Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Различни места, различни обичаи :)
    Кај нас на пример бајракот се кити во неделата (денот на свадбата).
    Утрото кога се собираат кај момчето го китат, па го заигруваат и тргнуваат по невестата :)
     
  2. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Луѓе имам проблем на денот на свадбата ќе имам добиено што да направам незнам неможам да го избегнат тоа???? Се нервирам? ;( ;( ;(
     
  3. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Луѓе имам проблем на денот на свадбата ќе имам добиено што да направам незнам неможам да го избегнат тоа???? Се нервирам? ;( ;( ;(
     
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    259.314
    Пол:
    Женски
    Ne gledam problem, nema da ti e prv pat. Tamponi, vloski sto koristis toa vo tasna I gotovo.
     
  5. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Nema da e 1 pat ama bas na toj den li?
     
  6. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    A i za deverot dali samo masna da mu vrzam ili treba i kitka da mu stavam??
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    И машна и китка, ги става немажено девојче, сестра, братучетка, другарка...
     
  8. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ги ставам ќе имам само 5 китки немаме сватови и доаѓање по невестаДва три дена пред свадбата кај нас дома кај мене се собираме и на денот со музика сите заедно блиските одиме матично па црква и на крај фото сесија и правец ресторан.Без адети филмови и дрн дрн јариња.Ем убаво ем без губење време и нервози.Имам гости од цела Македонија.А и вереникот не ми е од Скопје.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.386
    Допаѓања:
    103.178
    Пол:
    Женски
    Вратила се нивеста :rofl:
    И еден огромен совет да ви дадам дур има време, вечерта пред свадба еден Хелекс да се напиете, на ден на сама свадба една ракија и се ќе биде во најдобар ред. Не заборавајте од дома да ја понесете најубавата насмевка на свет, тој ден е едниствен и не вреди да го уништувате со непотребни нервози и проблеми. И не дека беше моја, ама мојата свадба беше една од најубавите на цел свет, замолувам една идна невеста да потврди и овде ако е вољна :lol:
     
    На Осе, insatiable-b, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^
    А што да се каже после таква веселба. Ај да не испадне сега си се фалат една со друга и за лајкови дека е, ама како сака нека биде сфатено, јас ќе си кажам.

    Да почнеме од невестата, права принцеза, преубава фризура, природно нашминкана, од два пара штикли, играше со балетанки. :D Да не сме офф-топик, еве совет за идните невести, сите со еден пар балетанки под мишка, нема потреба наредна недела да одите со отоци на нозете. ;) Што се однесува до венчаницата, посебно за девојки со поголеми гради, материјалот многу тежи и подобро е барем тенки прерамчиња да има, за да не треба да се крева цело време. Не за друго, треба цело време да му ја мислиш да не ја најдеш венчаницата некаде по пат. :P
    Музиката супер, јас некако не сакав пејачка, женски глас за свадба, ама во комбинација со пејачот звучеа перфектно. Дефинитивно има некои песни што не се за машки глас, како и обратно. Јас умирав од штиклите, ама ај да те видам седи при таква забава. Сите играа, зетот и невестата највесели, полно млади и ете ти гаранција за добра журка. Сигурно дека е подобро да има што повеќе млади, тие ја прават свадбата, наместо ојлевци дојлевци што не ги ни познаваме. И јас го сменив мислењето за мала свадба и што поинтимна. Кога има повеќе гости, орото никогаш не е од двајца без тројца, туку едни седнуваат други стануваат и така секогаш има луѓе. (Тука не се мисли на свадба со 500 души)
    Така, ова е еден општ впечаток. :)
     
    На Annath, ilipili и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    251.679
    Ангел нека е со среќа, да сте вечни и среќни :* .
    Ставај слика да те видеме :wasntme: .
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.386
    Допаѓања:
    103.178
    Пол:
    Женски
    Среќо моја љуби те Ангел :$
    Дефинитивно, да ми беше сега овој памет ќе ставав нешто налик на прерамки на венчаницата, ама помина, она постојано подигање беше делумно и од некој страв во главата да не случајно падне, а и како што вече знаеш, слабеев ко луда предсвадбено, онака лајт, смкнав едно десетина сантими околу струкот и градите, па од последната проба до свадбата фустанот дополнително ми беше широк, не знам дали примети, делот со шнирењето ептен се познаваше :tmi: Мислам што да ти раскажувам, си знаеш ти најубаво :lol:
    Така да си знаете, не бевте неприсутни на свадбата моја, имаше и претставник од Фемина :D
    Слики ќе добиете штом ги добијам и јас деновиве ;)
     
