Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски
    @delfina45 Мене ме отепаа со адети, рекла казала баш.
    На крај краеви одлучив да ги дарувам само кумовите, деверот и старосватовите.
    Нашите не ги даруваме ние како младоженци.
    Така да како ти мислиш така направи си, не ги слушај сите. Сите имаат различни адети/мислења.

    За деверушите китенки само ако се рачуна како поклон.
    Јас за нив одлучив сама да им дадам како мини поклони кога ќе ја прославиме мојата моминска.
    Порачав од тему некои интересни работи, симболично да им дадам.
     
    На delfina45 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Human8o

    Human8o Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво, маж ми беше прашан за девер на свадба. Јас сум малку збунета од адетите, и знам баш дека велат дека не треба деверот да е женет, и исто ме интересира какви одговорности би имале ние како девери, што треба да се спреми освен чевли и чанта? А исто како жена на деверот веќе ако има такви ситуации што треба да правам, зашто невестата нели си има веќе деверуши што и се другарките?
     
  3. Bubiška

    Bubiška Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Колку што јас знам деверот треба да не е женет.
     
  4. Human8o

    Human8o Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    И јас исто знам, ама еве најблизок пријател му бил мм и немало кој друг па затоа така, и затоа ме интересираше дали некој има бидено во истата ситуација
     
  5. Bubiška

    Bubiška Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Ако му е најблизок нека го покани за кум,старосват.Девер може да биде и дете од 3 години,најдобро прашајте си во црква.
     
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    2.528
    Пол:
    Женски
    Девер не ни мора да има, секако нема никаква улога во црква.
    Ама ако веќе тераат обичаи, деверот треба да е неженет.
     
  7. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски
    Деверот треба да е не женет.
    Подобро старосватови да сте.
    Инаку според адети пак треба да ја ʼчуваʼ невестата. Пак има некоја улога, плус седи до невестатa на масата.
    Инаку и во црква стои до невестата, нон стоп е до неа. Така е адетот кај нас, на југот.
    Пак најубаво е да си прашате во црква. Таму најубаво ќе ти кажат.
     
    На Human8o му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.716
    Допаѓања:
    12.869
    Пол:
    Женски
    Ова изгледа зависи од каде си.
    Во мој крај сум видела и женети девери по свадби. Од таму од кај што е мм пак, се бира строго неженет. Некаде имам прочитано дека девер мора да е некој помлад во возраст од зетот.

    За адети, во договор со младите. Чанта и чевли за невеста купува деверот, ќе одите и дома кај невестата и в црква, ќе седите со нив на главна маса, ќе треба и деверот еднаш да изигра напред, и тоа е тоа воглавно мислам.
     
    На Human8o и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  9. EnnaN

    EnnaN Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
  10. delfina45

    delfina45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира од страна на младоженецот дали го дарувал кумот или другите законици. Или заедно купуваат подароци со невестата, како што имам случаеви кај блиски, или пак само невестата дарува? Сите различно, па не знам баш како е најдобро.
     
  11. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски
    Младоженецот не ги дарува, невестата ги дарува кумовите, деверот и старосватовите.
    Знам дека во ресторантот порциите за нив ги плаќа младоженецот.

    И јас сум исто, од сите различно слушам, ме збудалеа.|(
     
    На delfina45 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. delfina45

    delfina45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно секој како сака си прави:)) Многу често невестата и младоженецот заедно ги купуваат поклоните за сите. Така да не знам како да се прави, а да не се згреши:))
     
  13. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски
    Јас обично прашав невести во нашиот крај што беа и истото ми го потврдија, а дефинитивно има различни адети секаде.
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    11.212
    Пол:
    Машки
    Ај едно вакво прашање
    1. Колку ве чинеа сите трошоци поврзани со свадбата? (ресторан, сликање, музика, бурми, матичар, фустан, одело за мажот, декорации)
    2. Колку собравте од пликоата?
     
  15. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам колку ќе соберам, а за трошоците не ме прашувај.
    Рационално ги бирам и се е 60% покачено од минатата година.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    11.212
    Пол:
    Машки
    Тоа и јас приметив. Претераа со поскапувањава. Ќе почнат луѓево веќе алтернативни прославувања да прават, како домашни забави, или во изнајмени дворови како низ светов. Греота е луѓево кредити земаат за свадба и наместо да почнат со добар капитал за старт, они почнуваат со долгови.
     
