Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Првин во ресторан ќе си резервираш,па после ќе си одбереш црква во која ке сакаш да се венчаш ,и ако поодамна имаш закажано свадба нема да биде проблем закажувањето,а за матично имаш повеќе опции можеш пред време да се регистрираш,на денот во матично или во ресторан .
    Има повеќе опции но најбитно е резервација во ресторан кога тоа ќе се реши се е решено.
    И да музиката да ја резервираш предвреме 6 месеци ако имаш толку време ,се разбира за да ти свири тој што ти сакаш а не тој што е слободен .
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Имам време , имам повеќе од година :rofl: баш заради тоа да си бирам јас што сакам и каде сакам а не она што останало :wasntme: :D
     
  3. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    anastasijaki имаш време за се, ама јас би те посоветувала нешто околу детаљите, не за главните работи ресторан, црква и матично.
    Значи според мене небитни се китенките за сватовите, јас лично ги исфрлив. Сватовите најнормално си се поздравија на врата со моите, ниту да се потат додека ги боцкаат со шпенигли, ниту да се срамат ако немаат ситни пари за да остават на послужавникот, ниту да се губи време (што е најбитно)
    Друго - облчи-соблечи на кондурите во соба, демек тесни се или широки се па ставајте парички дрн дрн дрн... исто така отфрлив, си влегоа во соба и ме најдоа мене комплет тип топ облечена и средена, со кондурите на нозе :)
    Понатаму - бонбони украсни коишто обично ги даваат со тортата - исто така отфрлив, сватив дека бонбони што јас сум ги земала од други свадби каде што сум одела, сум ги чувала со години, фаќале прашина, тулот им станал кафеав, од бел, и на крај завршиле во корпа за отпадоци. Да се разбереме- тоа никој не го јаде, сите го чуваат, чуваат, чуваат па на крај фрлаат. Подобро дај повеке пари за некоја поголема и поубава торта, барем знаеш дека сигурно ке се изеде, а не да си ги фрлаш парите. А што е најбитно воопшто никој не ни примети дека кај мене нема такви бонбони.
    И на крај ДАРОВИ, бовчалаци и глупости тоа јас исто така отфрлив, значи ни на девер ни на старосват ни на свекор свекрва, ама баш на никој ни едно шамивче не дадов. Само на кумот саат и тоа беше се.
    Јас така си замислив и така си направив, а и од големо значење беа овие работи за мене, бидејки се фрлаат многу пари по ситници, јас тука заштедив што е најважно бидејки со маж ми си ја плаќавме свадбата сами, нашите родители беа само гости на свадбата.
     
    На eleni23, AloneM, karak и 4 други им се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    За дарови, бовчи не планирам ни јас да давам, само на кумовите и на старосватот ќе им дадам пари и толку :) а во врска со китенките јас сакам да има ама не оние стандардни китенки, нешто како беџови сакам, има преубави замисли во Каталеја, баш се фенси :angel: А, нели чевлите и ташничката треба да ги донесе деверчето :?: мене ми кажаа така, дека јас одам нели си бирам , пробувам и само деверчето го купува тоа и го носи после кога ќе дојдат по мене :^)
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^^^ Јагода ти како почна отфрли ова, отфрли она и покани да не не им даде на гостите? :D Мала шала, не се лути. :)

    Мене баш напротив, тие работи ми се интересни, подготовките. Јас сама да си ги одберам материјалите, да си ги правам и тие што ги фрла кумата (паричка и пченица во тул спакувани), китенки, покани, бонбончиња, украсувања итн. Тоа според мене не е губење време, туку баш во тоа е убавината, спремањето.
    Иначе тоа бовчите мене лично ми се глупа ствар и јас со задоволство би ги прескокнала, освен за кумовите, старсватовите и деверот.
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    ^ Тоа е веќе адет, и ако сакаш ќе го почитуваш ако не - не. Јас лично несакам деверот да ми ги купи кондурите, несакам да ми ги играат надвор во комшилук, несакам да ми ги облекуваат со пари или што и да е. Глупости, губење време и дополнителни трошоци, бидејќи свадбата е скапа и за младите и за гостите. Китенки секако ќе имам, ама ќе китат 3 девојчиња и ќе оди екстремно брзо. Бонбончиња исто, бидејќи ме чинат смешни пари сама си ги правам. Уствари китенки, бонбончиња, украси со свежо цвеќе на секоја маса, покани и украсување на кола ме чини колку едни бонбончиња да одиш да ги купиш, бидејќи се ни е домашна направија. И толку брзо лета времето, за 2 месеци ми е свадбата, кога помина цела година откако се веривме??????? Кај отиде поимот има време, не се брзај... Среќа што не послушав никого за да не се брзам се за сега ќе ми останеше! :lol: Бовчи не правев, купив за сите по еден убав култирен поклон, и веќе на сите им се раздадени, затоа што несакам јавна примопредаја на поклони пред остала родбина и камера... Со време почнете да си закажувате, за да не ве боли глава после! ;)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    на сите им е познато тука дека и јас многу не се замарав за свадбата, немаше бовчи и сл работи но имаше китенки преубави си ги нарачав ефтино а мн беа убави.