    На ilipili, dejana2, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Во матично само со лична карта можеш да се регистрираш или.. ?
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.386
    Допаѓања:
    103.178
    Пол:
    Женски
    Мислам дека да, прашај си пак во матично ама мислам дека не може со пасош, на една познаничка два дена пред свадба и го украдоа новчаникот и личната карта во него, беа во узбуна дека нема да може во матично да помине, претпоставувам дека не можело со пасош заради тоа кренаа узбуна ;)
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.218
    Допаѓања:
    139.922
    Не може со пасош, мора со лична карта. И јас ја изгубив личната карта пред свадба, па морав да вадам нова, па после пак уште еднаш нова, со новото презиме.
     
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Најубаво да си прашаш во матично. По правило мора со лична карта, но и ние кога требаше да се регистрираме, јас немав валидна лична карта (и беше поминат рокот). Бев спремна да вадам нова. Кога отидовме во МВР (навистина не знам како е во другите градови, но кај нас закажување за матично е шалтер пред просторијата каде се издаваат лични карти) да си закажеме на матично (по со време бевме), побараа лични карти од двајцата, јас им објаснив дека ми е застарена (не беше ни биометриска) и дека планирам да вадам нова, сега пред свадбата. Матичарката ме познаваше и ми рече да уплатам што треба за л.карта, да пополнам барање, а за сликање - по свадбата. Рече дека нема потреба, штом планирам да менувам лични податоци и адреса на живеење, два пати да вадам лична карта. Ми ја задржа старата л.карта (ако се сеќавам добро) и уплатниците, пополнивме некакво барање, ни ги стави во една папка и толку беше. На денот на свадбата (кога се одржа и матичното венчавање) матичарката, ги носеше со себе потребните документи, а од нас двајца не побара лични документи, само од сведоците.

    Не знам дали вака е секаде, или дека сме во мал град, па секој - секого познава, но пробај -прашај си.
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ќе си купиш апчиња примолут нор и ќе ја одложиш за неколку дена...
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Немојте да си играте со хормонални апчиња и да ги земате на своја рака. Мене овие апчиња ми испореметија и циклус и овулација, а кога ќе добиев партали излегуваа од мене. Има и посебна тема на форумов за нив, можеш да прочиташ и други искуства, кои се во главно лоши. Има решение и без таблети, убаво ти кажаа девојките, тампони, влошки, смени ги неколку пати, носи постегнати гаќи и немаш гајле.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.386
    Допаѓања:
    103.178
    Пол:
    Женски
    Се слагам со Срекичка, и јас имав добиено на свадба, едноставно си облеков обични гакички, си ставив ноќна влошка за да можам да си бидам мирна подолго време, ја сменив пред веселбата во ресторан и дополнително ме стегаа хулахопките со оглед на тоа што беа такви, демек за подигање на задникот, немав гајле цела веселба, не ни отидов во ВЦ од што немав кога :lol: Тампон е малку покомплицирано, треба да го смениш на неколку саати, па уште во нервозата и брзањето ако не го наместиш убаво ќе се осекаш неугодно. Е сега ако сакате да имате права прва брачна ноќ, што не познавам сеуште некој кој ја имал како таква, опција ви се овие хормонски таблети, ама зошто, верувајте никому не му е до секс после целиот тој умор на свадба, одговорно тврдам, ни пари не броев, ни ништо, му ја легнав и заспав во рок од една минута :lol:
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да ве прашам од каде можам да купам китенки за старосватицата, кумата, кумот и малото кумче и деверот и некое убаво вечне за на влезна врата. Кај можам да најдам негде така низ Скопје. Поздрав ! :hai: :$ :* :inlove: