devojkiiiiiiiiiiiii )) zakazav svadba vo New star, veruvam ne mi e utnto ni pribizno...e sega problemot se iskreno finansiite...sakam muzika da mi bide Mile Kuzmanovski, iskreno ne e skap samo 100e e poskap od "anonimcite", bonbonchinja, nevestinski fustan, crkva, matichno...ufff se mi e haos...zafateni se mestata ushte nemame zakazano se drugo...pa eve ako moze da pomognete so predlozi za foto studio i ako nekoja od vas EVENTUALNO se znae so nekoj koj mile mu e poznanik moze da urgira za maaalku poevtino?
Ивка првин да ти кажам ај со среќа спремањето, не знам за кога ти е свадбата закажана ама сигурна сум дека имаш време. Прво немој да си зимаш при срце за анонимци и професионалци, кај мене музиката и не беше нешто екстра позната ама направија вистинска фешта, имаа една единствена пауза од 15 минути за ручек и толку. Е сеа, свекрва ми била на свадба кај што Наум пеел и рече дека џабе му професионалноста кога во цела свадба одвај да пеел саат време, исто и братучед ми, кој воедно и го ангажирав за музиката за свадбата - Балкан бенд им се вика групата мислам, он ме убедуваше да ја викне Благица Павловска да пее на свадбава и ме убедуваше буквално со тие зборови: Абе шо се сеќираш и така цела свадба не пее, само пол саат до 45 минути! Значи они не ја пеат цела свадба туку само еден дел, па сеа ти размисли дали ти се даваат пари за саат време, еве и пола свадба да е. Да бидам искрена не сум била на свадба кај што пеел Миле, знам дека е професионалец, додуша не знам дали и започнал да пее, како што знам во жалост беше, жена му е почината, прашај си за секој случај. Од мое сегашно искуство би ти го препорачала мојот фотограф, за другите работи не би можела да ти препорачам бидејќи скоро се останато сама си направив дома
Девојки утре сум на свадба и ке носиме за поклон пари, купивме такво тутурутче мислам се викаше и сега сакаме внатре со парите нели и да напишеме од кого се, ама не сакам само имињата туку и нешто друго , некоја идеја? Јас мислев да пишеме само Среќен брак од...... али маж ми не сака така просто било многу
Prvo se izvinuvam sto nemam makedonska podrska na laptopot. Sakam da prasam mislenje za Kaskada restoranot?Ne sum bila na svadba tamu I neznam kako e hranata a inace mestoto mnogu mi se sviga so fontani si cuda I taka. Drugata godina ke pravam svadba I sakam tamu da rezevirame. Odnapred vi blagodaram
За храната во Каскада имам слушнато дека не е нешто нај-нај. Знам само дека цените на менито се поефтини отколку во многу други ресторани.
Здраво на сите и едно кратко прашање.. Дали ни се потребни/задолжителни бурми за во Матично за регистрацијата? Или се само за во црква? Фала
Ако се венчавате во црква, бурмите ви требаат за таму. Ако се регистрирате само во матично без да имате намера да одите во црква, тогаш колку за сликање можете таму да си ги размените. Инаку, не ви се потребни, тоа е склучување на граѓански брак, а бурмите се дел од црковното венчавање, односно прстенувањето.
Феминки незнам каде да го поставам ова прашање па затоа тука .... Еден другар наш ќе се жени а сака мојот дечко да му биди девер ... е сега стари викаат дека доколку си девер не треба да се жениш една година најмалце. а дечко ми планира да се жени ( се разбира со мене ) ...Е сега не буни дали дечко ми да прифати или не сите различно ни кажуваат некој можи некој не ...прашавме попови и тие различнно кажуваат ...Доколку некој знае нека пиши .... Благодаам од напред
^ Симона и јас имам слушнато за тој адет, дека не смееш да се жениш 1 година...Така да вие одлучете си.
Лелелел незнајме што да правиме ...дечко ми биле сабалјево до црква прашале уште неколку попови и тие му рекле декем можело .... да незнајш кој да слушаш кога црковните луге викаат ....незнам што да се правиии ме фаќа страв :?
