И јас сега брзо ќе се мажам и размислував за бојата на чевлите и бидејќи фустанот нема да биде класичен невестински, туку ќе биде во шампањ боја и елегантен, планирам да земам кремасти штикли или евентуално некоја друга боја само незнам која друга боја.И бурмите се проблем, златото прескапо мислам дека 22 е грам и сите поубави што ги видов беа над 20.000 ден една.Незнам дали да земеме класични бурми или од сребро, тоа гравираното што изгледа како бело злато.Сите ваши предлози ќе бидат добредојдени.
не знам каде сте гледале толку скапи бурми, ние нашите ги купивме 10.000 денари двете, додуша пред 4 години и тоа од бело злато. Видете во Турска чаршија, има еден куп златари и најразлични модели на бурми.
Сигурна си за ова? Не сум баш од Гевгелија ама од комшии сум и никогаш не сум слушнала за овој муабет, кај нас, па и Гевгелија викаат Руба на Чеизот, од Руби што значи Облека.
Nice.girl, прво честитки Инаку за чевлите најмал проблем,земи некои што и понатаму ќе можеш да ги носиш... А за бурмите,прошетај ако не малку повеќе,отиди до чаршија ако не си била таму. Мислам дека можеш многу поевтини да најдеш.
Babymama - Бурмите пред 4 години биле навистина 10000, со оглед на енормните ненормални поскапувања , сега, златото е дупло, можеби и повеќе поскапо од тогаш. Нам ни се допаднаа една женската беше 14 000 а машката 16 000, па изгледа дека тие ќе бидат наш избор. и само да напоменам, брат ми исто така правеше свадба пред 4 год и бурмите ги платија 12 000 - двете.
Благодарам, Snow-Queen,побргу и на твоја глава. Инаку бурми гледавме кај нас во Куманово и солени се цените доста,а за чевли денеска бев пак и ќе си купам во крем боја да можам и потоа да си ги комбинирам со друга облека.Овие денови треба да одам во Ск. па ќе погледнеме и таму.
nice girl честитки и од мене. бурмите се навистина скапи денес а квалитетот не е секаде ист. јас мојата бурма ја купив од златарна целје во трговски и чинеше 6500 денари. обична класична бурма од бело злато. има и многу многу поскапи ама јас не сакав да давам толку пари за бурми плус оваа ми беше многу погодена. исто така види во голдмак по 6000 денари беа бело злато. значи зависи од големината и тежината и што барате но еве јас ви ги препорачувам тие 2 златари за убави и елегантни бурми. поздрав и со среќа
Аманте бе жени кај ги најдовте за тие пари Низ Битолава шетав вчера, ќе шетам денес и ќе шетам и утре. Вчера и денес со мајка ми , утре со сопругот. Бурмите класични се околу 12 000.Ништо посебно на изглед. Ланецот кој го бендисавме за мажот ми 39.000 ама полн, тежок. Целиот накит ќе биде бело злато, и мојот и неговиот. Искрено мислам дека ја претерале со цените, уште кога видов дека еден солиден веренички е исто пари со бурмата. Успат да се пофалам дека си бендисав комплет од ланче и белегзија за неверојатни 29.000 денари, што е скромно во споредба со комплетите од 50.000 Сериозно, косата ми се крена кога видов за ептен безвезални работи цени по 1000 евра.
Стронгер,многу претеризам цениве бе А време до Скопје да тркнеш до чаршија,имаш? Јас мојот комплет го зедов 200 евра,ланче бело злато тенка сајла со менѓуши,беше 15 000 ама пошто и бурмите ги зедовме од таму ни дадае попуст 50 евра Јас незнам какво ланче сакаш,ама оние дебелине синџири со алки ми се одвратни,па затоа се одлучив на вакво,нежно,секојдневно петка ми се погоди. А и бурмите с е поевтини тука,до 8-10.000 ќе си најдеш солидна бурма.