    закачувањето на китенки е еден симбол за свечен чин да се знае дека се дел од таа свадбарска тајфа, на другарките им ставив оние за на рака нежнички бели симболика за деверуши демек пошто не се облекуваа исто. луѓе значи другарките беа пресреќни што ете се дел од таа свеченост и имаат со што да го покажат тоа.

    кондурите јас инсистирав да ги купам и си ги купив но деверот ми даде парички после и он ги донесе чевлите и ставаа пари значи толку беше интересно умревме од смеење а деверот беше посебно горд, среќен и расположен и зошто да не му дозволам?

    морате да разберете дека свадбата не е само ваша, ако сакате вистински да уживате во неа не бидете себични и тврдоглави туку направете ќејф и на другите за да можат вашата свадба да ја направат интересна.

    не се водете од мислењата и коментарите демек ете селско е пари во кондури или оро надвор ... тој ден минува толку брзо уживајте во секој миг, во секој прифатлив адет и делете ги тие моменти...
     
    На eli25, ilipili, Dinnna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.472
    Допаѓања:
    34.825
    Пол:
    Женски
    Можеби сум јас изрод, но ете мене таквите адети ми се убави, интересни. Во мојот крај исто обичај е да се ,,наполнат,, чевлите со пари(монети и банкноти)нели деверот да ги пополни зашто на невестата и се големи, демек. Едно париче(железно) останува во чевлата за со него да влезе невестата во црква. И гледањето на малдоженецот низ прстен и сито, и тоа ќе го правам, ќе играме традиционални наши македонски ора, ќе мешаме на чочеци, ке имаме забавен дел, и се пропратно што се случува на една свадба. Поклони ќе има давам на законитите, но сето тоа ќе се прави кога ќе им ги носиме поканите за да не се губи време на денот на свадбата. Китенките се уникатно смислени, брошеви за потесното семејство(и законитите)со тоа што брошевите за законититите ќе бидат специјално ДОукрасени со вал и цветови.
    И моите бонбончиња, украсувањето дома кај мене,кај младоженецот, е препуштено на вредните раце на моја братучетка и скоро се е спремно, за чудо а има уште 2 месеци... Кога почнаа подготовките јас мислев дека никогаш ништо нема да биде средено на време, но ете само со договор и желба се успева.
    Единствено ни останува на најубавиот ден во нашиот живот да бидеме насмеани и да не ни е грижа за ништо друго.
     
    На Macika222 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Macika222

    Macika222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    I kaj nas gi ima istite adeti i nekoi od niv sigurno ke se pravat no mnogu mi e glupavo odenjeto po masa i delenje bonboni od strana na nevestata navodno kako pitanje za pari mi lici iako site zapnale da odam jas ne sakam
     
  10. Macika222

    Macika222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    I patem da ve prasam na kogo mu se udira shamar na zetot ili na deverot site razlicno mi kazuvaat nekoj vikat na zetot navodno da ne go bolele zabite a nekoj na deverot mozi vase mislenje ?
     
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Јас тоа одење по маса и делење бонбони не сум го видела кој знае колку време, ама дечко ми беше на свадба во Радовиш и таму го имало, живи глупости |( Инаку за оние бонбони што ги дава невестата со тортата баш ми се интересни , ако ги фрлат нека ги фрлат, мене ми е мерак да дадам :wasntme:
    А, за шамарите, тоа треба главната деверуша и деверчето, она треба да му удри шамар, а тој да ја бакне во образ, и кој попрво го направи тоа тогаш тој ќе е подоминантен :?: дали мажот дали жената :D абе адети :lol:
     
  12. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Имам време до свадбата на лето е , закажавме хотел и црква и сега можаам мааалку да се опуштам :)
    Адети ке има , сакам адети , мислам без претерување , тоа што е карактеристично за мојов крај.
    Кај нас е адет сестрата или братот од невестата да го плесне зетот по образ за да е умен и да ја чува невестата :D ова мојата сестричка со задоволство ќе го изведе хахах се плашам да не го залепи ептен :^)
    Кондури , букет и се што ми треба ќе си купам сама јас , ова е на мое инсистирање , жал ми е не сакам да го трошам деверот и не сакам да купам нешто што нема да ми е по ќејф само за да не го потрошам .
    Затоа одлучив се сама да си купам .
    Ќе има китенки за деверите кумови зетот и старосватицата .
    Низ прстен и сито гледање мислам дека нема да има :?:
    Има и некои други адети , ќе им го направам кејфот на стариве ;)
    Ќе имаме странски гости , па мислам дека на нив ќе им биде посебно интересно.

