Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Miss20

    Miss20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мака 1

    сакам да ми помогнете како во најбрз можен рок да ослабам ....... Неможам да се воздржам од храна ...:/
     
  2. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    Мака 1

    Па добро бе женска од кога ти е закажана свадбата, па дури сега толку набрзина сакаш да ослабиш?
     
  3. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Мака 1

    Де бре ама ја нападнавте! Ако и мака, мака и е, не е ништо страшно. Мисс20 ако носиш венчаница нема зошто да не ти ја шијат. Сеедно иста ќе биде како таа што си ја видела, само шиена по твои мерки. Тоа сите невести го прават, веќе изготвените фустани се со прашина и носени по ревии..па ќе треба хемиско, па кратење или продолжување..Уживај не се замарај, сите невести шијат и ги добиваат истите фустани што ги има на излог :)
     
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Мака 1

    А зошто не си сошиеш ист таков фустан како што си бендисала.Тоа нема да се познава дали е шиен или е дирекно купен.
    Жими Мака 1.
     
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Мака 1

    А што е мака 2 ? :rofl: :rofl: :rofl:
    Убаво ти кажаа погоре или ослаби ако свадбата не ти е за брзо време,или ко и сите сошиј ја истата венчаница што сакаш да ја купиш а не те збира во нејзе.
    Трето решение на Мака 1 нема. :rofl:

    Никој неможе да се возджи сигурно нема да умираш од глад за една свадба,ама намали со јадење почни да се храниш поздраво,стај се на диета,почни да вежбаш,отиди во некој од салониве за слабеење што се. Знам многу девојки пред свадбите што одат во салон па масажи,целулити топење,кавитации и не знам што уште не.
    Ете ти едно решение за тоа,мада што би рекла мајка ми секогаш кога зборам со нејзе за дебелина
    -Керко се додека јадеш нездраво и многу количински ке се дебелиш.Престани да јадеш глупости и почни да се храниш здраво ке видиш како ке ослабеш.
    Еве ти го позајмувам советот на мајка ми ако мислиш дека ке ти заврши работа. :D
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.131
    Пол:
    Женски
    Мака 1

    Пробај ја УН Диетата, на форумов имаш и тема за неа, во Диети е. Пробуричкај ја малку повеќе таа тема и ќе видиш дека можеш, а поготово ако имаш барем 3 месеци до свадбата, а сигурно имаш, не верувам дека на месец дена до свадба ти имаш птоблем нерешен со венчаница. Обиди се да и одолеваш на храната, особено на онаа која не треба да ја јадеш, стави си во главата што сакаш да постигнеш. И не знам зошто со толкава резерва кон шиеното, или можеби сакаш да изнајмиш, не да ја купиш, во тој случај ќе си имаш мака. Мислам дека белиот фустан од соништата е вреден за вакво искушение ;)
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Мака 1

    Miss20 , најпрво честитки :clap:
    А инаку за маква твоја, мислам дека I.vana убаво ти кажа, и слаба да си била ако ти бил широк фустанот ќе морало или да се преправа или ист нов да се шие.Така да не се оптеретувај со тоа. И ако си решена за одреден модел тогаш соши го по своите пропорции.
     
  8. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Мака 1

    Тие ти се двете опции-да си купиш или да шиеш. Штом велиш неможеш да најдеш како за тебе,останува да шиеш. Ке си најдеш некој подобар шивач,можеш да прашаш на форумот препораки и предлози за таа работа,во твојот град,па макар и некој град блиску до твоето место и готово. Не ја прави сложна,не викај тврдо не,глеј да си најдеш чаре.
     
  9. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Здраво девојки,

    Спремаме свадба на сестра ми, па ме интересра, дали знаете каде се продава “Книга на впечатоци“, или “Guest book“ ?

    Ви благодарам, поздрав :hug:
     
  10. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    На интернет имаш 100% и тоа не се скапи...провери на e-bay

    Инаку, другарка ми имаше такво нешто ама од странство, може имаат тука овие атељеава што организираат и декорираат свадби. еве ти линк од Елена, Fancy Marriage па прашај ја во инбокс

    http://www.facebook.com/elena.fancymarriage?fref=ts
     
  11. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Прашувавме по цвеќариве што декорираат, ни рекоа дека доколку ни ја декорираат салата, ќе сме имале и книга, ама сестра ми сака сами да си правиме. Разгледавме на е.bay, некако тоа ни остана последна опција, доколку не најдеме овде. Па затоа прашав дали на некое место се продаваат, gift shop, книжара или слично... А сега ќе ја прашам и Елена Fancy.
    Ти благодарам на одговорот :hai:
     
    На teletabis4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Досега во МКД не сум видела да продават такво нешто, и да имало тоа сигурно биле нарачани по интернет или самите си изработиле.
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Океј, незнам во други краеви дали уште се практикува оваа традиција. Сакав да ме посоветувате.
    Чејз ( чеис ) незнам како е правилно, треба да си однесам онаму каде што ќе се омажам. Проблемот е што местото каде ќе живееме е средено тип топ и веќе немам потреба од ништо. Ни да заменам, се е ново.

