Леле Сноу Епа и навистина е така. Обично ние си имаме замисла, па потоа ја пренесеме на саканите ни наши, и демек ги прашуваме за мслење, а во себе едвај чекаме да кажат “Да убава е идејава, може, терај“.
Еве има таква тема, ама не е активна. Инаку многу добро би дошла ТЕМА: Совети од невестите, до идните невести и уште една слична која исто така би била од помош ТЕМА: Што би измениле од вашата свадба
За мојата свадба се погрижи организација за свечености "Се за Вас". Тое е млада девојка која многу добро си ја познава работата и е упатена во се.Сите детали со кој се сретнувавате за време на свадбата се многу тешки и понекогаш нема одговор. Јас се консултирав со неа и многу ми помогна на сите мои прашања најде одговор и многу сум среќна штом има таква личнос да ти помогне за најубавиот ден во твојот живот да ти го исполни твојот сон. И што е најважно ништо не се наплаќа. Јас лично сум презадоволна од целокупната организација. Ми ја организирасе целата свадба ми најде ресторан,ми закажа во матично,ми најде убав и солиден бутик за венчаницата исто така и бурмите ми ги направи како што ние сакавме,се погрижи за музиката... Се што посакав се ми направи јас само бев гостин на сопствената свадба и се беше јас како што сакам без нервози. Ја најдов преку FACEBOOK
Ами тоа се убаво, ама тоа дека она ќе трча за некој непознат наоколу БЕЗ ПАРИ се сомневам нешто овде није у реду
Kако што кажав девојката си ја знае предобро работата и ја работи со многу љубов сигурно има заработка нешзнам како јас ништо не и платив за целата организација само ја побарав се сретнавме и сите работи таа самата ги заврши а како заработува не навлегувам во тоа.
јас правев свадба 2011 год.бев толку изгубена и исплашена што незнаев што да правам по во таа гужва ја побарав Фимата Се за Вас прво се изненадив кога ја запознав девојката која што го работи тоа и навистина ми помогна многу. Jас имав најдено ресторан и некои други работи а таа ми помогна околу кетеринг,фризерски салон,фотограф,покани,а и добив гратис патување од неа.Бевме 4дена во банско на скијање.си поминавме прекрасно им препорачувам на сите девојки кои сакаат нивниот најубав ден во животот да им искочи како што сакаат да ја побараат,единствена е навистина.
А тебе ти наплати ли? и ако да кажи ни колку, ако не ти е проблем затоа што погоре прочитав дека не наплаќала некако чудно нели.
да чудно ама не ми наплати дури и јас се зачудив како така работи само ми реце "доволно е да сте среќни и да ги видам Вашите лица задоволни"навистина незнам како работи ама и не ме итересира дека се ми исполни мене сите мои замисли ги направи реалност јас лично премногу сум и благодарна нема да згрешите ако ја побарате ви ветувам за тоа
Луѓе бе како така без пари ? Што знам мене не ми е баш верно, сега се’ повеќе ателјеа се отвараат баш заради тоа што многу се заработува ако декорираш сали, домови, и останати работи..... а ова за без пари ... ?
секако дека вие си плаќате за свадбат таа не наплаќа за услугата што ви ја завршува цела работа околу организацијата за сите трчкарања натака навака како договарање ресторан трчање во матично,договарање кетеринг и сите попратни детали. Односно ти и кажуваш каква свадба сакас и до колку пари и таа се ти организира ти прави понуда како што на тебе ти одговара е во тоа е целата работа девојки побарајте ја на FACEBOOK и ке видите што работи па ако сте заинтересирани има таму информации ке ја најдете многу лесно.
Форко мислиш на венецот на вратата ? Мислам дека нема врска дали е четврток... ако грешам поправете ме... Тоа мислам дека било порано, се плетел венецот дома и се ставал на вратата, а за кој ден не знам.
Да во четврток се става. Стар адет е дека треба немажени девојки да го плетат, се пеат песни додека се плете и се меси погача, воедно треба да се стави пред 12 ч. и се смета дека оној кој прв ќе помине под него е следниот за мажење/женење. Е сега доколу имаш девојчиња кои би можеле предпладне да ти помогнат околу местењето на венецот ОК, ама ако немаш нели на работа се или пак на училиште, тогаш мислам и дека и во било кој период од денот можете да го наместите. Битно да е четврток. И не, не мора да биде дома плетен, може и купечки. Барем мојот беше таков.
Forko, да во четвток се става венчето, се збираат немажени девојчиња го правите, тука се и стринки тетки...се пее обавезно. И се вели дека пред 12ч. требало да се стави. И и знам дека откако ќе се стават венчињата не требало да одите еден кај друг да го преминувате прагот, ти на неговиот дом он на твојот. +некој го практикува обичајот и со паричката дента.
Епа еве во Штип не е така. Ние погача кршиме во петок заедно со гравчето. И тогаш го ставивме венецот. Спојлер сега сестра ми ме потсети
и јас го ставав во четврток, само не правев никакви ритуали само си го земав од каде што го имав нарачано и татко ми го закачи на врата. Време не запазив колку беше саат, само ден де
Теткава што работи “без пари“ веројатно си заработува од процент од сите други работи, китенки, ресторан, музика, све што ви наоѓа она. Нема шанси некој да ти трча за без пари и одозгора да ви даде поклон патување во Банско, ако има некоја таква да ја викнам и јас, ќе се ратисам иако сакам се сама да направам