Фала Еленче, не се губам сега, малку бев изреволтирана од една феминка во Диеталскиве теми па се оддалечив да не оф-ирам Еве ме назад и прво па мушко, Свадбарски теми, туку кај ќе го фатам крајот сеа, многу новости има
Каснам малку со одговорот ама гледам ти одговориле, треба да ти го дадат веднаш после венчавањето во матично
девојки мала помош, уплатниците што се за во матично 2 по 50 и 2 по 100 дали треба само на вереникот името или треба и за мене?
Нема врска на кого се кај нас беа на име на сопругот, ама тоа беше пред две години не знам можеби нешто е сменето сега.
За пријава во матично ти треба 1 х 50 и 1 х 100, на име на било кој од вас двајца. Значи само 150 мкд, копија од лк и изводи не постари од 6 месеци, и оригинали исто така, и секако желба за мажење
Нас ни рекоа 2 по 50ден и 2 по 100 да уплатиме, ви благодарам на одговорите поздрав и пријатен ден на сите феминки
Да прашам јас како иде следново Вака бидејќи мајка ми работи во матично ќе дојде матичар во ресторанот да не венча, и како ќерка на вработен во матично сум ослободена од она плаќање од 6000 денари е сега прво нели во црква ќе идеме да се венчаме, како оди тоа, бараат поповиве нешто потврда за брак или како? Пошто ние ќе ја немаме во ресторанот ќе ни се даде кога и ќе се потпишеме
Не бараат никаква потврда за брак туку тие на крај на церемонија ќе ви дадат венчаница. Спојлер поповите ќе бараат пари, вино, погача, материјал...кога ќе закажуваш во црква ќе ти дадат список за се што ти треба
Во основа, во црква бараат потврда од матично (нас ни побараа), ама ќе им кажете дека матичарот ќе ви доаѓа во ресторанот и нема да имате проблем
Девојки јас полека полека почнав да си правам некои подготвки, планови што ми треба, како сакам да изгледа и сл. Е сега сакам да ве прашам во врска со чеизот. Нели мора нешто да однесам не може така без ништо. Бидејќи ќе живееме сами почнавме со реновирање и средување, потребни ќе ни бидат многу работи кои гледам дека недостигаат. Јас почнав да купувам некои работи, кои че ни користат, постелнини, прекривачи за новиот дом, си одбрав и прекрасни перници кои ќе се совпаѓаат со новата гарнитура. И овие работи сакам да ги однесам пред да се земеме кај нас таков е адетот, кога ќе ми ја донесат венчаницата јас тогаш го давам чеизот. Што мислите што друго би можела да купам? Сакаме да купиме и спална но со вереникот се договоривме заедно јас и он да си ја платиме и да ја уредиме. нема да биде срамота ако јас сама не ја платам па после да речат си дојде само со еден чеиз, или пак сама да присоберам пари и да ја купам спалната? Совет од поискусните невести ? Откако ќе отидам таму треба да се купи или пред свадбата? Почна да ме фаќа свадбена еуфорија
Првин честитки, ви посакувам да бидете дооолго, дологоо среќни Се ќе направиш според финансиите, колку ти дозволуваат-толку. Воопшто немој ни да помислуваш пак на тема дали ќе било срамота нешто или не. Купувањето спална и останати работи за во нов стан не е лесна работа, мислам во поглед на финансиите. Еве јас не сум поискусна невеста но ќе бидм невеста и кажав отприлика со кои пари располагаме и со тие да купиме нешто, е сега додуше незнам од каде си, ама во Скопје некако тој збор чеиз баш и не се употребува така што јас на пример еве немам чеиз за во стан ќе купам некои работи како што си купила и ти, постелнини ова-ова и ќе ги однесам во станот ама без определување на време, дал пред свадба или после, кога ќе ми биде успат со кола ќе ги однесам Ти седни со твоите родители (доколку и они ти помагаат со пари) и седни после со родителите на вереникот и кажи им вака и вака со пари. И најбитно ти е како ќе си се договорите ти и вереникот, сигурно него не му е битно дали си купила спална или не и исто битно - ич да не ти гајле што некој ќе рече, секогаш ќе има некој нешто да пререче, ако купиш многу работи ќе речат ова снашката ептен парајлика, на висока нога изгледа живее, така што едноставно уживај во подготовките и не се преоптоварувај
Невестоков мој, изрази желба да се венчаме во црква е сега мене ми спомнаа дека има кратка верзија некоја оноа благослов да ти дадат само и толку? Не правам голема свадба и не сакам малтретирања со саати во црква. Па баш ме интересира дали има нешто такво по кратка постапка Фала ви и со среќа нека ви е на сите !!!
Абе Савана нема срамота не срамота тука, колку ти е чергето толку ноџињата пуштај, та вие со либето не се знаете од вчера па да не си ги знаете можностите. Јас искрено ништо од тие адетишта не правев и нема да правам и скроз сум искулирана со тоа, колку можам повеќе ќе си ја олеснам работата, а чеиз и такви работи ич не ни помислувам да правам, додуша ние живееме веќе заедно од веридбата но и да не беше така не ќе се припотресував. Мајка ми ни имаше купено по две перници и јорган, исто и за сестра ми и ми ги даде, претходно од матура имав едно ќебе така поголемко и поубавко и си ги земав, и тоа не заради друго, едноставно претходно сум немала кај да ги носам па сеа така излезе, и дека со кола и така му дојде некако. Јас искрено леткав во воздух, зимање невести, глупости, ама сега кога ќе си помислам, па зошто да си ја мачам мајка ми кога може се полесно да помине, ќе се собереме кај нас овде најблиските сосе кумови и останативе титулари и ајт у кола за Лешок, за мерак пред тоа ќе свртиме едно орце на улица, да е жив и здрав чичко Грозде до тогаш едно кетерингче ќе ни спреми и готова работа, јас додуша и тоа не би сакала, сама би спремала ама свекрва ми сака и нека и е меракот, не планирам со непотребни работи да се нервирам. Искрено си имав некакви си замисли ама сега скроз сум кул за сите овие работи, нека биде онака како што треба да биде и готово, полесно и за мене и за другите А за купуивање, купете си претходно ако сакате да си биде се спремно и готово, не ќе ја носите спалната два дена пред свадба со музики и свирки, се знае тоа, доаѓаат монтираат и чао пријатно, тоа на времето се носеле работите така кога моите праеле свадба што се вика, сега ретко кој прави така јас мислам.
Irena888, прв пат слушам за такво нешто (само благослов), ако веќе сте решени и пред бога да станете маж и жена, тогаш нема да е никаков проблем 40мин. да постоите во црква.
Дали може некој да ми помогне,каде да најдам бонбони за правење на невестински украсни бонбони,ми требаат само бели бонбони не украсени,јас сама ќе си ги правам.???
женска мислиш на оние бели обични бомбони на женски пазар гледав такви провери си за сигурно пак позз