    Што би можела да однесам ако се земе во предвид дека јоргани и слични ствари ама навистина не ми требаат ?
    Размислувам да побарам да ми ја средат бебешката соба.
    Ова на крај каева ќе се реши на семеен собир дури по 2 недели, но не би сакала да седам на маса неинформирана и без предлози. Па вашите се добредојдени.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.131
    Пол:
    Женски
    Стронгр од кого ќе побараш тоа со собата? Мислам дека чеизи више не играат игра, мајка ми демек ги собираше од мене и од сестра ми сите работи кои ни ги донеле за матури, полуматури и демек ќе сум ги зела, како да не, едни никакви прекривачи за гарнитура, со ластици, со цветови, а златни па шо се :x Е сеа ако имаш нешто поише да си однесеш, јас лично планирам да си однесам тоа што ми е ептен лично, гардероба, нешто од слики и цртежи што си имам од средно што ќе си ги урамам, имам убави ќебиња од матурата кои самата си ги нарачав, злато немам да зимам па нема ни да земам тоа. Ако веќе има се, твоите ако се волни да ти ја средат собата за бебушко ќе биде супер, таман и ти да не се осеќаш грдо, демек си дошла на готово. Инаку јас веќе 10 години живеам сама, па скоро се си имам со себе, дома одам на гости и не се осеќам дека има работи кои треба да ги земам од дома, ниту пак сакам да носам мои работи дома да ми седат. Да не бидам Офф, мислам дека ти е добра идеата да им предложиш на твоите тоа, да бидат од корист :D
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Е па моите напнаја дека тоа е традиција и ќе се почитува. На мене си останува само да си одберам што. Ќе видиме, ќе ви пишам кој е планот по 2 недели.
    Инаку јас уште живеам со моите. Мајка ми инсистира на тоа да не земам ништо од дома, од моите работи. Ќе купувала се ново. Мене тоа ми одговара, неможам да речам не. Ова се однесуваше на делот од личните работи. За прекривачи и слични небитни работи, нека купи, нека си прави кеф, не ми смета ако тоа и е желба. Матурантка бев оваа година и не ми донесоја безвеза работи за низ дома, освен бабето што ми даде миле плетено за на маса..ама за тоа се пожалив во соодветна тема.
    Ајде не досадувам повеќе ( аха дури не ми текни да прашам нешто ново ]:) ). Толку.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ^ Ако терате по традиција тогаш невестата носи спална соба кај младоженецот :wasntme:
    Ако терате по традиција тогаш однеси си нешто што навистина ти треба и ќе ти користи. Не купувајте и не фрлајте пред рака пари. Отиди таму, заживеј :) и со тек на време ќе видиш што ти треба и фали.
    Абе домаќинлук се прави цел живот а не преку ноќ :$
     
    На marceperce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Знам ама ја не би да си купам спална. Посебно не да ја сменам оваа што ја имаме. Штета би било, не е употребена, нова е и убава. Затоа сакам нешто друго.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.131
    Пол:
    Женски
    Стронгр не знаеш колку ми е мило за тебе, абе ко за сестра да ми е мило, па и колку си скромна, чудо невидено. А толку си млада, ја мислев си постара и од мене, по муабетите делуваш толку зрело. Девојчињава кои на 20 викаат дека се незрели треба да учат од тебе.
    Инаку да не бидам Офф, ако мајка ти сака да тера традиција нека тера па, шо се сеќираш. Наместо спална нека ти ја опремат комплет собата за бебушле, што се вика додека не му збрлават бубачките у глава да си бидеш безгрижна, односно додека не порасне. А за постелнина и тие ствари, па нека ги купи, мајка, се радува. Ти само да не се нервираш мила, за другото не е битно ;)
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    XstrongerX,прво ќе речам честито и браво за чекорот на лудиот камен(бракот)
    чеиз како чеиз може да се смета се што ќе си земеш од дома,кај мене мама тоа го смета она што ќе ми пратела и некои мои лични работи и подароци што сум ги добивала.
    Порано чеизите се правеле во посебен ден со посебни ритуали, како дума,блага ракија,носење венчаница...и слично. Денеска тоа се прави симболично колку да се одбележи со самиот чин на пренесувањето на работите и останал поимот чеиз. А не дека нешто посебно му се придава значењето.
    Тоа со спалната соба не се смета за во чеиз, тоа се вели, свекор дава куќа а дедо спална.
    Идеата за детската соба, е навистина добра идеа,зошто мајка ти би фрлала пари на работи кои не ти требаат,кога истите тие можат да се вложат во собата за бебето :) Со среќа уште еднаш
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    XstrongerX честитки...и само напред...
    Ако ти е таму средено нема зошто да се истргнуваат твоите со спална.Ќе ти требаат пари за свадба.Друго идејата за детската соба е убава но за мене е преранета.Ме сфаќаш што сакам да кажам.Ако имаш пари денес куќа се прави за еден месец а не пак соба.Уживај во бременоста и со идниот маж.Полека сталожено размисли што сакаш.Овој месец ти текнува тоа ама кога ќе отидеш таму можеби ќе излезе нешто друго.
     
    На Mikako и XstrongerX им се допаѓа ова.