И јас имам слушнато дека една година не смее да се жени. А поповите врска немаат од НИШТО. Барем јас не ги сакам тие попчиња многу и не им верувам. Како ви одговара вас така правете, ако сте суеверни почекајте уште една година, а ако не терајте правете вас како ви одговара. Поздрав !
атед си е адет, кој сака го почитува, кој не не... и што ако си бил девер\ деверуша и ако дојде некое бебче во текот на таа една година не треба да се жениш правете така како што на вас ви одговара, и не се замарајте
Некои попови викаат и дека не мора да има девер на свадбата (на мојата немаше), па секако дека и за ова прашање нема да имаш еден одговор. Се сведува на тоа - правете како што вам ви одговара, и не гледам зошто ако се има желба, да не се направи чест и да се прифати таа функција.
Разграничете прво девер - старосват: во Ск, првиот е БРАТ на сопругот, и ако има брат, ќе има и девер. На други места во МК, девер е тој што сам го бираш, т.е. тоа што е старосватот во Ск. Лично не верувам во тоа дека деверот не смее 1год да се жени....уствари, живо ме интересира - кое е објаснувањето на црквата за ова правило, знае некој?
Kolku shto znam nezenjeto/nemazenjeto se odnesuva na kum i na starosvat, a ne i za dever i deverusha.
Јас имав старосватица, а девер си имам само како брат на сопругот, и тој апсолутно никаква улога не играше во црква. Сакав да каѓжам дека немав девер со улоги во традициите, што на некои свадби имам гледано. И мене тоа за немажењето/неженењето ми е нелогично, за било кој од "функционерите" на свадбата. Плус бев на свадба на која кумот имаше закажано своја свадба наредната недела - и ништо не им бидна.
Не само во Скопје, туку во цела Македонија братот на сопругот тебе ти е девер, значи роднински тебе ти е девер, исто како што неговата жена тебе ти е јатрва. Има разлика од девер на свадба и девер - брат на сопругот. Не мора и не е правило секогаш братот на сопругот да биде девер на свадбата. Девер може да биде и негов братучед, внук и сл. Значи, се е работа на договор.
Од каде го знаеш ова? На мојата свадба, на пример, попот пред да влезиме во црквата за почеток на церемонијата, праша: Дали имате ДЕВЕР? Имавме кум, имавме старосват, не ни текна дека некој и девер би барал. Не` виде дека сме збунети со прашалници, па убаво си се дообјасна: Дали младоженецот има БРАТ? Ако има, нека дојди, тој е деверот и како таков треба да стои до невестата. И така, јас на мојата венчална церемонија во Св.Петка, имав кум, старосват, девер и ЗЕТ до мене А деверот Да, како роднинска врска е секако братот на мажот, ама во Битола (на пример) девер/деверица на свадбата е всушност старосват/старосватицата во Скопје (пример). Кај нив НЕМА старосватица, има деверица, а мажот нејзин се води како „девер“. И ај сега, исто е?
На свадбата на моите девер бил чичко ми, значи брат на татко ми. На свадбата на чичко ми, девер беше син на негов втор братучед, значи мој трет братучед. На свадбата на вујко ми девер беше мој втор братучед, син на прв братучед на вујко ми и мајка ми. На свадбата на еден другар, девер беше првиот братучед на другарот (иако другарот има брат и тоа помал, неженет). На свадбата на бартучед ми, девер беше негов прв братучед. Имам уште мал милион примери Еве, прашај некој од другите градови во Македонија, ќе ти го потврдат тоа
Еве јас како знам дека одат овие работи Девер е тој што ги носи чевлите на невестата и ја чува ташната за време на свадбата (ово за поклоните во плик )и истотака во црква стои до младоженците со свеќа во раката. Деверот треба да е неженет и од страна на машкото, може да му е брат, прв братучед и тоа од машката страна прво се гледа ако нема од кај таткото тогаш од кај мајката прв братучед или внук од брат/сестра. Деверуша/шаферка е од кај невестата исто немажена, сестра, прва братучетка која му ја врзува машната на деверот на рака и тука традиција е или таа да му мавне шамар или тој да ја бакне, кој е побрз таа страна ќе владее со бракот. Старосватица е обично најдобра другарка на невестата, таа купува материјал и свеќи за во црква и стои до младоженците и исто покрај кумот е потписник како сведок во матично.