Девојки , фала ви на убавите желби. Овие моменти како да се посреќни кога ќе споделам со вас. Чеиз порано, барем како што знам јас се спремал уште кога девојката била мала. Се состоел од везани и плетени работи, рачно изработени. Чаршафи за на маса, постелнина и слично. Оваа традиција со спалната е како понова. Во право сте јас како да избрзав со се. Ама не сум крива бе јас, моите инсистираат да се решат овие прашања што поскоро. Ѕиркав преѓе срамежливо во темата за бебешка соба, па украдов некоја идеја. Се надевам добро ќе излезе.
стронгер честитки и од мене, со најискрено срце ти посакувам многу среќа и љубов во бракот. што се однесува на твоето прашање во врска со чеизот мислам дека не треба да се оптеретуваш многу,слушај си ја мајкати во врска со тие работи бидејќи најдобро знае што му е потребно на едно домаќинство. плус тоа немора се да однесен наеднаш. ќе видиш што ти треба и полека полек ќе си средуваш. со оглед на тоа што си многу млада мислам дека помошта од родителите ќе ви биде добродојдена. Инаку и мене мајка ми ме тераше да си го земам чеизот што ми припаѓа и што го собирала со години но јас зедов само неколку ствари што ми се потребни за во станот како чаршави навлаки итн. и до ден денес ми стојат ставрите кај мајка ми и секогаш барам ако ми притреба нешто. што се однесува на спалната и кај нас родителите купуваат спална ама ние сами си купивме( ситуацијата е подруга кај нас не сакаме од никој ништо и плус возрасни сме работиме). како и да е немој да дуплираш работи што веќе ги имаш а нема да ти требаат. кажи им на твоите како размислуваш и мислам дека се ќе се среди. голем поздрав и уживај во подготовките.
Здраво, пак јас. Ќе досадувам во темава некое време, дури да се омажам. Имајте трпение Глупаво прашање, ама никој не ми даде соодветен одговор Во ред е невеста да носи црвени штикли ?
KLS Свадбени прослави, ги има на фејсбук! ...и јас ги барав, ми дадоа некоја цена од 250 еур само за осветлување на салата, плус 100 еур за оној фалоу спот - рефлектор шо те следи при првиот танц и при носење и сечење на тортата. Се мислам и јас, ако најдеш поефтини пиши ми обавезно ЕДИТ Која цена ја доби од Студио Фантазија?
Фантазија ни понудија некој си ВИП пакет, 500 евра Машини со магла, прожектори со имиња, ласери за ѕвездено небо, фалоу спот, рампа на бината кај бендот и посебно осветлување на бендот, внатрешно осветлување на невестинска маса, и осветлување на сите маси....
Па тој ВИП пакетот содржи се и сешто. кажи им ти што точно ти треба и може ќе ти дадат понормална цена А можеш и да им го кажеш твојот буџет па да ти дадат понуда според тоа.
И јас нема да носам бели чевли,зошто според мене многу ретко можеби и никогаш повеќе нема да ги облечам, па во план имам да носам крем или сиви,зависи што ќе ми одговара повеќе.
Веќе не ми е ни гајле. Многу почнало да ме интересира што мислат луѓето. Разговарав со мажот ми, рече дека идејата е претерано секси Црвени ќе си носам, веќе си бендисав едни. Одговараат, и онака сакав црвен бидермаер, тој ќе носи црн костум, бела кошула и црвена вратоврска.Мојот фустан ќе биде бел.Така да мислам дека е несекојдневно и практично истовремено. Црвени веројатно повеќе ќе ги износам отколку на пример бели, или полошо...класично бели сатенски
Јас носев шекер боја чевли или како и да се вика бледо розеви и не се ни гледаа така да каква желба имаш ти да си ја оствариш )))
Леле Стронгр колку ќе бидете секси, а може и марамче црвено во палтото да му ставиш, абе милина. Ти препорачувам и оние китенките што ќе ти бидат, за зетот да ти биде баш со црвена ружа, ако не ставаш марамче црвено се разбира, во последно време не ставаат. Прво си помислив кога напиша црвени штикли, абе на што ќе одговара, ама после ми текна дека на сестра ми венчаницата изобилуваше со бордо детали, шал, машна на грб, брош кој го зафаќаше цел преден дел, се беше бордо и изгледаше претерано секси.
Другарка ми си носеше сиви штикли и сива чантичка, а фустанот и беше бел со сребрени детали. Преубаво изгледаше во таа комбинација, а уште поголем плус е што и штиклите и чантата си ги износи после свадбата. Практично ептен
И јас ќе носам чевли во друга боја....виолетови или шеќер боја, зависи која ќе ми одговара. не сакам бели чевли не само пради тоа што нема никогаш повеќе да ги облечам, туку и многу сакам да избегнам се што е клише и да бидам штосна невеста, несекојдневна
Една моја колешка имаше свадба пред нецел месец и таа ја имаше баш твојата комбинација и и стоеше преубаво. Нема воопшто да згрешиш ако се одлучиш за неа.
Ај и јас со моите неинформации.... Кога се закажува во матично, дали мора и двајцата да одиме? За тие уплатници, изводи, и се останато што и да е. Триста пати им звонев за секакви глупости и ги добивав без проблем, а сега никаде ги нема, веројатно насетуваат дека за глупости ги барам.... Јас имам проблем со излегување од работа, па баш ме интересира како оди тоа.
Сестра ми сега скоро се мажеше и бидејки ни замина во друг град не можеше и таа да оди на секое тамо,па зетот среди све само документите со него и сам секаде закажа и во матично и во црква така да мислам дека не би имало проблем еден од партнерите да појде и да закажи.
Да дадам конкретен одговор на моево прашање, МОРА да присуствуваат двајцата идни брачни другари на закажувањето, бидејќи ги потпишувате записниците. Ние бевме денес и си го добив датумот и саатот што ги сакав!!!