата што не бев на свадба, најчесто комуницираме, ама и тоа не е некоја блиска комуникација. Не успеав да му дадам поклон, бидејќи не се гледаме.

    Една од колешките правеше свадба пред да се вработам, и дали ако ги поканам другите, треба и неа да ја поканам?

    На 3 од свадбите бев поканета сама, кај првата не бев во врска, а кај другите 2 заради ковидот, имаа ограничување во бројот на гости. Колегата ме покани со партнер, ама ете испадна нешто неочекувано, и не можевме да одиме.
     
  5. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    12.328
    Гледај си од денешен аспект, остави тоа како било што било... Ако сега си блиска со нив, и имаш желба да ти дојдат на свадба - викни ги. Без разлика тебе дали те викнале тогаш или не.
    Но ако сега веќе немаш близина/контакт/желба да ти присуствуваат на свадба тогаш не кани ги.
    Немаш никаква обврска ниту должност да ги викнеш, времето продолжило, животот ви отишол во различни насоки нормално е и да се оддалечат луѓево ако нема дружба.
    Се зависи ти како се осеќаш, дали сакаш да ти присуствуваат на твојата веселба.
     
    На Трагедијаупмм и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    2.528
    Пол:
    Женски
    Ако 5 години немате контакт, не знам зашто би ги викала на свадба.
     
    На Трагедијаупмм и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски
    Во ред е, секако кумовите треба да носат поголеми китенки, да се знае дека се кумови.
    Инаку и ние сме од различни градови ама свадбата ја правиме во мојот град.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mone1994

    Mone1994 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2025
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, да прашам дали и порции за бендот се плаќаат?

    Поздрав,
     
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    15.485
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  10. delfina45

    delfina45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали закониците се даруваат и од машката страна или само од невестата? Бидејќи ќе правиме традиционално со земање невеста, а таа ќе си дарува од нејзината страна. Ако секој посебно дарува, тогаш како со кумот?
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.522
    Допаѓања:
    18.881
    Невестата ги дарува.
    Младоженецот го дарува семејството на невестата.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски
    Што дарува младоженецот? Прв пат слушам.
     
  13. delfina45

    delfina45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ние домашните нема да се даруваме, за тоа сме договорени, само закониците. И од различни луѓе, различно слушам за закониците. Некои парови заедно купуваат подароци, зависно од свадбата каква е. Ние ќе правиме традиционално и ме интересира каков е обичајот по традиција. И ако само невестата дарува, тогаш и кумот само таа го дарува?
     
  14. delfina45

    delfina45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Јас слушам различни верзии затоа прашувам. Пријатели лани правеа свадба и младоженецот од своја страна им даваше поклони на закониците, а невестата башка.
     
  15. Lenaa__12

    Lenaa__12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2024
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Ние со маж ми заедно ги дарувавме. Бидејќи бевме договорени да си даваме пари и двајцата дадовме по половина од сумата
     
    На Трагедијаупмм и delfina45 им се допаѓа ова.
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    4.921
    Пол:
    Машки
    А зошто се замарате толку со адети како и што требало?
    Ваша свадба правете како вас ви е убаво.
     
    На Трагедијаупмм, goddess.Of.chaos и Polyincognito им се допаѓа ова.
  17. delfina45

    delfina45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Сакаме да ја продолжиме традицијата. Можеби ни е важно. Денес на свадбите може да се види мешавина од обичаи превземени од Американски филмови и некои наши, што воопшто не ми се допаѓа. Сепак ние имаме своја култура и обичаи кои не прават посебни и сметам дека треба да знаеме кои сме и што сме и да ги зачуваме белезите што ја прават таа посебност. Културолошкиот аспект ми е многу интересен и сакам да го доловам, не ми е заморно Некои работи не ми се јасни и сакам да ми разјасни некој што знае, ако има таков.
     
    На Трагедијаупмм, lala15, FlirtBerry и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    4.921
    Пол:
    Машки
    Во ред ми е како што велиш ти да ги правите адетите од што на вас ви е интересно и убаво така, ама глупо ми е некој да ги прави од што сите така па мора така...
    Мене многу ми се клише некои наши адети што уште се практикуваат, пример она одење кај невестата дома за да ја земат па се борат нешто на врата па плаќа пари младоженецот, како да ја купува.. :drunk:
     
    На SummerGirl и goddess.Of.chaos им се допаѓа ова.
  19. delfina45

    delfina45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Не дека сите така, дека тоа ни е основа на културата и традицијата. Инаку денес повеќето невести редат деверуши, што воопшто не е наш обичај, ама виделе на филм. Тоа воопшто не ми се допаѓа. Се согласувам дека некои адети се претерани во денешно време, како "купувањето" на невестата. Има и побетер од тоа :)) Можат да се модифицираат или симболично да се одбележат, но да се задржи основната традиција.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IvyLane

    IvyLane Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Dekoraterka za svadba? Kitenje doma i vo restoran