Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ето видиш колку измешани работи има во оваа наша мала Македонија? :)
    Јас се омажив, кажав како беше мојот пример.
    Бев „деверица“ слеш старосватица во Битола, а дечкото мој тогашен беше „деверо“. Немаше друг девер, бевме само кумот и јас.
    И сега, што е најточно, и КОЈ од сите „девери“ низ нашата Македонија не треба да се жени 1год од венчавката на други младоженци? :)

    п.с. Битер, мојата свадба беше ПРВАТА каде видов 5 (а не 4) луѓе наредени пред попот, затоа сите се збунивме :D Може и на други места правеле и прават така, ама јас до сега немав доживеано :)
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Moira, а да одиш во Штип ќе се зачудиш уште повеќе. Таму има плус шаферка. Значи стојат шаферката (девојче што и го носи буќетот на невестата и исто и даваш бовча, и врзуваш китенка, од страната на младоженецот е обично), младоженецот, невестата, деверот, а позади кумот и старосватот.
    Инаку, се согласувам, Македонија е мала навистина, ама секаде има различни обичаи. Не можеш крај да им најдеш :D
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Феминки ние прашавме еден куп попови прашавме и во соборен храм а и во нашиот град ни викаат поповите можи ако сака деверот да се ожени и по еден ден ...а од стари е останато дека деверот не треба да се ожени 1година ... па сега на попот гревот сепак прашавме свештени лица... А иначе кај нас девер на венецот се клава другар братучед и сл ...а правилен девер како на збор си е брат ми. А кај нас до зетот и невестата стои старосват и девер а позади кумот. И сега шашма ни е мозокот незнајме кој да ги слушаме ....
     
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    34.878
    Пол:
    Женски
    Старите рекле... Два венци во една година не се ,,вкрстуваат,,. Тоа значело дека, демек, ако младоженците се венчале во една година, во истата таа не требало да се вккрсти уште еден венец, т.е. дека не треба да се ожени некој кој бил нивни сведок во заколнувањето на вечна љубов ПРЕД БОГА.
    Суеверијата секогаш ќе постојат, и според мене, ако ние не ги искорениме, тие ќе продолжат да не мачат.
    А што станува збор за законитите, во мојот крај, старосват е брат на мајката од младоженецот (доколку го нема, ќе биде прв братучед), кум, се прашува оној кој го крстил младоженецот, доколку тој одбие, младите си бираат сами, и девер се бира кој сака,додека пак брат, братучед и сл. на младоженецот нормално се девери по крвно сродство...Така е кај нас.
     
    На sim0na му/ѝ се допаѓа ова.
  5. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Se izvinuvam za latinicata od mobilen pisuvam. Mojata svadba bese kako od bajka.Moram od se srce da ja pofalam devojkata koja se pogrizi za celat dekoracija doma kaj mene,kaj soprugot i na placot kade sto pravevme. Od se srce ja preporacuvam.Dokolu nekoj saka broj moze da me kontaktira so privatna poraka
     

    Прикачени фајлови:

  6. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    <3<3<3<3<3<3<3<3
     

    Прикачени фајлови:

    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Јас имам доста роднини во Битола и на скоро сите блиски свадби на кои сум била има старосват/старосватица.

    Девер (освен како роднинска врска, што верувам е секаде во Македонија) има и на венчавки (адети) ширум Македонија, не само во Скопје, а сепак нема секаде.

    Кај нас, девер (на свадба) е НЕОЖЕНЕТ брат/братучед/другар на зетот (и тоа предимството е согласно редоследот по кој ги напишав). Имавме и ние слушнато за муабетот дека деверот не требал да се жени една година, па кога маж ми (тогаш дечко) беше прашан да биде девер, ние си прашавме ЕДЕН поп дали е тоа вистина и одговорот беше дека не е вистина, и толку. Не правевме истражување па да прашуваме повеќе попови, владики и сл.

    Инаку, да се вратам на деверите :) во град на 45км од нашиот - нема таква функција на свадбата, во друг град на 80км од нашиот град, девер на свадба никако не е братот (без разлика што е неоженет).
    Така што можеме слободно да си заклучиме дека Македонија иако е мала - богата е со разни обичаи. :)

    Мое мислење е дека најдобро е да се постапи според обичаите и традицијата во местото кај што се случува венчавката.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Јас сум тука само за да им ја пофалам странава на идните невести..
    http://vencavki.com/
     
  9. babyusa

    babyusa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    14





    Се зависи од тоа како ке се договорат младоженецот и негов брат, другар, роднина и сл. Во велес има доста свадби младоженецот да има брат а тој да не е девер туку девер да е негов другар или братучед. А имало и слулчај кога двајца брака во текот на една година прават свадба и еден на друг се девери. И по ред стојат девер, невеста, младоженец и кум а позади нив стој старосват ( од на момчето страната е нешто тој бил на свадбата на неговите родители).. али и тоа не е секогаш така понекогаш старосват е и другар на момчето ... секој си тера различно :))
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Пред извесно време почнав детално да ја разгледувам темава. :D Како идна невеста секој совет и секоја идеја е добредојдена. :)
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Со мајка ми денес муабетевме нешто за свадби и жената се заинати дека деверот не смее да му биде брат на младоженецот :^).. морало да биде или другар или прв братучед.. јас мислам дека може така доколку младоженецот нема брат, ако има нормално тој си е девер..

