Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Во мојата понуда беше 50 евра за главната маса, требало да ги купат, бидејќи ги немаа тогаш сеуште купено. Видов дека тие пари можам да ги дадам за нешто друго за украсување(сама си платив за украсувањето на сала) и поминав и без силајички. Мое мислење е дека можеш сама да ги купиш за поефтино а они да ти ги наместат, после ти да има компензираш за да им ги продадеш за 50 евра ;) ...се :lol:
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Девојки, колку се движат венчаниците?
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.706
    Пол:
    Женски
    Венчаниците во Мавровка се движат од 250 евра па нагоре. Полуксузните венчаници се од 400 евра па нагоре. Во Жан Мари (во Буњаковец) венчаниците се од 400 евра па нагоре.
     
  4. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.975
    На другарка ми Кокев и сошија прекрасна венчаница за 500 евра. И спиеше на снагата, колку добро беше изработен и убав.
    Мојот го изнајмив од Грција, чинеше 220 евра.Мене ми беше убав ( а пошто бев премногу трудна, поинаков и не можеше да биде :D )
     
  5. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Пред 2 дена бев во Мавровка и низ чаршија да разгледувам венчаници и има од 200/ 250 евра па нагоре. Во цената најчесто е вклучено ракавици, вел и бидермаер (пластичен демек тој бил за фрлање :) ) Пред една недела бев во бутик Жана и речиси идентична венчаница која ми се допадна во Мавровка од 250 евра таму е околу 500 евра
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Невестички, ми треба помош. Стигнав до поканите, прототипот дома го направив ми остана уште да смислам текст, и пошто поканите не се баш онака да земеш да пишуваш на нив текстови сакам од оние сликичките што се цртани, се надевам ме разбирате доколку не во спојлер ќе го видите типот на поканата, е сеа оваа што ја имам е многу лошо сликана и лоша резолуција, ако му се наоѓа на некоја од вас по дома или имате сретнато на нет, да ми испратите нешто, пробав да го нацртам ама не знам баш не сум воодушевена, јас сум деталист и забегав малку па не личи на цртежине ко од овие покани. Ајде хелп ве молам ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      7,2 KB
      Прегледи:
      314
  7. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    http://www.deltapres.com.mk/page/11
    https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater
    https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater
    Ќе треба само да ги разлисташ убаво ама мислам дека ќе најдеш добри идеи тука
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош итно :!: Во цела фрка у 5 до 12 ми текна на мене на ова |( значи утре идеме да закажеме црква и матично овој пат дефинитивно капар спремен се е спремно :D Свадбата ќе е вечерна од 19 часот, матичарот ќе дојде во ресторан, од колку часот да е црквата? Некаде 17 часот? :?:
     
  9. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Израчунај си внимателно со саатите,за Црква ти требаат 30мин. со честитањето,фрлање бонбони не повеке од 45мин.А матично е 15 мин. пак стави 10 мин. честитање и пак нема да биде подолго од пола саат.Исто немој да заборавиш да си оставиш саат време за фото сесија,која најчесто е после црква.
    Секако ке има каснење колку и да се трудите да бидете точни,мое мислење остависи време за да не си во брзање.Исто зависи и на релацијата во која ке се движите,колку се оддалечени црквата,местото каде ке се сликате и ресторанот.Јас вака ги организирав -Црква 45мин
    -Фото сесија 1час и 30мин
    -Матично 30 мин
    -Прием на гости
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Анастасијаки јас сакажав матично во 15ч, имам малку сликање за фотомонтажа околу 30 мин, патуваме околу 30 минути до Лешок, таму да се средиме малку и ќе се сликаме додека е уште светло, значи се ова да заврши до 18ч, во 18ч е црква, ми кажаа околу 30мин, до 45 мин, имаме прием и сликање со гостите 1ч и почеток на свадбата од 20ч, мене ми кажаа да одвојам за се по 1 час и така ќе си бидам на чисто со времето, за се ќе има време ;)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    А што мислите за зимање на невестата од дома, ние сме од различни градови, па се двоумам да не дојде премногу малтретирање?
     
  12. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    И ние сме од различни градови,но верувај чуството е не заменливо,особено за родителите кога ке дојдат со музиката.Во целата еуфорија нема воопшто да осетите ниту малтретирање,ниту имора...тоа се прекрасни и неповторливи моменти... :) ...дефинитивно би ти препорачала не го пропуштајте тој чин,ужувајте во денот кој е дефинитивно непофторлив.Свадбата ми е најубавиот ден во мојот живот :inlove:
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас се бунев за земање од дома, ама тоа излезе толку интересно и спонтано, ептен беше добро! :rofl: Сакаш кога играа надвор, па на свеки 10 пати ќе и паднеше погачата, сакаш кога се пазареа за мене, нема зборови со кои би се објаснило тоа смеење, сакаш кога се ипотепав јас по скали надолу арно глава не дупнав, ептен беше смешно и интересно. Не го пропуштајте тоа, воопшто не е селско и безвезно ако така го направите! :lol:
     
    На ilipili и eli25 им се допаѓа ова.
  14. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Абе да бевме од ист град ич немаше да размислувам, секако ќе имаше земање, само проблем е што свадбата е во лето, а и различни градови се.
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Coconaut колку време возење има? Еден, па и два часа не е кој знае колку :)
     
  16. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    И ние не сме од ист град, па ќе има земање на невеста. Без тоа не можам да си ја замислам свадбата :D има да се изнамачи додека да ме земе бре, не му се давам така лесно :D . Шала на страна, тоа е убавината на свадбата. Ние живеевме заедно и пред веридбата ( во сосема друг град), излезена сум од дома веќе 10 години, а вереникот и повеќе, ама сакам да дојде по мене од ДОМА и да ме внесе ДОМА кај него, без разлика што ние може никогаш нема да живееме таму. Ќе помине повеќе од 100 км, ама ќе си ја земе невестата :)
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  17. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Па има скоро 2 саати со кола по жештините :(
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Кокосче, многу сакав да ме зимаат невеста од дома, пукната бев и си мислев ќе си го истерам моето, ама на веридбата асално си го окркав, се остана на мене во последен момент, секоја среќа што каснеа, па поучена од таа драма се откажав од одење по невеста, ќе се собереме кај нас, ќе идеме во матично, од таму на сликање во паркче и правец Лешок, не ми се малтретира, ќе треба по најжешкото да идеме до југот, и назад, па и Лешок, се откажав дефинитивно :tmi: Види си ти како ти одговара, кога ти е свадбата, дали има резон да се мачите сите, јас не бев спремна да ризикувам ;)
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  19. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ем ризик ем трошок, ама пусто сакаш да те земат од дома, со сите адети :D Свадбата ни е крај на август. А и како тоа би изгледало кога не би имало земање, моите фактички треба да дојдат кај неговите дома и јас да излезам од кај него.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Така ние ќе направиме, моите нит се бунат нит ништо па јас се оградувам бидејќи сеуште никој нема никаква реакција, додека они мируваат јас морам да планирам, што да им правам, ако немаат никаков коментар нека молчат до самиот крај :D Нешто ми спомна сестра ми е не било убаво така, глупо било, ама не, се решив веќе и готово, ако сакаа имаа време да се бунат, сега веќе се е изорганизирано, а не да се бунат пред крај. Ние ќе правиме во Септември, на 8ми, знам дека имам цели 3 месеци ама сакам со време да се знае се и многу многу коментари не трпам :lol: