Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Сноу, јас сама ќе си го направам, од сребрена жица и мурано стакло, деновиве ќе го почнам и ќе добиете фотодокументација ;)
     
  2. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Имаш на женски пазар, а една другарка ми кажуваше дека во Буњаковец имало некоја продавничка каде што правеле многу убави украси, дури можеш и сам да си однесеш слика и тие таков украс да ти изработат. Незнам како се вика продавничката, ама ако поминуваш од таму не е лошо да си видиш, зошто на женски пазар се крш. Јас ги позајмив моите од братучетка ми, немав потреба да купувам така да само толку можам да ти помогнам. :)
     
  3. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Во Беверли трговскиот. Кога стоиш пред Беверли од десна страна е. Не знам како се викаше жената, ама има многу избор и можеш да и однесеш и на слика ќе ти го направи исто.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    На бит пазар се жива катастрофа - кич според мене.
    А за во буњаковец и јас имам чуено, ама никако да дознаам како се вика продавницата.
     
  5. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Мислам дека продавничката во Беверли се викаше Олимпија и колку што се сеќавам имаа и фацебоок па може да ги побараш :)
     
  6. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358

    Да точно така се викаше.
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    На ФБ не можам да ја најдам, ако имате линк од Олимпија, пратет ми.
     
  8. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Олимпија можеш да ја најдеш и во Ѓорче има исто продавница спроти пазарчето,но многу е скапа .
    За тоа што јас сакав да ми направи ми побара 2000 ден ,јас сама си го направив за 500.
    Ако не те мрзи и имаш идеја можеш и сама да си направиш .
     

    Прикачени фајлови:

    • venece.jpg
      venece.jpg
      Големина на фајлот:
      12,3 KB
      Прегледи:
      185
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Повели :)

    http://www.facebook.com/olimpia.bijoux?fref=ts
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас сама си го направив украсот за коса, бидејќи се што видов готово беше кичаво, а се останато прескапо. Таа дотичната Олимпија ми побара 1500 ден за некое бисерче и кристалче умотано во жица!? Е не баш. Во чаршија кај оној свеќарот видов нешто слично што со промени ќе ми одговараше такво со бисерчиња и кристалчиња, и ко ми откорна 600 ден... Си викам овие стварно ме зафркаваат, земи си Елено жиците, си купи бисери во 5 големини исто и кристалчиња, си направив украс и пол кој сите ми го пофалија. Размислете и на таков чекор, не е скапо и тешко! ;)
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Eлена, јас и да барам нема да најдам тоа што ми треба бидејќи не сакам да имам бел детал во коса туку лилакова боја, како зумбул. Всушност за ова се работи

    Ќе побарам стаклиња мурано, циркони и кристалчиња и сама ќе си го изработам, како деталот за коса така и овој како брош на деколтето што е. Косата ќе ми биде иста ваква, само што венчето за коса нема да биде зелено како овде туку како што кажав боја, зумбул :D Затоа кога веќе си изнакупив жица тон, само уште овие за нижење ми фалат и ќе се фатам викендов за работа ;)
    Сноу, креативна си, можеш сигурна сум да си направиш три пати поубаво од тоа што го нудат ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • detal.jpg
      detal.jpg
      Големина на фајлот:
      12,2 KB
      Прегледи:
      354
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Немам слика на овој компјутер, мене ми требаше баш бело, односно шампањ. Црвена ми е косата, па неможев многу да експериментирам со бои, а имав бисери на фустанот и бисерен дискретен накит. Ако ми веруваш, за пола саат беше готов украсот, си нацртав на хартија како сакам да изгледа, и без проблем го направив. Ме чинеше околу 100-150 ден, а ми беше точно по мерка како што сакав. Лесно се прават, стварно!
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.135
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира во врска со свеќите што се носат во црква, јас како што знам е дека треба 2 свеќи од кои една држи кумот а друга држи старосватот :^) а можеби и грешка сум :tmi: е сега баш гледам на една свадба држеле свеќи и кумот и девојка му негова, и старосватот и неговата жена :?: колку всушност свеќи треба ? :)
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^Кумот купува 2, и старосватот 2.
    А потоа попот од кумот едната ја дава на младоженецот, а од старосватот едната на невестата.
    Кумата и старосватицата,ги држат свеќите кога едниот од нив менува т.е. вкрстува бурми/круни.
     
  15. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Феминки знае некоја од вас добар фризер и шминкер во Битола? Ако има и фб уште подобро :)
     
  16. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Хммм, изгледа никој од овде не знае :?:
     
  17. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
     
    На ilenaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Фала ти Missbutterfly секако дека помогна :* Ако знаеш уште и за некој фризер супер
     
  19. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Најдобар само ако го резервираш со време zoran.shurbevski
     
    На ilenaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Колку време ја прават шминката и фризурата за невеста? Јас закажав во 11 а ке дојдат по мене во 2, па се плашам дали ќе стигнам. Претходниот слободен термин беше 8 30, ама ми се виде многу рано.