Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ама после да не ти биде криво? И моите не се бунат сега за сега ми викаат ти одлучи си.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Веруј ама ич не се замарам, ко што кажав, се трудам да ги анимирам сите, никој не е заинтересиран, нека пројде свадбава више само и да не се нервирам. Се трескав од земја, се припотресував со триста проблеми и нервози, сега сум скроз искулирана.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Ресторан - закажан
    Матично - закажано
    Црква - закажана
    Музика - закажана
    Фотограф - закажан
    Фустан - одбран
    Аксесоари - ќе се бираат во Јули или Август
    Бомбони и покани - одбрани и до крајот на месецов ќе се започне со нивна изработка
    Фризер и шминка - сеуште не одлучено
    Торта - закажано консултации со најдобриот Cаке Воѕѕ во градов
    Организација на пола пут :?: Ми фали нешто? Дајде кажувајте ако нешто пропуштив :D И да ви кажам банкиве се живи лопови, за 300 денари платив провизија 200 :o
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^ Зетот го заборави? Го средивте него? :D
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Зетот има само една работа да направи, да се стокми со оделце, со смешак на лице и на време да биде се тоа, нема он многу многу што да праи :D Ама кажи ама сум експедитивна, 3 месеци пред свадба јас се си имам средено :D
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Добра работа си завршила, јас само овие ги имам средено
    Матично - закажано
    Црква - закажана
    Музика - закажана
    Фотограф - закажан
    Фустан - одбран
    Кажи ми каде нарачавте покани и бонбони и исто така проблем ми е каде да правам шминка и фризура.
    Ке треба и дарови да купуваш за кум, страосват, ама за тоа се надевам ќе се договорите меѓусебно, јас планирам да ги прашам дали имаат некоја посебна желба , а ако немаат тогаш пари и ај со здравје.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Море кога седнав ова да пренесам на хартија и да видам што ми останало сфатив дека ми останало уште доста :( Кондури и ташна, ама ајде и тоа решив да бирам во Јули-Август, е се договорив со една девојка за бидермаерот, конечно најдов некој да ми донесе маргаритки во Септември, ми рече да ја потсетам некаде средина на Август да ги нарача, бели со лилакови гипсофили и се разбира деталите од фустанот ќе ги изработам и за бидермаерот, како и за венчето за коса :D Кокосче, покани и бомбони ќе си правам сама, поканите ќе ми бидат како оригами, кутија која се расклопува во покана, а бомбоните ќе бидат во форма на цвет, од свилена лента и измеѓу ливчињата ќе ставам бомбончиња и каменчиња како на фустанот. Иначе викендов сум на свадба во Лешок и баш ќе видам како ќе биде, генерална проба би му дошло ова :D
     
  8. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Јас 6 месеци пред свадба се средив за да не се замарам па сега неговите ме прашуваат абе вие што правите, ништо не средувате, збунети се како тоа се е закажано :)
     
  9. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Ние на 5 октомври закажавме свадба. Пред да почнам да пишувам што понатаму со матичното завршивме ние лани уште на 28 октомври си се зедовме. :lol: Барем едно галје помалку. :) Во јануари уште закажавме ресторан и музика. Во црква закажавме пред еден месец, сега ни останува уште за фотограф да се договориме да најдеме со мм. Венчаница имам одбрано каква, но треба да ја шијам т.е да ја реализирам негде накај август средината. А за бонбони и покани се мислам и тоа во август да го средам. А мм ГОТОВО за него готово е уште не почнато :lol: Тој костим си нашол да си го купел уште и готово и јас ваква :o :fubar: Ама ајде машка работа. Туки ај ај ќе го спрегнам јас да растрчува по покани и бонбони и да ги разносува тоа поканите. Се' уште немам ништо во план за шминка и фризура. :( Моите веќе купиле поклони за свеки и свекор ми, золва ми, кумовите, деверот и старосватица. Барем тоа галје мене нека не ме засега. Убаво што мама се понуди да купи. Па, девојки сакам да ве прашам некои што знаат во Скопје што имале искуство од некои добри шминкери/шминкерки или за фризура некои да ми препорачате, но цените да не им се астрономски. Поздрав девојки и ви посакувам на сите среќа гоооолема и најубаво да си поминете на вашата свадба. :inlove:
     
