Епа значи готова си, штом останало уште да седнеш на столот и да те средат, веќе и со музика може да се почне.
знам дека е нормално ова што го чувствувам сега позитивна трема и возбуда и неконтролирани напади на паника и возбуда хахах Најважно ми беше да резервираме хотел и датум а тоа го направивме па сега можам да размислувам за фустан и други детали.. Си почнав од денес на нет да гледам онака ориентационо каков фустан сакам .. треба да прочешлам по продавници да видам дали ке најдам или ке морам да шијам некако наеднаш ми дојде ова , не мислев дека ке правам свадба оваа година , некако во долга врска си се навикнуваш и си тераш до бескрај хахах Ви благодарам девојки за поддршката
Секако дека е нормално, само јас велам кај некој е по изразено, кај некој онака само пролазно Јас бев цела претресена и имав испади баш како тебе Најубаво сте направиле, хотелот е најважен и секако прв треба да се резервира, ама да не ја заборавиме и музиката. Резервирајте си ја и неа за да нема после нервози доколку бендот што го сакате е зафатен. ( не дај Боже )
Здраво, може ли да ми напишете листа од се' што е потребно во врска со свадба - закажана ни е на лето, и воопшто не сум запознаена со тоа што се' е потребно. Инаку, ќе се земеме еден месец пред свадбата, па дали е доволно за да се спремиме за истата или потребно е и порано да се започни? Благодарам
Здраво Џесика Алба, честитки пред се’ Списоците се обично премногу долги, ама ќе се обидам на кратко да ти пишам. Прво неколку пати потенциравме овде во овие теми дека пред се’ е закажувањето на ресторанот. Договорете си се со вереникот каде сакате да ви биде свеченоста и отидете да закажете. Второ е листата на гости. Направете список од гостите, ако не точна бројка барем од прилика да се знае колку ќе имате. Средете си ги документите, уплатете и закажете во матично и црква. Па одлучете се за тоа кое фото студио сакате да слика и снима на свадбата. Па резервирајте го и него. Во врска со декорациите, бонбончињата, китенките и слично, одлучи си дали сакаш да ти ги изработува некое ателје или цвеќара или пак ти самата. Доколку сакаш ти сама да ги изработуваш, ќе треба уште од сега да почнеш. Сигурно си имаш некаква замисла за тоа како сакаш да ти изгледа декорацијата на салата, бонбончињата, китенките..... па затоа слободно можеш едно по едно да купуваш и да правиш. Доколку тоа ќе го препуштиш на некое ателје или цвеќара како што напоменав погоре, не ти треба толку време. Неколку месеци пред свадбата одиш, им кажуваш како сакаш и толку. Во меѓувреме доколку сеуште не сте се одлучиле за тоа кој ќе ви биде кум/кума, старосват/старосватица, девер, деверуша и слично, одлучете се, и најдобро е веднаш да ги известите, сепак луѓето да си планираат. Ќе ја заборавев музиката. Одучете се кој бенд сакате да ви свири и закажувајте го веднаш. Потоа реши ја венчаницата, доколку сакаш да си купиш готова, прошетај ги бутиците детално. Доколку планираш да шиеш најди си модел и распрашај се за шивачки (доколку не си имаш некоја на ум). Доколку планираш да даваш бовчи, направи си список кому ќе даваш и дали ќе ги правиш класични бовчи (со по неколку работи) или еден подарок. И почни да купуваш, полека едно по едно. Со вереникот купете си бурми. Закажи си шминка, фризура, маникир, педикир......... Веќе при крајот кога ќе се знае точната бројка на гости порачај си ги поканите. Во меѓувреме од ресторанот ќе ви дадат шема на масите и столовите, направете список кој кај ќе седи, т.е. смести ги гостите. (една од најтешките работи ми беше ова ) Оф да не заборавив нешто ? Ако ми тене уште нешто ќе прашам, а во меѓувреме ако сум пропуштила нешто некоја Феминка слободно нека ме дополни. Џесика мила уживај во еден од поубавите периоди од твојот живот.
Голема благодарност до тебе Аноук, навистина многу ми помогна, повќето работи воопшто не ми паѓаа ни на памет дека се неопходни за свадба.
