Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.340
    Пол:
    Женски
    Кумовите планирам по 100€, пошто се 4ца, со ќерките ќе се, на ќерките по 50€.
    Деверот 100€ и старосватовите по 50€, они се двајца.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubiška

    Bubiška Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Се мислам да не е малку по 50е на старосватовите,а на деверот 100е.
     
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.340
    Пол:
    Женски
    И јас мислев ама ме советуваа сепак дека деверот е сам плус ги купува штиклите плус плаќа сам во црква и затоа, а старосватовите немаат некоја голема обврска, што знам.
     
  4. Lenaa__12

    Lenaa__12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Ние на старосватите и на кумовите им дадовме по 400е а на деверот 100е.
     
  5. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.340
    Пол:
    Женски
    На секој посебно по 400е?
     
  6. Lenaa__12

    Lenaa__12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Не, вкупно 400е на старосватите и вкупно 400е на кумовите. Старосватите беа двајца, кумовите беа двајца возрасни и две деца. А и кумовите и старосватите на нас ни дадоа по 500е подарок за свадба.
     
  7. Sekercetotami

    Sekercetotami Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Luliste siprom do policiskata na bitpazar imaat se i videte magazine bsj 5min peski se od luliste. Imaat i stranici na instagram
     
  8. Sekercetotami

    Sekercetotami Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Nie na kumovite im zemavme od mona isto i za starosvatite na deverot mu kupivme zlatna alka, nasite kumasini ni dadoa vaucer od my time
     
  9. Shine13

    Shine13 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Планираме да им го дадеме поклонот кога ќе го каниме. Дали невестата и младоженецот треба по половина да ги делат трошоците за поклон на кумовите и деверите?
     
  10. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Да, јас и сопругот по пола ги купивме подароците за кумовите и старосватите. Само за деверот купив посебно затоа што деверот ми ги плати чевлите за свадбата :D
     
  11. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.340
    Пол:
    Женски
    Како ќе си одлучите.
    Јас скоро канував, мм го купи вискито, јас платив во цвеќарата.
     
  12. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    5.741
    Пол:
    Женски
    Ние старосвати немавме. Не знам зошто. На девер не памтам, дарував не знам колку. Одамна беше. На кумовите ми рекоа обичај е само невестата да дарува. Дадов на кумата и кумот по 100€. На синот нивни 50€. Они на нас поклон 300€.
     
  13. Tasiii21

    Tasiii21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали свеќите од свадба што се од црквата потоа ги палевте во друга црква и дали тоа треба да го направат мажот и жената
     
  14. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Нас ни кажаа да ги запалиме за Младенци. Ги заборавивме скроз и еден рандом ден ги запаливме во истата црква каде што се венчавме затоа што ни беше најблиску.
     
  15. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    И јас така знам, невестата ги дарува. На мојата свадба јас ги купивав подароците за кумови, старосватица и девер.
     
  16. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој женски пазар дали работи попладне? Колку отприлика материјал треба да земам? Колку пари е? И колку се свеќите за во црква?
     
  17. Shine13

    Shine13 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Невестата кога излегува од дома го води првото оро? А потоа во хотелот кумот го заигрува првото оро?
     
  18. WonkaMonkaa

    WonkaMonkaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2024
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Венчавка и крштевка ќе правиме и целосно се ќе си платиме ние со сопругот. Дароците за законитите исто така. Е сега дали јас треба да ја прашам кумата околу нивниот дел.. материјал, бидермаер, торта и кој број алишта за крштевањето или сама треба да ме праша?
    Мајка ми веќе порача торта за од нив. Свекрвата порача погача, а за торта не знаела што да прави, што според мене е многу глупо оти освен трошоци за погачата не ни има. И сега за една торта ќе се глупира дали требало да ја купи или не(facepalm)
    За поклон да не прајме ни муабет тоа нема ни на сон да добиеме знам. Туку сакам да видам за малава што ќе подари, како прво внуче^_^
     
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.497
    Допаѓања:
    193.423
    Абе кога е вашата свадба?
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    6.501
    Глупаво е ти да ја прашаш. Она ги дава парите, она си одлучува. Реално таа треба да те праша тебе. Ако воопшто не го направите муабетот би те советувала да си спремна со нешто во торба за бебето за да го облечеш и толку.