Има една продавница на Бит Пазар на крајот од златарската улица, има се за свадба, само не ми текнува како се викаше, ако не можеш да се снајдеш прашај некој сигурно ќе ти каже
Ај те молам малце поубаво објасни кај се наоѓа продавницата. После златарата Циркон некаде? Мислам дека таа е меѓу последните златари на златарската улица.
Да, меѓу последните златари е, името на продавницата мислам дека беше православно, стара продавница е
Значи мене маката ми е ..... незнам дали е за во оваа тема, ама ај ке напишам: јас планирам да си бидам елегантна невестичка, нешто како скромно ама убаво.... и сепак впечатливо и со стил.... е сегаа имам една другарка која сега скоро брат и правеше свадба и купи фустан ОМГ , значии можете да замислете ко за на црвен тепих е,а за цена да не споменувам , венчаницата моја е тродупло поефтина.... е сега истава госпогица ке се појави на мојата свадба со тој фустан Ии не само тоа, друга особа што ке е присутна на мојата свадба нејзината сестра прави свадба една недела по мојата исто и оваа нарачала фустан од стилот „види ме каква сум“ што ке си го носи и на мојата и на сестра и на свадба... Зборот ми е не сум искомплексирана со тоа, ама сепак има етика за облекување по свадби...
^ Абе не се замарај, ти си невестата, со идниот сопруг ќе бидете ѕвезди на вечерта! Ако некоја тетка или стринка дошла на твојата свадба за да „снима“ како ти биле облечени другарките и дали некој бил поубаво облечен од невестата, не ни заслужиле да ја уживаат честа да присуствуваат на твојот најсреќен ден. Ич да не се секираш. Секоја невеста која е весела, разиграна, полна со позитивна енергија на сопствената свадба ќе остави БЛЕСКАВ впечаток без разлика дали носи венчаница од 100 или 100 000 евра
Феминкиии како да одам до тоалет на свадбата моја кога мојот фустан е огромен и со корпа?? Помош??? А јас одам на секој саат во тоалет???
Нема потреба да се замараш , секако невестата е главна на свадбата и сите во тебе ќе гледаат , впрочем денот е да си ја прославите вашата љубов а не фустанот . Незнам која е таа етика за облекување на свадби искрено , знам дека само не се носи бело , еве другарка ти лупнала пари на фустан за свадбата на брат и , каде ќе го носи тој фустан ако не на друга свадба . Реално свечените фустани чинат многу , и ако веќе си лупнал пари сакаш да го износиш .Не сметам дека другарка ти сакам да те засени а и невестата никој не може да ја засени
Здраво невести нова сум на форумот, но оддамна ве читам и има многу корисни совети. Па сакав да прашам до колку ве чинеше подарокот за кумата, бидејќи јас имам само кума, дали тоа значи дека треба да земам поскап поклон?
Значи, ако е премногу широк, ќе ти треба помош од друга личност. Најпрво, го поткреваш валот, па потоа корпата нагоре и средуваш работа Мене ми беше прелесно да одам во тоалет(бев само еднаш) и тоа без никаква помош а фустанот ми беше со неколку слоја вал и 3ка корпа
Ќе си ги викнеш другарките на помош Пред некоја година другарка ми беше невеста со таков огромен фустан со корпа и кога ќе и се приодеше во тоалет само ни даваше знак на мене и другата другарка И следи, она седнува на шоља, ние двете една од едната страна, другата од другата страна и држиме корпата и сите партали од фустанот високо во воздух.
Замислете и јас цел ден на свадбата не ни помислив на ВЦ, ниту па ми се одеше, не знам што чудо ќе беше тоа
Не сум нова на форумот ама на темава сум Свадбата не е закажана уште веројатно ќе биде мај или септември, но почнаа да се прават списоци за гости и сл на тоа работи, па ме интересира на главната маса во ресторан (невестинската маса) кој освен младенците треба да седи? И уште едно прашање збор треба да даваме за две недели, ама мене веќе љубениот ми го даде прстенот, е сега зборот ќе го правме само заради нашите(кои патем се дружат веќе 4 години). Што треба да се случува во однос на поклони, сега или на свадба? (веридба не правиме)
Чупенце, нека ви е со среќа прво, да сте долговечни и среќни На првото прашање, на главната маса секаде различни седат, кај мене седевме ние, кумовите двајца, старосватите двајца и деверот со девојката двајца. Кај сестра ми пак седевме и ние домашните, јас, мајка ми, татко ми и дечко ми тогаш, сега мм и од кај зетот мајка му, очувот и сестра му. Е сеа кај мене масите за блиските беа одма до главната. Поклони, нит давав нит ни даваа, така сами сакавме На свадбата купивме само за кумови, старосвати и деверот. Како сакаш така си праиш, односно како сакате самите. Некои купуваат и за едното и за другото, но мислам дека нема потреба.
Кој седи на главната маса од вас си зависи - секако вие, кумовите и старосватовите - друго правило нема. Некаде седат и родителите, некаде девер ако го има. Многу зависи и од тоа колкава е главната маса во ресторанот. Кај нас седевме само четворица - ние двајца, кумот и старосватицата (двајцата немаа партнери во тоа време). Главните поклони ги дадовме на запознавањето на родителите, што воедно ни беше и збор и веридба. Само на кумот и старосватицата на самата свадба им ги подаривме.
На мојата свадба на главна маса седевме, ние, кумовите двајца, старосватовите двајца и деверот, а масата на родителите беше одма до невестинската маса А за поклони ние се договоривме јас да ги дарувам само кумовите, старосватите и деверот и тоа неколку недели пред свадбата
Јас бев 8-ма недела бремена на свадбата, а не отидов ни еднаш во тоалет. Не ми е јасно како, првокласна мочка бев во тој период, а ете за свадбата ниеднаш. Иако кога ја соблеков венчаницата едно 5 минути буквално течев... Хахахахаха, јас мислам дека нема да ви текне за тоалет.
Jas i pred da bidam trudna sekoj saat odev vo toalet, a sega uste pocesto a fustanot mi e ogromen so korpa i plus stikli sekoi 15 min sum vo toalet.
AngelOfArh благодарам за честитките и благодарност и до другите на одвоеното време за одговор на моето прашање Значи како што викате да си се договориме ние, нема нокои адети тука, епа супер ми олесна Фала усте еднас и очекувајте ме на темава уште барем неколку пати
Во брска со то кој седи на главната маса јас баш би сакала маса на која ке седиме само ние двајцата на големи царски столови хи хи имам некаде гледано не ми текнува каде.... ама ресторанот невестинската маса е голема така да ке си седиме фамиијарно со моите неговите и кумовите