    Ахх а фустан лелеле ни абер си немам што ќе правам со фустан
    Сакам да купам , не сакам изнајмен фустан , ама ме плашат цените :sweat:
    А си се тешам , дека имам време хахаха
    Среќно невести :*
     
  13. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Јас се венчав во матично претходно, не беше истиот ден со црквата и ресторанот и мислам дека многу правилно постапив, бидејки и тоа замара и одзема време и посебно е напорно за невестата. Матичното беше во обичен ден само со кумот и нашите родители. Што мислите вие за тоа?
     
  14. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Епа штом веќе си се омажила ние немаме баш што многу да кажеме :D мала шала, честитки за венчавката инаку да, и мене повеќе ми се допаѓа таа варијанта со различни денови, но од друга страна па и не е лошо се во еден ден да истераш, и така матичното е пола саат работа, а сепак треба и за таму да се подготвиш. Ама тоа е веќе личен избор ;)



    Па ако несакаш нормално дека нема да го правиш тој искрено за мене страшно глуп и очаен адет. Убаво е да истераш некој кеиф на твоите родители и на родителите на мт, но сепак е тоа твоја свадба и ако несакаш ќе си кажеш смирено и културно и ќе си легнат на брашното ;)
     
  15. Macika222

    Macika222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Јас ви предлагам на сите кои имате свадби за 3-4 месеци уште од сега да закажите се од шминка фризура маникир депилации фустани пред се затоа што невероватна заинтересираност и гужва има секаде ако воопште најдите и термин јас не мозам да најдам шминкер се е зафатено а свадбата ми е за три месеци е па сега видете а за фустани се ресив да изнајмам и го сторив тоа а за купување ми побараа од 300 евра па нагоре е сега кој како му одговара спрема џебот викаме има време ама нема верувајте времето си лета а и ние се решивме за опцијата регистрација пред свадба за да не се ствара трка со времето и поради далечината па среќно сто да кажам
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.826
    Допаѓања:
    8.710
    Пол:
    Женски
    Зетот никој не го удира! Деверот треба да го бакне девојчето (деверушата) што ќе му ја врзува машната, а деверушата треба да му удри шамар, ама не силно. :lol:
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Девојка од страна на невестата-немажена сестра,братучетка треба да му удри шамар на деверот,а тој претходно да ја бакне :D .
    Инаку јас имам уште цела година здравје до свадбата,но прво би закажале во матично и ќе се регистрираме па потоа во еден ден црква и ресторан.Помал терет е и бидејќи сме од различни градови наваму натаму ќе треба да се развозваме па така да недела ,две пред свадбата ќе си се регистрираме во матично и тоа е тоа. Делење на бомбончиња на невестата со одење по маси и берење на пари кај нас нема,а во неговиот крај има но јас нема да делам така. Гледање низ прстен нема да има,не ни знам за тој адет.Сакам само да го има она борење на врата -купување на невестата :lol: а и купувањето на чевли од страна на деверчето и кога ќе влези кај мене да ми става парички сакам да го има.
     
  18. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    И јас како Јагода, нема да имам бонбони за со тортата, китенки од свеж цвет каков од бидермаерот ќе има само за мужето, старосватот и кумот. На кумата и старосватицата ќе има направам за на рака исто од по еден свеж цвет. Јас отфрлив и девер, тоа незнам што функција има. :) Е сега ќе им купам по некој подарок, тоа би сакал ама нема да го отфрлам, се мора. На кумот веќе му купив, а и на неговата ќеркичка. Нив ги решив. Ќе купам и за свекорот и свекрвата по мал симболичен поклон. За свекорот ќе биде паричник кожен, за свекрвата сеуште незнам што да и купам, реков нешто мало колку да не биде без ништо. Ете сакам за почит кон нивната возраст па и шамивче да е. Ете може некоја идеја Феминки од вас за неа..
    Исто ќе нема облаќање чевли, јас спремна ќе си го чекам мужето да ме земе. Покани имам веќе, ќе го уредам малку и ресторанот, е тука ќе потрошам што ќе заштедам на китенки и бонбонки.
     
  19. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Најубав ресторан во кој си закажавме Журнал елитен,комотен,најубав.
     
  20. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Здраво, јас веќе одбрав каква венчаница сакам. Им благодарам на сите феминки што ми помогнаа во изборот. Е сега се двоумам кога да почнам да го шијам. Свадбата ми е средина на јули, па дали е тамам или рано е? Вие (што веќе имате поминато низ овие работи) колку време пред свадбата започнавте да го шиете? Поздравче големо.