Во матично се потпишуваат кумот и старосватот и вие. Не е никаков проблем што немаш старосватица. За во црква може се старосватот сам, бидејки негова работа е да го врзе материјалот, да ги размени круните и прстените, да држи свеки и воопшто не е потребна старосватица. Можат да му помогнат мајка му, сестра му или било кој друг доколку има потреба. Во црква не се потпишува никој, туку кога ке одите да закажете им ги кажувате имињата и презимињата и толку.
се спрема на една другачка во петок девојачко, решивме да правиме блузи со натписи... идеја немаме никаква шо да пишеме на блузите. сакаме да пишува на сите исто само на невестата различно, (сите сме у врска другарките) некоја идеја???( на мк. да биде)
Знае ли некој како одат процедурите за промена на личните документи, поточно пасош после склучување на бракот, бидејки сакаме да заминеме на одмор, а не знам колку време ке ми треба да ги заменам стариот со нов?
Еден месец од денот на свадбата треба да го смениш пасошот процедурата е вадиш прво извод со ново презиме потоа следи вадење лична карта потоа пасош и возачка не мора
Ти благодарам на инфото, дали знаеш за колку време би можело да ги завршам сите овие процедури, ми е страв бидејки ке бидат за време на летните одмори- јули август.
^^^многу зависи и од кој град си...ако си од скопје еден месец а може и повеќе Спојлер зависи од гужва и колку време имаш да чекаш по ходници ..многу се ажурни тие од службите
Нема проблеми со вадење документи. Јас успеав за рамно 7 дена да добијам лиќна карта без познати, закажав на оној бројот оди денес за утре, кога ми стигна порака дека ми е готова личната карта во ист ден закажав за пасош и возачка, само за пасош да знаете сите дека од 9-12 секој вторник и четврток треба да одите во МТВ на 9-ти спрат кај некој ми ти инспектор, јас жими таму не стигнав. Во вторник ќе одам па ќе ви пишам и тоа како оди. Не е проблематично барем сега, нема гужва. Изводот за 3 дена ми го дадоа, веројатно стварно нема воопшто гужва.
Девојќи Извод со ново презиме,дали е ист документ со Извод на Венчани или пак треба да се вади тоа чудо посебно за да можам да аплицирам да си ги сменам документите? Фала однапред
не е ист документ..ти треба да го смениш твојот извод од родените на кој ќе стои новото презиме...за таа цел ти треба да го носиш изводот од венчаните ... и во новоизвадениот извод ќе биде пишана забелешка дека на ден тој и тој си мажена и имаш ново презиме...после со тој извод ќе можиш да аплицираш за лична карта па пасош
Дали знае некој како се движат цените на изнајмување сијалички пример како оние мрежи за нова година што ги поставуваат од Линк медиа плус низ Скопје на дрвата или мрежите на улица Македонија? Правиме свадба на отворено па малце да се накити некое дрвце . Негде ги читав КЛЦ ама 500 евра пакет не доаѓа во предвид. Нешто со понормална цена
А дали е морално да имаме извод за родени кога ја менуваме личната карта или доволен е само изводот за венчани и старта лична карта
co изводот од венчани одиш да го промениш презимето и потоа вадиш извод со ново презиме без извод нов ништо нема да завршиш за извод се вадо за 30мин
Па не се вади за 30 мин, вадев пред месец дена и ме маткаа една недела и плус бараат лично да одиш, а работат од 8 30-16 30
За три саати извод, жими мајка. Само со познат. Се чека неколку дена, ако напоменеш дека ти е за лична карта заради промена на презијме има некакви шанси да ти се смилуваат. Така беше со мене, во вторник дадов документи, во петок ми јавија да го земам.
незнам за вас мегутоа јас изводот го извадив за 30 мин без никакви врски а многу е нормално дека морас лично не се за џабе лични документи
јас бовчи за кумовите(кумата) не правев ....и дадов пари а таа си купи часовник.... како ќе се договорите така, ама јас ти предлагам да не се малтретираш да им дадеш пари па тие нека си купат што сакаат или пак можеш да им купиш по едно нешто ама повредно пр.на кумата некој накит, на кумот часовник а на децата бидејќи се големи можеш да им земаш по еден парфем и готово...
Зависи колкав ти е буџетот,можеш ташна ,сет шминка некоја,филигран накит во рубин во гтц имаш многу убав од брош,обетки ,нараквици,прстени па и цели комплети (ова за девојки е уникатен поклон ) новчаник,ташна кожна за документи за машки,каиш има многу што да се купи ,само совет од мене да не прашуваш кој што сака купи ти што си мислиш и колку можеш да си дозволиш бидејќи ако некој е задоволен и со скромен поклон ке биде срекен. А пари ти е најлесно да им дадеш ама за спомен ништо нема да им остане.