300 евра се едниве, малце ко за вАздух пари многу ми се гледаат А ние надвор во градина ќе го играме танцот такада мислам немаме потреба
И јас сакав такви, ама малку ми се преценети, не ми се дава и мене пари за во ваздух. Обични балони со хелиум се, затоа се поскапи.
Јас зборав со неколку фотографи и рекоја дека многу лошо било за нив за сликање маглата, ама сепак сликите многу убаво изегуваат. И ние уште се мислиме дали да плаќаме и за тоа за 3 минути 300 евра.
Според мене за 300 евра не вреди да се купат балони. Сликите од танцот и онака се едни од најубавите, особено ако имате „пози“ со кревање, бакнеж, некои вртења. 300 евра за 3 минути in this economy - НЕ барем за мене
Вака изгледаат, балони околу вас наредени и пукаати летаат во воздугот. Потточно поголеми балони се и внатре имаат помали балони и тие летнуваат во воздух кога пукаат. Обично за време на танцот ги ставаат. Убаво изгледаат ама мислам дека 50еур од балон е, а да ставиш еден не изгледа убаво. Треба барем 5/6 да има околу вас. Не знам дали убаво објаснив, валда ме разбра.
Те разбрав и асален фотограф може во Фотошоп 4 пати поасални да стави, за многу помала цена. Нашле па зашле студиава.
Пред 100 години правев свадба, и отприлика на нула бевме- колку потрошивме, толку добивме. Скромна свадба според денешни стандарди- нит видео (само класични фотографии) нит балони, нит гулаби... и помалку од 100 гости.
Нереални цени имаат, дефинитивно. Бараат по 800/900 евра да ти дојдат дома и да ти ја снимат свадбата. Дај те молам, што ти нуди толку за 800 евра?! Со златен апарат да не сликаат.
Самата сум фотограф (до душа не свадбарски) и од она што можам од мое искуство да кажам, најмал дел е самото фотографирање. Обработката (зависи колку, како) одзема МНОГУ повеќе време. Сега не знам за свадби како одат работите, колку слики се обработуваат итн. јас лично не давам необработени слики, 10 или 50 или 100 да се, ќе бидат обработени. Не ми е професија, хоби ми е, но кога веќе ми бараат цена давам таква, зависно колку сметам дека ќе има потреба од обработка. Сега не е исто да средиш светло само, и во фотошоп да додаваш облаци и чуда, зависи што бараат младите треба да е соодветен пакетот мислам. Од она што мене по свадби ми давале слики од влез, тие слики 100% не се воопшто обработени и за мене е една од најтапа работите кои воопшто постојат (и на која не би се нафатила како фотограф).
Те разбирам, знам дека обработката најмачна е. Сум гледала како оди процесот. Братучед мој е фотограф, нема да ми слика на свадбата пошто е поканет, гостин ќе биде. Мене замерката ми е што од минатата година цените им се за 60% качени. Ептен претерано. Инаку важен дел зазима фотографирањето, пак после некоја година кога ќе седнеш ќе сакаш да си се потсетиш на свадбата. Во глобала еве јас не ни барам некои ефекти, сакам тоа што е на свадбата тоа и да биде фотографирано. Се прашувам да барав повеќе колку ќе ми ја покачеа цената.
Не им ја знам нивната математика, немам студио и не се бавам со свадбена фотографија, затоа не ни навлегувам. Мислам дека прескапо е во однос на тоа дека нема некоја обработка на фотографиите (барем од свадбиве кај што сум гледала слики) баш е минимална корекција на светло и боја. За сериозно едитирање на 200+ слики (подразбирам фотосесија) не би рекла и поскапо да е ништо, само баш ретко гледам таков производ, освен кај одредени студија кои и коштаат сериозни пари.
Clenki vo dilema sum okolu kolku svekji za vencavanje vo crkva treba? Znam deka za kumovite i starosvatite no dali treba i za deverot i za nas(mladite)?