И јас не сум за такво светло зашто во поголем број случаи е бош и изгледа само премногу џиџано и ништо друго.
Бидејќи избрав така прилично високи штикли за свадбава, сакам да земам уште едни за резерва, кои би биле на целосна плута со истата висина. Имам едни пониски кои ми се ептен згодни, но се мислам да не ми се влече фустанот со нив. Искуства некои?
^ исто и моите ке бидат прилично високи, а ке си купам резервни удобни, не високи, малку онака некој сантим, исто и сестра ми кога беше несвеста имаше ептен високи штикли ама на сред свадба ги замени со едни ниски бели ортопедски, ама фустанот не и се влечше.. така да пробај си ги ти на фустанот пред свадбата за секој случај
и не само тоа туку прееескапо 500 евра па тие пари да ги искористиш за декорација на ресторанот, за цвеќиња има да ти биде како од бајките, а сепак да не изгледа кич
Здраво, се спремаме за свадба, се сама си организирам, но некои работи едноставно неможеме да си ги дозволиме прескапи се. Денес се јавив за пајтонот за да се сликаме за свадбата, ама 4 000ден.Дали може некој да ми даде идеја за каде да се фотографираме за денот на свадбата???
јас да прашам нешто чисто ме занима далеку сум од свадба за црква се носат 4 свеки така? 2 кумот и 2 старосватот? а материјалот, виното погачата кој носи? И треба ли нешто друго освен тоа
Материјал кумот и старосватицата, погача свакрва и црвено вино свекор.И бонбони со јачмен и паричка за фрлање тоа свекрвата.
Колку китенки ми требаат оти гледам некаде имаат многу за сите гости што ќе ми дојдам дома треба 2 девојчиња да им ги редат или само за најважните девер, старосватица, кум, младоженец, свекор и свекрва????
Китенките се ставаат на сите што доаѓаат по невеста. Колку луѓе ќе дојдат, толку китенки треба да имаш.
Женички мои убави сакам да купам нешто слично вакво за свадба кај другарка.. ако најдам некој комплет артистична (значи не етно, и не нешто уметнички лудории) грнчарија, а да изгледа убаво, фино... пристојно, little posh. Oва случајно го најдов по нетот, Jay Kimball e авторот..ама пошто не ми е преку улица типот, знаете ли кај може да си најдам вакво нешто у Скопјево А, aко имате предлог, нешто друго интересно, кажујте!
Чекајте, а нели само старосватот купува материјал , зашто два материјала? Нели само еден треба? Јас цело време така знам, ме збунивте сега
Порано така било само со еден материјал, а сега носат и кумот и старосватот. Кога ќе закажете во црква, ќе ви дадат список со тоа кој што носи и таму го пишува ова.
Така е. И кумот и старосватот носат материјал за во црква, како и по 2 свеќи. Свекрвата носи погача, вино и бонбончиња за фрлање преку младите. Каква било боја. На свадбата каде што бевме старосватови, нашиот материјал и материјалот на кумот беа шарени.
Здраво девојки, нова сум на форумов па ако иам некоја утка немојте да ми се смеете ))) Инаку ние закажавме свадба на 11.04 во Журнал и имаме цели 5 месеци за организација, слабеење, стегање, правење венчаница итн,итн )) Мене ме интересира, колку време пред свадбата да почнам да шијам венчаница, пошто ако не ме подбуцне некој ја сигурно ќе задоцнам со се ))) Најискрено не знам од каде да почнам, во еуфорија сум уште од сега, а регистрирани сме уште во декември минатата година. Ве молам, баш те срцки, ако било која од вас барем ме насочи од што да почнамммммм, затоа што јас почнав на се од еднаш да мислам и ќе се мрднам )) Фала ви унапред и честитки за сите што планираат, испланирале или па ќе почнат наскоро со подготовки. *****
Види мила, јас кога прашував за венчаница сите ми викаа два-три месеци пред свадба да започнам со бирање материјали, шиење и слично, но кога почнав навистина да се интересирам и да се распрашувам дознав дека на крај пак ќе ти ја сошијат во недела дена пред свадба, но ти запази си го овој рок и свиркај си после, ништо не те кошта. Имаш време да, ама ти не се замарај многу со тоа, почни си сега со бирање на деталите па да си знаеш што сакаш и ако нарачуваш да знаеш што ќе нарачуваш, а ако сама правиш ти самата ќе си знаеш колку ти треба. Реално ефективно ти е два месеци спремање, од искуство а богами и од искуство на другиве женички овде
Баш е јако Нешто слично иам наоѓано на 2 места во Скопјето - првото е одма до поранешен Кингбургер, значи во насока од Кај Маршалот па до раскрсницата кај Соборна има само една трафика, на самата улица, до трафиката има 2-3 мали продавнички, на тротоарот, ги минуваш и излегуваш на семафорите кај соборна. Втората продавница во редот е за такви ствари, има еднобојни, со повеќе дезени, кинески јапонски мотиви и сл, а воопшто не изгледаат евтино или „пазарски“, онака баш пош се као шо пиша. Исто мислам и дека не е нешто прескапо као поклон за свадба. Другата, исто во тоа регион, поточно, измеѓу Зегин и Буњаковец на Партизанска. Оваа продавница е поголема, за порцелани, керамики и слично, иам гледано прекрасни сетови ама и малкичку така поскапички се Сеа не ми текнува точно кај измеѓу овие две, ама одма е на самата улица и голема е продавницата, мислам дека таму има и трафика, месарница и сл. Разгледај па може ќе бендисаш нешто. Поздрав
Фала ти Трнче! Денеска баш договорив да шетам со маме моја за рака, оти,тоа што мене обично ми се свиѓа,нејзе не и се и, и изгледаат ко будалаштини стварите што ги бендисувам. Ама ако,ја па ќе и купам сладолед и кафе, и па ќе купам што мене ќе ме бендиса, а ако невестава не ја бендиса,епа чорба... Нека го поклони на друг кога ќе оди на свадба! Ќе ја побарам и таа втората продавница што викаш дека поскапи биле работите. Да видам јас,ако изгледа и поубаво,поинтересно ко за поклон,супер. Битно да ги најдам продавничкиве цц. Тенкју!