Еве вака и јас да дадам некој совет бидејќи и мене ме чека свадба наскоро иако незнам точна дата бидејќи не се замарам многу многу Читам дека сите имаат некои обичаи и адети, де кокошки да се кршеле, де шамивчиња, де погачи, па кумата ли фрлала бонбони, деверот ли купувал свеќи и што ти веќе не, за да не ве боли глава едноставно седнете си со мажето, разгледајте кој од обичаите ви изгледаат логични и тие истерајте си ги. На пример, извинете вака, ама мм да ми крши кокошка пред врата за да не му се летала многу ми е страшно глупа работа и ако такво нешто проба да направи има да лета и он и кокошка надвор низ тераса Направете еден ориентационен список на гости и побарајте ресторани, сите имаат телефон па така што може да им се јавите и да ги прашате дали имаат термин кога би ви одговарал, ако немаат молим лепо - бараш нов! Истото важи и за групата која ќе свири што по мене е најбитна музиката бидејќи сите на свадба одат за да се развеселат, а не да дрдорат какви балони или салфети имало на свадбата. Појдете си во 2-3 цвеќари или атељје за свадба, видете какви модели имаат на китенки, бонбони, венче за на врата и такви работи и според длабочината на џепот одберете, бидејќи доколку шетате на повеќе места само дополнително ќе се збуните. Поискусните што работат на вакви места сами ќе ви кажат колку китенки ви требаат, кој фрла бонбони и сл. Појдете во 3-4 бутици за венчаници, задолжително пробајте бидејќи може баш таков модел кој што не сте ни помислиле да го носите да биде најдобар, а и обратно Ете јас така малце повеќе се распишував ама според мене најбитно е да се сакаме и почитуваме со мм и да не се замарам околу разни адети, бидејќи нема ниту помалку ниту повеќе да се сакаме доколку бонбоните биле од 10 или од 100 денари, или пак китенките биле црвени или жути
Јас изигравав организатор на свадбата на сестра ми, ужасно тешка работа, не знам како воопшто ќе биде за мојата бидејќи има уште најмалку 9 месеци, ама мислам дека се ќе биде во ред. Овде во Скопје е многу тешко со рестораните, речиси и да нема термини, јас имам желба да правам свадба во Лешок, преубаво идилично место, многу ми се свиѓа. Мајка ми нешто ми негодува, ама мислам дека ќе успеам да ја убедам, си имам јас аргументи Ќе треба и музиката да ја дефинираме, најверојатно ќе ни свири братучед ми, по многу мала цена, што е огромен плус, бидејќи сумите од 400 евра па нагоре се ужасно вртоглави, не знам како ќе се снајдевме со тоа. Китенки, бомбони, покани, декорации, се сама ќе си направам и премам, од сега барам модели и видови, од сега си знам што ќе правам така да не ми е тешко многу многу тоа, на сестра ми више ги правевме и така да нема да ми биде непознато. Останува уште да си закажеме за порано матично, што ќе мора од сега тоа, ако не најдеме во Парк термин ќе си идеме во Ѓорче, мислам дека немаат толкава гужва таму. Венчаница малтене знам кој ќе ми шие, но тоа ќе биде некаде дури на крај на лето, да не речам месец дена пред свадба, сакам максимално да го доведам во ред прашањето по мојата линија пред да го облечам тој фустан Адети, јас бев изгорена за зимање од дома, но после она што го видов на веридбата сум се запрепастила, најверојатно ќе пропадне таа идеа, ќе си се упатиме сите заедно сабајлечки накај Лешок, или евентуално од кај сестра ми ќе ме зимаат, не за друго за да се запази колку толку некој адет де, а и така во таа куѓа, на баба ми и дедо ми, сум поминала повеќе од пола живот, па нема да биде страшно до толку. Адети не планирам да терам, сакам се да биде лесно и без многу нервози, да осетам и јас нешто од мојата свадба. Колку од ова ќе остане до крај не сум сигурна, но едно знам, јас ќе се обидам да си го терам моето до крај