Не е нешто WOW,баш секојдневно е. Ситни сајли поврзани меѓу себе, нежно и секојдневно. Не би одела накитена како албанска невеста, простете ме не мислев да навредам. Не ни носам многу накит, па сакам малку работи ама да се навистина убави. Бурмата сакам да биде во со камења, некој сваровски стил, еве баш вака.Убаво ќе изгледа заедно со вереничкиот. Цените им се претерани, ама Битола е позната по скапото злато. Веќе никој не доаѓа да им купува, ја претераја. Планирам да дојдам до Скопје за скоро.Свекрва ми ме тера да одиме до Албанија, таму било многу ефтино.Само искрено незнам колку се исплаќа, патот не вреди. Многу ми квари планови што неговите се со ограничен буџет за разлика од моите кои можат да си приуштат луксуз во најмала рака. Неможам да предложам компромис од страв да не бидам погрешно разбрана од било кој.Не сакам ненамерно да навредам некој. Во многу незгодна ситуација сум, ама еве во Недела се финалните подготовки за веридбата, а целото злато ќе го размениме тогаш на веридба. Па ќе мора да се седни на маса и да се разговара со отворени карти. Се надевам ќе се најде соодветно решение, ептен тешко ми паѓа секое негодување на финансиски план.
Ние бевме двајцата и колегава мој ме посответува дека било што и да ми треба, таму сама да не се појавувам па така извадив за двајцата изводи од матична книга и отидовме заедно таму за закажување. Е сега, не знам како е за закажување матичар на терен, ама ние пошто сакаме во матичното во парк - отидовме таму заедно и при закажувањето не седнаа како и при регистрација. Бркото не пречека, не седна, одбравме дата и термин, ни отвори досие, ни ги постави прашањата дали сме запознаени со болестите, роднински врски и сл., се изјаснивме за презимињата, бркото си запиша таму, се потпишавме исто како при регистрација...се беше исто, само без сведоци...на едно место прочитав дека вака веќе си формално во брак, останува уште церемонијалниот дел каде пред гости и со сведоци повторно ќе се изјасниш. Така да, штом не можеш да искачаш од работа - не ризикувај да губиш време, со уплатниците, барањето, обавезно лични карти од двајцата и новите изводи од матична книга и двајцата таму ЕДИТ ете јас да побрзам да ти одговорам, а потоа видов дека веќе си завршила работа...ај, на некоја друга невеста може ќе и помогнат информацииве
ние нашите бурми што ги купивме не фатија заедно 400 евра и тоа ефтино поминавме веридба не правевме, свадба исто не само регистрација парите што ги добивме на поклон, и што би ги дале за свадба си ги инвестиравме за нашиот дом XstrongerX најдобронамерен совет е да се најде златна средина со твоите и неговите и да се договорите колку ке можат и двете страни да се потрошат ... А искрено денес во денешно време на оваа скапотија луксуз е да се трошат многу пари за бовчи , златни работи Ај тоа за веридбата , а каде е свадбата ... после здравје детенце ..многу пари ке ви се потребни понатаму Па за домот ах лелее
Ве читам секојдневно, еве денс решив и јас да се приклучам кон ,,пресните,, невести. И ние не правевме веридба, само зборот нели официјално и тоа ММ дојде сам (неговите живеат странство) си разменивме прстени и толку. Свадба ќе правиме во мај, но бурмите ќе си ги купиме претходно, ќе си ги разменеме на денот на регистрацијата. Немаме сега шеткано давидиме но бендисавме Bvlgari и двете исти некаде до кај 500е.
Девојки еве и јас на пролет ќе правам свадба,ве молам доколку може да ми кажете,каде има ефтини покани за свадба или пак предлог за домашна изработке. поздрав
bluberry, честито Инаку за лична изработка на покана можеш да погледнеш во темата за покани, ако не пиши па ние ако имаме некои слики од тоа што ти ќе го опишеш ќе ти постираме.
Само еден предлог - Имам шетано низ златари во повеќе градови и златарите во Кичево се најевтини. Кога ние баравме бурми таму ги најдовме по пола цена отколку во нашиот град. Па доколку сакаш можеш да одиш до Кичево на прошетка.