зависно каде ќе ја шиеш ако е некаде каде што има гужва закажи си со време. Јас правев свадба крај на мај а венчаницата ја нарачав т.е. оставив да ми ја шијат негде јануари или почеток на февруари
Јас почнав два месеци и нешто пред свадба, по барање на шнајдерката. Свадбата ми е во Мај, а завчера бев на прва проба. Веројатно дека се работи за модел каде што најмногу е рачна работа, па треба повеќе време, ама мислам дека за сите е така. Горе-доле. Најдобро ти е да си прашаш таму каде што ќе ја шиеш, они ќе ти кажат колку време треба за таа вемчаница. Според мене многу ти е рано, немаш потреба толку да брзаш.
Најбитна работа е музиката што ке ти свири на свадба, мора да се добри и да прават ненормална атмосфера, ако не се погоди музиката свадбата ке ти се упропасти и покрај сите ситници на кои сте обрнале внимание.
Се согласувам со тебе, (музиката ми е веќе закажана од крај на декември), но битни се и гостите што се на свадба. Ако не се ораџии и весељаци, колку и убаво да свири групата, нема да има некоја разиграна и опуштена атмосфера.
^ Да, ама ти не ги бираш гостите врз основ на нивните танцувачки способности , туку дека ти се блиски и фамилија Музиката ја бираш, и секако дека треба да одбериш некоја која и не-весељак (леле ама збор ) би станала од стол
Драги мои во недела сум на свадба кај еден другар на дечко ми, ке бидеме цел ден и по невеста ке одиме, е сега ме интересира што и кога да однесам?? Сабајле ке одиме кај зетот дома нели да се собереме за по невестата, треба ли да однесам нешто или со празни раце, после кога ке одиме кај невестата незнам дали да носам нешто бидејки нели не не пречекува невестата ако носам цвеке на кого треба да го дадам, бидејки нели кога се пристигнува се игра оро и кога влегуваш те китат и дури после се гледаш со невестат?? За во ресторанот ке носам цвеке и тогаш ке им го дадеме пликото, но за ова предходново поима немам
Ништо не ти треба, дирекно вечер во кафана однеси си цвеќе и поклон што мислиш да дадеш. Имај при рака нешто ситно пари за китенки ако ви ставаат и ако видиш дека во послужавник ставаат пари стави и ти.
Се согласувам со slavica999, и ние со дечко ми бевме на свадба кај негов другар и не носевме ништо, само вечерта пликот и буќет од бомбончиња направив. Кога отидовме по неа, имаше девојчиња што китеа, оставивме по 10 денари мислам, не се сеќавам. И не само ние, туку и другите другари ништо не носеа дента.
Мислам дека најважно е да имаш по 50 - 100 ден ситни за кога ќе те китат, за во црква и некои такви дешавки. Јас лично практикувам да носам по нешто на бабата и свекрвата, обично едно цветче или пак нешто благо, ама тоа важи кај блиски многу. Инаку немаш никаква обврска. Поклонот се дава во ресторанот, и ако сакаш цвеќе или бонбониера. Ја ги замолив сите да неми носат цвеќе, едно што сум алергична на полен, друго што стверно се џабе фрлени пари за резано цвеќе...
Eве тука еден сајт има се и свашта за свадби, јас се заборавам со саати гледајќи и покрај тоа што не ми е време за мажачка. http://www.bellethemagazine.com/search? ... date=false
девојки ме интересира кои документи се потребни да се однесат кога ќе закажуваш црква и матично, и дали треба лично ние да отидеме да закажеме со вереникот или може и некој друг тоа да го заврши?
Ние бевме лично и во матично ни рекоа да однесеме извод од матична книга на родени, а за во црква попот ни рече само со лични карти да одиме
Во матично мора да одите двајцата, се носат лични карти, изводи од матична книга на родените не постари од 6 месеци и уплатница, еве ти и линк за подетални информации http://uvmk.gov.mk/?q=node/41 Во црква не требаат документи, освен што некаде (но ретко) бараат крштеници од младите, задолжително вие и сведоците треба да сте крстени.
sonce10 гледам дека си запознаена со овие процедури, па да те прашам за колку време го издаваат изводот од матична книга на венчани - одма или е потребно време?
Izvodot na vencani ti go davaat vednas otkako ke se vencavas, zatoa i se potrebni drugite dokumenti odnapred. Toa e mnogu interesen moment, jas se iznenadiv bidejki se pocuvstvuvav kako da sum na ceremonija za dodeluvanje diplomi )))) a taka i se izrazi maticarot-ovaa e uste eden moment vo zivotot kade se slavu uspehot na uspesna vrska ))))
Јас девојки да ви се пофалам си закажав ресторан за свадба, и двајцата што се вика не се ни замаравме и оп си закажавме кај што си сакавме, малку имаше мрчење од моите ама ич не ми е гајле. И се решивме на крај, се во еден ден, на исто место, прво матично, па црква и на крај свадба, на најубавото место на свет, таму кај што и двајцата се осеќаме убаво, Лешок, кој бил на свадба знае
Аххх, Лешок е најубав... Сакаш надвор, сакам внатре, сакаш манастирот, башка менито можеш да си го договориш по желб, милина! Уживајте! П. С. Фалеше деновиве, не се губи пак!!!