Адети не се знае колку. Различен град, различен адет. Меѓутоа кај нас владее нешто што не знам како да го наречам - прифаќање на се’ и што треба и што не треба. Ова со јадење кокошка и погача е толку никакво да не речам (без навреда на тие што го веќе правеле адетот). Јас размислувам вака од чиста причина што тоа не е штипски адет! Прифатен е некаде од околните места. И затоа не ни стануваше збор за тоа.. На нашата свадба немаше никаква кокошка, баница и слично. Немаше ни буткање на врата, онака крвнички, само се направи некој муабет на шала, во смисла - ќе ја давате ли невестата и слично. Немаше пиење на татко ми и свекор ми од каленица вино со нашите бурми внатре, немаше кршење чинии..... Какви се’ адети сум видела по ова фб луѓе Полнење на деколтето на невестата со пари.....доколку сакаш да ми дадеш пари стави ми повеќе во пликото а не вака. Невестата да влезе кај момчето дома со леб под мишка, шаферот да ја пои со вино, невестата кога ќе влегувала кај момчето да расплакала машко дете....И уште многу кои моментално не ми текнуваат..... Џесика сега скоро сите цвеќари и ателјеа имаат фб профил, побарај разгледај... Обично немаат напишано под сликите цена, ама можеш порака да им пратиш ќе ти кажат што колку чини. Разгледај и овде во темата “Свадба“ има многу слики од фустани, декорации, китенки, можеби ќе добиеш некоја идеја. Јас сум на пример голем ситничар. Сакав се’ да биде цаком паком, и важно ми беше се’ да биде во иста боја, се’ да биде ако не од ист барем од сличен материјал. И не поминав кој знае колку скапо (зборувам за декорациите), затоа што повеќето работи сама ги направив со помош на моите дома и другарките. Едноставно ми беше кеф и со песна си работев. Ангел си имаш време, ќе си потераш работа Инаку и јас многу сакав да не доаѓаат по мене од дома да ме земаат. Едноставно не сакав, сакав да дојде само вереникот да ме земе и да одиме во црква, бидејќи ние пред свадбата се регистриравме. Имав како некоја трема и паника од гужви...не знам како да објаснам Ама моите сакаа, сопругот сакаше и се одеше со помислата - “Што? Музика дома да не засвире ? Нема шанси“. Мајка ми сакаше да и’ се развесели куќата. И затоа прифатив. Али го издржав, траеше околу час време веднаш помина, не го ни осетив. Замисли ако во Скопје е тешко за резервирање ресторани, како е во Штип, на една рака се бројат рестораните за свадба. Затоа одма после веридбата закажавме, а имаше бааги време. Си закажавме и мирна ни глава. И да си го тераш твоето Ангел, и не само ти и сите други идни невести. Полека, смирено, без нервози, кавги и повишувања на тонот. Прво на верениците ваши со полека со убаво... и многу се срцки бе веднаш прифатат се’
Биди си упорна, и јас богами сум А инаку за матично, во Скопје има 26 канцеларии каде што може да се направи чинот на венчавање.
Па мислам да ги порачам од некаде (сеуште не сум разгледала од каде) зашто немам дарба јас сама да ги направам. Ако знаеш ти или некоја друга феминка некој линк од цвеќара од Скопје што изработува китенки по достапни цени пишете ми во ЛП. Благодарам Аноук да не ме потсетеше можеби и немаше да се сетам на вакви навидум споредни но сепак битни детали.
Е ова богами не сум знаела, инаку јас најмногу би татко ми да ме венча, но ќе си направам беља, нема ништо да може да прочита, плачко е, ете јас на кого сум метната. Инаку татко ми е матичар и сигурна сум дека би било фантастично, ама ќе видиме за тоа уште. Мислам декасе доплаќа за во ресторан или надвор од канцеларија, и тоа не е малку, ќе се распрашам па ќе видам. Инаку ако може татко ми би не регистрирал во Лешок и тоа, ма преубава атмосфера има да биде.
Девојки,на вашата свадба, нека биде се по ваша желба. Без разлика дали ќе е бал, маскембал или мала интимна свадба, вие сте кул парови-на свој начин и заслужувате кул свадба-по свој ќеиф. Да не испадне работана како во филмот Our Family Wedding (гледајте го) Кога родителите ги тераат младенците да си речат: "Their wedding, our marriage" Никако тоа. Се најубаво девојки и уживајте во подготовките, бидејќи тоа секогаш сум го велеле и пак ќе го речам, свадбата не е само дента. Свадбата е моментот од кога ќе се решите и ќе почнете со подготовки па се до прва прва брачна ноќ.
^Сноу има право! Споделувајте искуства како беше, бидејќи сакам да и помогнам на сестра ми со подготовките.
Ма кај мене ќе биде малку глупо, пошто јас сум од југот, нормално моите гости од таму, а сепак повеќето тука, не знам искрено како ќе ја направиме. За сестра ми беше некако повеќе по наше, се правеше што се вика на наш терен, а сега јас сакам да правиме малку на терен на дечко ми Ајде да се започне веќе со подготовки, но морам да почекам саканиот мој да заврши со полагање за да почнеме да се спремаме на раат, дотогаш нејќе да чуе вртење по ресторани и слично
Врти си ти по ресторани, па после само презентирај му. Јас така направив, и да ти кажам право помалку ме болеше глава! Работава излегува Girl power, ама тоа е... Посилни сме... Хахахаха!