Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    5.488
    Пол:
    Женски
    Се изгубив од оправдани причини, инаку поминаа, 06.06 беше! Топ помина, сега сфаќам дека џабе сум си кубела нерви кога тапан ќе чукне, се се заборава. Тука сум да кажам импресии!!
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    193.957
    Золва дојде ли?
    Се роди ли бебето?
     
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    5.488
    Пол:
    Женски
    Золвата беше, дури на орото беше прва, после два дена се породи. :D
     
    На Mumoftwo30 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  4. Skiki1357

    Skiki1357 Нов член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јас и вереникот сакаме да го одбележиме денот со најблиското семејство во некоја од скопските кафани/ локали. Не сме ни двајцата таму и немам идеја каде би можеле да резервираме за мини прослава, па доколку знаете ве молам да споделите. Со надеж дека времето ќе е се' уште пријатно и топло (крај на септември), замислата ми е одвоена маса посебно дотерана средена (околу 15/20 души) во двор, градина, тераса од некои од кафаните. Со пријатна македонска музика (чалгии или слично, без српски жалопојќи, тепачки за музички желби и слични сценарија) зеленило, вкусна храна со нормални и прифатливи цени за денешно време. Можеби знаете или имате некои други интересни идеи, предлози да споделите ?
     
  5. Lovis

    Lovis Нов член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Здраво! Изнајмувам два одделни цветни аранжмани за свадба, по цена од 5000 ден. Доколку се вратат во неоштетена состојба, добивате поврат на средства од 1000ден.

    Пишете во порака ако сте заинтересирани :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    Ореов лад за место. А бенд не знам. Оваа сабота ќе одам на свадба па ќе кажам ако бидат добри.

    инаку пишував претходно за колку да ставам во плик затоа што знаев дека ќе ме поканат. Одлучивме 50€. Може малку звучи, ама сите што ги прашавме од друштво исто рекоа.
     
  7. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    13.626
    Пол:
    Женски
    Ако може да пише некоја членка (може и лп) како логистички да се организира најдобро целодневна свадба кога од подалечни места се младоженоците, а притоа да има време за музика кај зетот, музика кај невестата, црква и ресторан?

    Зборувам на пример (хипотетички случај), зет од Прилеп, невеста од Куманово, ресторан во Прилеп. Од старт 4-5 саати пропаѓаат во возење кога се оди кај невестата и назад. :?:
     
    На Ne znam koj му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    5.488
    Пол:
    Женски
    Јас и мм сме од различни градови, свадбата ја правевме во мојот град.
    Прво теравме целодневна свадба.
    Друго, не сакавме да се малтертираме оди, дојди и да губиме во часови. Матичното го правевме порано и беше во неговиот град, ресторант и црква беа во мојот.
    Многу замерки најдоа бабите од неговата страна демек било срамота кај невестата да се прави свадбата, личело да биде кај машкото. Како па да не, кој каде му одговара таму.

    Така да, според мене, најреално е да се прави свадба во ваков случај на местото на невестата.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    45.286
    Пол:
    Женски
    Не знам ни од каде да почнам ама најпрвин ајде да прашам: што од декорација имавте спремено за дома кај младоженецот? Нешто конкретно што треба да се запази? Дали треба да се спремаат китенки за старосват, север итн. кога доаѓаат кај младоженецот?

    Размислував за декорација на врата, на главен влез и тераса, а дома секако ќе треба да организираме кетеринг, претпоставувам тие се занимаваат и со декорации на масата.:?:
    Буквално секоја идеја/совет е добредојден.
     
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    19.924
    Пол:
    Женски
    За дома кај младоженецот не требаат китенки, тоа е се кај невестата.
    Декорација кога правеше брат ми свадба, надвор имавме венче за на врата порачано, и по некоја машна ставена, ништо специјално, нормално и не пренатрупано.
    Кетеринг исто така имавме дома, ама брзо помина времето, дали 2 часа беа, и заминавме. Ништо конкретно не треба за дома кај младоженецот.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    45.286
    Пол:
    Женски
    Фала ти!
    Да, знам дека ќе биде кратко особено поради тоа што нѐ чека потоа пат со коли, ама на мисла бев дали треба и ние самата маса да ја декорираме или сето тоа ќе го средат од кетеринг.:?:

    Од декорации планиравме на главен влез, над вратата, на балкон и по некоја машна/цвет тук и таму низ дома, веројатно ќе е доволно.
     
    На FlirtBerry и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    19.924
    Пол:
    Женски
    Не ти треба ништо друго да декорираш, доволно ти е тоа на врата и по некоја машна. Кетеринг се ќе си намести и собере, после тоа. :D
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Vidi vo Marger
     
  14. Tina Tina

    Tina Tina Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Ми требаат препораки за кетеринг, слаткарница и цвеќара во Охрид за една помала свадбена прослава. Бидејќи сум од Скопје, не сум многу запознаена со понудата во Охрид, па би Ви била благодарна доколку споделите ваши проверени препораки и искуства.
    Многу Ви благодарам! ❤️
     
  15. ThrinaMist

    ThrinaMist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со некои организатори/ евент планери на свадби да препорачате од кои сте биле задоволни?
    По која цена отприлика се движат тие услуги?
    Јас сум во странство па ќе ми треба некој што работи со тоа но посветено макар и да е поскапо бидејќи нема да можам да одам во Македонија многу често и да организирам сама
     
  16. Mone1994

    Mone1994 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2025
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали знаете со сигурност каде има вакви бонбони да земам?
     

    Прикачени фајлови:

  17. taciiitaciii

    taciiitaciii Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    19
    Здраво, кажите ми некој кои што би можел да ми направи исти вакви, одприлика 350 парчиња ми требаат
     

    Прикачени фајлови:

  18. dejna1

    dejna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    12

    Здраво, вчера порачував од тука, 60 денари е парче.

    https://www.instagram.com/littlecandle.mk?stkn=Zml3YTRramVmeGp1
     
    На taciiitaciii му/ѝ се допаѓа ова.