    Исто и за старосватицата.. се запна дека немало потреба од старосватица, дека немала таа никаква улога, дека сведоците во матично биле само кумот и старосватот од страната на младоженецот :talk:

    Некој да ми објасни и за двете како е редот.. ми се смачи да се контрам со женава :lol:
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.708
    Пол:
    Женски
    Девер треба да биде брат на младоженецот, ама да биде неженет. Ако младоженецот нема брат или ако има, а тој е женет, девер треба да биде братучед или другар на младоженецот. И тие не треба да бидат женети. На некои свадби нема девер. Зависи како ќе се договорат младите.

    Старосватица мора да има или старосват. Тие може да бидат и од страна на невестата.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Според мене, додека траат подготовките за свадба, зборовите ,,треба,, и ,,мора,, избришете ги од вашиот речник. Секое место различни обичаи, секој си кажува како знае и умее. Правете го она за кое сметате дека е правилно. ,,Треба,, да е неженет, па читав не смеел да се жени кумот или деветот една година и што ли уште не. А да прашам, ако девојката на деверот или кумот остане бремена, не треба да се земат??????
    Нашата свадба е во април, девер ќе ни биде брат на зетот, а старосватица ќе ни биде мојата најдобра другарка. Не гледам зашто да биде старосват баш, како што викате погоре???? И не можам да разберам, кумот да биде од страната на зетот или старосватот или старосватицата од која страна да биле. Па јас имам во најблиското мое окружување каде кумот беше од страната на невестата и што сега? Мислам стварно не се нормални луѓево, како ти одговра така си правиш, па ти утре со тие луѓе со кои се ,,ородуваш,, ќе комуницираш, ниту свекрва ти, ниту мајка ти.......
    Да завршам, ние двајцата си се договараме за се, а родителите само ги информираме за тоа кој ни е кум, кој старосватица, кои обичаи и адети ќе ги имаме на свадба и сл.
    Така да опуштете си се и планирајте си го вашиот ден :*
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    ете ние немавме девер не сакавме лично јас и мм затоа што брат нму е женет а од братучедите одбери кој ;) а старосватица јас знам бар во скопје дека е од страна на невестата нели како демек машкото бира кум женското старосватица што незначи дека не може и да е старосват (другар другарка) :P
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Јас не сум многу по свадбите и обичаите, ама мислам дека кај нас на југо-истокот нема старосватица или барем не и се придава толкаво значење.
    За девер знам дека има , ама кој и што врска немам.
    Па ај некој од овој крај нека ми појасни :D

    Ама за старосватица сум сигурна дека нема толкаво значање, или воопшто ја нема. :$
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Па тогаш кој се потпишува во матично и во црква како сведок покрај кумот? На дипломата од црква пишува име и презиме на кум, име и презиме на старосват. Исто и во матично мора да се потпише некој на местото ,,старосват,,.
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Ти благодарам Срекичка, ама во нашите краеви навистина не им се придава многу значење на овие. Инаку во матично се сведоците, а во црква стојат "шафор и шафорка".
    Не се даруваат со толку вредни поклони како кумот, ни па им се дава толкаво значење, добиваат некое крпче или нешто симболично.
     
  18. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Брат му на вереникот е женет и има дете 12 години, сега него го планираат за девер. Ама читам сте пишувале дека треба брат му да е неженет??? Има ли врска
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Не те сфатив добро братот на вереникот или детето негово кое има 12 години? Ако се мисли за братот на вереникот мислам дека не чини, а а ко се мисли на неговото дете (внукот ) тогаш е сосема во ред.
     
  20. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Во југоисточните краишта навистина нема функција: старосват/старосватица. Во црква покрај зетот и невестата стојат кум и кума (или ако нема и кум и кума, тогаш кум или кума и уште еден член од семејството на кумот/кумата) и се разбира девер.

    Во книгата од матично нема место „старосват“ - туку сведок. Во матично не е битно дали си кум или не, битно е да се потпишат двајца сведоци. На нашата свадба се потпишаа кумата и синот нејзин (полнолетен се разбира).

    Ова со шафор и шафорка сум го видела само во струмичко, и таму на деверот не му придаваат многу значење, ниту во црква, ниту во домашните адети (кога се оди по невеста).

    LejdiD ако на свадбата девер е 12 годишниот внук на зетот (сигурно не е оженет) - тоа е сосема во ред. Не може таткото (братот на зетот) да биде девер (секако е девер како роднинска врска, но не и како функција на свадбата), а синот (внукот на зетот) може да биде девер.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.