И јас Карак, прв пат слушнав дека требало не знам кој прв да помине под венецот... Само што еве кај нас во петок се става, го земавме од цвеќарата и татко ми го закачи.
до сите идни невести, женскава ги украсува салите за свадби и сите останати мали тракатанци за свадба многу добро работи
Зарем сеуште некоја плете венче за пред врата заедно со немажени другарки, тетки, стрини па згора на тоа и пеат при плетката??? без навреда ве молам ама ова мене ми е страшно безвезе да не речам глупо
Зошто глупо? Тоа си е традиција и јас откако знам за мене така се прави секаде. А сега новите традиции во смисла купување на готов венец, да, би ги поддржала од причина што нели естетски многу поубаво изгледаат. На последната свадба кај што бев, имаше ваков готов венец за на врата. Ама она венчето што невестата го носи на рака при венчавањето во црква го плетеа самите, венецот што го кршат деверот и месариката (ако знаете што е тоа, од кај невестата ) го плетеа самите. Немаше песни и такви крекања од старите, беше нормално се
Сега читам и се смеам, венецот на вратата кај мажот ми го правев јас, исто како и кај мене дома, на мажот ми го ставив во четврток, а нашиот во петок. Немав слушнато за таков адет, до душа ние не одевме по сите адети.
Обично повеќето прават ако не и сите Ако не успееш да најдеш некоја цвеќара што прави, побарај во Дуки Дасо. Сега скоро гледав алки, имаше секакви, со бисери, цврсти и одозгора со цветчиња нели. Прекрасни беа.
Hova и во ресторанот каде што правите свадба би требало да ви понудат неколку примероци за избор. Прашај си.
Јас сакам да прашам кога доаѓа младоженецот со неговите дома кај невестата да ја земе кој ги кити? Мислам на кумот, кумата, старосватот, свекорот, свекрвата, младоженецот и останатите кои тој ќе ги донесе? Имам слушнато дека невестата ги кити сите освен младоженецот ( кој го кити мајката на невестата) и некое мало девојче кое треба да ги накити останатите не толку битни што би се рекло гости кои дошле со младоженецот Точно е ова или слабо
anastasijaki зависи во кој крај на Македонија е Кај нас обично на врата стојат три девојчиња, мали, големи не е важно, важно да се немаажени. Тие ги китат сите сватови. Невестата внатре го ќити момчето, му врзува машна на деверот. Е сега некаде невестата ги кити и кумот, кумата, старосватот, а некаде нив ги китат девојчињата што стојат пред вратата надвор. На последната кај што бев, девојчињата надвор ги накитија сите сватови, а невестата ги накити кумот, кумата, старосватот, деверот, шаферката, со други китчиња. Се е ствар на договор.
Јас колку што знам невестата ги кити другарките или деверици што се со неа во собата и го кити и младоженецот, а една од другарките или некаде тоа е како главна деверуша ги кити закониците и придружбата на младоженецот. Ама мислам дека нема потреба многу многу да се замараш, битно ти имај си ги китенките, а кој ќе ги закачи-најмал проблем
јас имав две девојки кој ги китеа сите што доаѓаа по невеста, а јас ги китев кумот кумата, старосватот старосватицата и се разбира зетко (мажето) девер немав инаку ако се има и тој го кити невестата
сите гости ги китеше моја најдобра другарка и братучеда (немажени) а момчето. кумовите и старосватовите ги китев јас ...
Кај мене стоеше една комшивка воедно е и моја многу добра пријателка , немажена е таа ги китеше сватовите. И една братучедка која го држеше садот во кој стоеа китенките. Внатре веќе кога влегоа сите, јас ги китев кумовите и старосватите, шаферот и шаферката и младоженецот. Има право Нати зависи од кој дел од Македонија си