    На Irenaiki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Noira

    Noira Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Мојата беше пред скоро 7 месеци и искрено, мање-више на нула сме, можеби некои 2-3к евра во ќар.
    Е сега, зависи и до бројот на гости. Ние имавме голема свадба (нашите запнаа да викаат сѐ живо пошто јас едно дете, тој прв што се жени во поширока фамилија, па јашааа) од околу 300 души и како што се сеќавам, одеше вака:
    Ресторан - 4-5к за сите гости
    Сликање - 650 евра
    Музика - 1600 евра (+ башка бакшиши дента)
    Бурми - 500 евра за двајцата (не ги ни носиме сега)
    Матичар - 100 евра (дека идеше на локација, во општина е поевтино)
    Фустан - 1.3к евра (соленко, ама вредеше). Првиот го земав околу 600 од шивачка и се испокина, па сиромавиот дупло плаќа на недела дена пред свадба, нели :D
    Одело сосе чевли и сѐ - 400-450 евра, со две кошули за мењање
    Декорации - 400 евра сѐ на сѐ. Тука ни се посреќи со познаничка за толку малку пари да е фул украсена голема сала
    Тргнете си и едно 500-600 евра за поклони за кумови, побратимци, девери... крај нема. :D

    Секако, ова не е за Скопје, мислам таму поскапо е дефинитивно. :)

    Според мене, мноооогу непотребни трошоци и глупости. Јас би правела само регистрација и вечера со 60-70 луѓе, ама мојов и неговите се потрадиционални, па ајде компромис да е фул свадба, само без сите додатни бош адети.

    Другарка спрема сега и гледам дека цените се драстично поголеми од пред само неколку месеци. Ужас.

    Со лесно и со среќа на сите. Ви посакувам многу живци. :sweat:
     
    На FlirtBerry и EvAngelos им се допаѓа ова.
  18. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Женски
    За да изнајмам двор во вила ми побараа 1500евра плус кетеринг плус келнери плус украсување од 0 пак горе доле исто ќе излезе.
    Мене ми е околу 9к еур во ресторантот за сите гости околу 300 ќе се,
    300е за доукрасување, ресторантот има украсено во цената нешто симболично,
    фустан 1100е,
    оделото не сме стигнале ама толку и планира мм околу 500е,
    бурми 800е(го фатив златото кога падна),
    музиката ќе биде околу 2000е, толку побараа,
    скратив на покани пошто исто беа по скапи и земав неколку симболично да имаме, home made ќе правам за гостите поклон пред сите што се дава тоа пошто сакав нешто различно да биде, да не се класика се исто,
    сликар 900е и тоа не сакавме да се сликаме со гостите и ни бараа плус 500е ама 500е немам фазла да мавнам во воздух така да ќе си се сликнеме и плус што ќе ги дарувам кумовите, ама тоа ќе биде со нормална сума на пари и дополнителни трошоци за китенки, па кетеринг дома, да не ставам шминка и фризура и нокти и се и опа куп пари.
    Сакавме ние како пар да си прославиме само со 150 гости од двете страни ама нашите дома тупнаа нозе и не сакаа, сака поголема свадба, да беше до нас искрено подобро ќе им кажеме дадете пари и да си тераме, ама не, свадба голема мора да има...
    Ова се цепкано да штедам на некои дополнителни трошкови, инаку така ако се опуштам куп пари ќе ми отидат.
    Инаку нашите си штедат цел живот за вакви работи, за среќа не се заглавени по кредити, затоа и сакат да направат.:f:

    Благодарам од срце, живците ми се отидени веќе, стресен период е, ама што викат сите, ќе чукне тапанот и ќе поминат нервозите.:f:
     
    На EvAngelos и Noira им се допаѓа ова.
  19. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    2.338
    Пол:
    Женски
    Дали вреди на првиот танц да ги нарачаме оние ниски облаци и балони? И колку чинат?
     
  20. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    3.709
    Пол:
    Женски
    Мене лично многу ми се допаѓа, ефект на слики, видео дава посебен шмек.