Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Прашање: кој треба да купи торта за на свадба, не мислам на свадбената туку на оние што ги носат, кум, моите? ме запнале за тортиве, досега 10 луѓе ми кажаа - торта ќе ти донесеме така треба. Појма немам па ако може некоја да каже :?:
     
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    зависи во кој дел на македонија си :) ама обично торта освен кумот купува и старосватот и тие 2 се носат во хотелот а кој сака од поблиските ( тетки , стрини, вујни ) може да ти донесат дома ...
     
  3. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Од Скопје сум, нема тетки стрини, значи во ресторанот торта треба да донесат кумовите и старосватицата? За по дома торти не ми требаат :)
     
  4. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318

    :) да
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.621
    Пол:
    Женски
    А зашто јас имам чуено дека рестораните не даваат да се внесува торта од надвор? :?: Демек ако недај боже била нешто расипана па они би одговарале потоа..ова го имам слушано..и баш гледам дека скоро сите ресторани даваат бесплатна торта :?:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    секоја торта внесена однадвор треба да има хасап документ - гаранција....во скопје има повеќе слаткари во ваков воведен систем..токму поради таа причина гледаат секој ресторан да си обезбеди свадбена торта :)
     
    На midnight.flower и anastasijaki им се допаѓа ова.
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.621
    Пол:
    Женски
    А, нема да е доволна само таа торта од ресторанот? Мора да се донесе и друга? Не го сфаќам тоа баш :D адет ли е кумот/старосватот да донесе торта? :$
     
  8. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    ^^^ па би требало и тие да донесат 8)
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.621
    Пол:
    Женски
    :rofl: оф мори муко од друг град да ја носат треба , додека стигне таа до ресторанот каша ќе се направи :lol: ништо тетка ми ќе донесе торта мерак и било многу , ќе се израдува сега :P
     
  10. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    :D па добро...како ќе се договорите...на крај краева ако ресторанот обезбедува торта тогаш и не е некој проблем и тие да донесат :) ма да кога јас бев старосватица во србија и реков на невестата да си порача торта за во ресторанот и јас на крај си ја платив :) ...
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    180
    Тортата од ресторанот е сосема доволна јас сеа правев свадба а се останато доплонително е вишок тортите од кумот и од старосватот нема ни да ги исецеш а плус и ретко во кој ресторан даваат внесуване од страна освен од таа една слаткарница со која работат
     
  12. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Ма кажувам јас каква торта бателете, си имам свадбена торта од ресторанот, овие торта та торта |(
     
  13. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    fala vi na odgovorot na bit pazar nema,osven so dupcinja a vo Evropa pak ke prasame,
     
  14. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.052
    Како што одговори Mrs.Bass, заради HACCP стандардите. Мора да се има документ за потеклото на храната (во овој случај тортата). Истата мора да биде произведена во слаткарница со имплементиран HACCP систем, и со соодветно превозно средство да биде транспортирана до хотелот (ресторанот), во спротивно нема да биде послужена. (Си има и Закон за безбедност на храна, за секое непочитување следуваат високи парични казни, та дури и затворање на објектот).

    Е сега, ние кога правевме свадба, ресоранот каде што правевме немаше слаткарница, според тоа не произведуваше десерти. Ни кажаа дека десертот сами ќе си го обезбедиме од слаткарница која има имплементиран HACCP систем (ни предложија некои во градот, а ние си одбравме).

    Во нашиот град, обичај е невестинската (свадбената) торта да ја донесе, т.е. да ја обезбеди (порано било да ја направи, купи, плати) кумот/кумата. Бидејќи оваа торта може да не биде доволна за сите гости (во случај на поголема свадба) потребно е дополнителна торта/десерт. И тортата од кумата и десертот, на нашата свадба беа порачани од истата слаткарница со имплементиран HACCP систем.
    Кај нас нема старосвати (нема такви функции), така што нема дополнителни торти.

    Сите останати (тетки, стрини, вујни, баби, блиски пријатели) што сакаат да однесат торта на свадба (бидејќи на свадба адет е да се носи подарок, цвеќе и благо), истата ако ја однесат во ресторанот, таму само ќе ја причуваат и ќе ви ја дадат на заминување, а може гостите да ви ја донесат и дома.
    Бидејќи торти носат блиски луѓе, најчесто и прашуваат дали да ви донесат торта (бидејќи немаат сите капацитет да чуваат 7-8 торти по дома, нели не може сите наеднаш да се изедат) или да ви стават пари во коверт во противвредност на една торта. Тоа е ствар на договор.

    А ќе заборавев, тортата никаде не е бесплатна, се е тоа вкалкулирано во цената на порцијата. ;)
     
  15. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    180
    Никој не слушај како ти е кеиф така а за доволно има доволно од свадбарската торта бидејки таа е за немажени и неженети а за останатите има торта после вечерата. Терај си по твое зашто ако слушаш кој како што му било кеиф нема крај. А на крајот само ти ке бидес без твојот кеиф а сите останати задоволни и срекни
     
  16. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    180
    Во Европа на Рампа во Кисела Вода има 100%
     
  17. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    ;) здраво дечки.имам едно прашање.мислите ли дека е некаков проблем ако на свадбата имам две старосватици и едната ме венча во црква,а другата во матично...... :hai: поздрав
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.820
    Допаѓања:
    38.850
    Пол:
    Женски
    Нема да има никаков проблем. Во црква не ги интересира кој се потпишал во матично.
     
  19. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    blagodaram...pozdrav
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.621
    Пол:
    Женски
    Ај вака да си прашам јас и некој ако не му е тешко да ми објасни убаво :) Освен кумовите, старосватот, кој друг се треба да се потпише во матично, и за во црква исто кој треба? Пошто ние старосватица немаме, не знаеме ни кој треба да е , старосват имаме ама сингл е :D
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.