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Специјални се младоженците, да ти е мило да бегаш!!! :!: Мојот арно жив остана, пази го шампионот. Пиздев значи како нездрава дека нема одело, а дека не е некоја фигуринка за која се наоѓа одма. И дојде времееее... Сите сакоа од едно до последно му беа со кратки ракави, тесни на рамениците, ако земе поголем број му беше широко во струкот, и така натаму. Го фати сењор паника, па почна да трча по шнајдери и сите до еден го откачија. Нормално, пошто точно на 5 април почна да бара, а свадбата на 5 мај. Жива среќа искрсна еден салон во Мавровка, каде едно смешно одело му го преправија за да му одговара, па не дојде во тренерки... :rofl: И знаете ли мили мои што ми кажа идиотот кога го зема оделото? Пиевме кафе некаде, и викаЧ Леле Елена, жива среќа имаш значи што не мораше одело да бараш. Какви венчаници, какви покани, какви бакрачи, ова да знаеш колку е заебано!!! И еве, уште е жив, не го утепав. Штета. :rofl: Не се сеќавам дали еден или два дена не му правев муабет, ама мислам дека во налет на хормони фрлив едно 10-тина покани од тераса и кај мајка ми си отидов. :rofl: Така да, машки си се машки, никакви се. Колку побргу се помириме, тоа подобро! ;)
     
    На ilipili, Hipica и Agrona им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Хахахахаха Елена не си тачна :rofl: Јас сум поискулирана морам да признаам. Само што мојов најавува дека сака да иде во фармерки и кошула, не знам дали ќе проживеам да го видам тој циркус или дали он ќе проживее :lol: Него ќе го средам заедно со мојата венчаница, некаде Јули и Август, јас сум сеуште во фаза слабеење и стегнување па не би сакала да почнам уште сега па во последен момент да трчам по поправки. Мислам јас секако ќе преправам венчаница, нема да шијам нова, па не е страшно, костурот го имаме веќе само треба да се оформи според мојот крој :D
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    И јас бев супер искулирана, се додека не ме спопизди со оделото. Башка наплив на хормони, толку требаше за да скокнам очи да му извадам. Еден нај добронамерен совет, ко на сестра што би и дала: НЕ ПОПУШТАЈ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :rofl: Абе едно ако му дозволиш за свадбата, на глава ќе ти се качи. Фармерки и кошула, аха речи, а која ќе ти биде невеста??? Јас речи му јадам треви со месеци тука за да се дотерам, а ти фармерки и кошула??? И онака подрами му малку, хахахаха! :rofl: Среќа што се ми одби на хормони, инаку ќе се испооставевме пред свадба, не за друго, џабе ли се мачев бре толку време? :lol: Ич не се секирај, колку и да ќутат имаат они филм како сакаат да изгледаат. Никако тоа не се фармерки и кошула, ќе се изненадиш ти гарантирам! ;)
     
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    јас па еднаш пробав да го наговорам да носи фармерки кошула и сако и добив само :^)

    што да правам елегантно ми е мажето си беше дотеран во шик одело врска и мн убави чевли. мојот предлог воопшто не беше разгледан :D

    како и да е секој треба да си носи она што му лежи на душа ако го натерате нешто со сила ќе ви се мршти цела вечер, нема да му биде пријатно на сопствената свадба.
     
    На Annath, Moira, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Јас иако имам уште една година до свадбата,сакаме да ни е идната година во јуни уште од сега полека почнувам да се спремам.Фризура,шминка,нокти уште од сега знам каде ќе правам, блиски мои кои што имаат козметичко студио ги капарив :D .Венчаница-во потрага сум. За него костум имало време да бара ]:) само ако чека до последен миг ко шо си знај некогаш ќе му кашам убо :devil:,добро е важно знае каква боја сака и знае што сака,а јас нема да му се мешам во изборот :)
    Ресторан ќе закажиме во текот на следниот месец,уште од сега ќе почнеме со потрагата по соодветниот.Е сега имам едно прашање околу ова.Бидејќи мене ќе ме земат од дома,тоа ни е желба,а сме од различни краеви на Македонија оддалечени 160 километри дали треба односно правило е да се прави свадба таму од каде што е младоженецот или пак може и во мојот град? Неговите оставаат на нас,моите одоколу велат дека требало таму од каде што е зеткото,но сепак оставаат на нас.Е сега ајде ваше мислење барам и благодарам однапред :) .
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа :) Јас сум од Скопје, мажето од Куманово, свадба ќе правиме во Скопје :rofl: малце негодуваше на почетокот ама се согласи :wasntme: а нашиве воопшто не се ни мешаа, ни рекоа кај сакате таму нас ни е сеедно :)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Ај кажувајте сега добар фризер-шминкер, Зорица не ми е слободна, морам да најдам друг :D
     
  17. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Мене ме правеше Даниел Николовски работи во Empire во Скопје и сум пре пре задоволна од него. Бев принцезичка на свадбата. :$
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Дај ми во ЛП повеќе податоци, цена, контакт....
     
  19. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Женски каде да најдам балони со испринтани работи (иницијали на пр.) ?
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Девојки (од Скопје), каде ги купивте или нарачавте украсите за во коса?