Надувани со хелиум. Хелиумот е скап, една боца пред 4 години кошташе 1000 денари,сега можам да замислам дека е и повеќе.
Старосватот ни откажа, т.е не ни откажа баш ама пред развод е со жена му , така наеднаш од ништо и текна на таа да се разведат и човеков си има ептен проблеми па сакаме да бараме друг старосват. Пошто од страна на мажево нема може ли од моја страна некоја другарка да ми е старосватица? Како идат тие работи, кој по правило треба да е старосват/ица?
Секако дека може,мене најдобрата другарка ми е старосватица По правило на свекрвата браќата треба да се старосватови,тие ни откажаа... Старите старосвати од Тетово исто и немаше кој па ја поканив другарка ми
Мене најдобрата другарка ми е старосватица, на две свадби претходно бев старосватица по другарска база и знам многу други млади на кој старосватици им биле другарки
Не е битно дали старосватот ке биде од твоја страна или од негова. Можеш некоја твоја другарка, другар, или пак некој братучед, роднина партнерот..
Девојки морам денес да се решам кое фото студио ке ми слика на свадба, дилемата ми е меѓу Showtime Panajoti и фото Бимбо. Што мислите кои се подобри?
svadba/slikari-za-svadba-t5534/?hilit=%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8 Побарај совет во соодветната тема.
девојки ајде ве молам тие што сте тазе мажени да ми одговорите дали сте биле на пред брачни часови и што ви кажуваат таму ве советуваат ли нешто ве испрашуваат ли ,баш вчера го дознав ова дека кога ке си отишол да закажеш за матично дека требало да одиш и на часови,колку е ова вистина јас стварно незнам затоа ве замолувам да ми одговорите
Мојата свадба беше на 20 април, а матичното го правевме на 7 март, но никој ништо не ни кажа за вакви часови. Само си бевме во матичната служба и си закажавме. Мислам дека однесовме копија од личните карти, извод од книга на родени и две уплатници ки можеш на лице место да ги платиш во кеш или со картица. честитки и убав помин на свадбата
Јас како што знам повеќе ги нема тие брачни советувања. Брат ми кога се регистрираше во матично во 2005 г требаше да посетуваат некои часови но и тогаш им рекоа дека нема потреба и им дадоа некаква потврда. Ние кога бевме да закажеме баш ги прашав во матично и ми рекоа дека веќе го нема тоа. А со оглед на тоа дека ние веќе живеевме заедно, матичарот баш се изнасмеа и ме праша за што би не советувале тие кога ние веќе функционираме во заедница
да но сега пак ги вовеле тие часови пошто имало и многу што се оставаат и затоа јас да си прашам пред време што и како е ,инаку ви благодарам многу на одговорите
Женски помош ве молам... Колку погачи се носат на денот на свадбата и која за каде е, што се прави со нив? Фала!!!
Обчно се носат 2. Двете погачи ги носи свекрвата, едната ја кршат сватовите откако ќе ја „купат“ невестата ( чие парче е поголемо, детето на тој ќе биде газда дома ), а втората е за во црква
Кај мене една погача носеа сватовите, една имаа моите дома и кога ме земаа си ги кршеа погачите, не знам, демек се посватуваа или такво нешто. Немаше погача во црква, а и никој друг не носеше погача. Ова со советувањето не е веќе во пракса.
Девојки, ете ме и мене во темава Се веривме пред еден месец.... Си мислев се ми е средено за свадбава кога почнав со планирање - пред еден месец, а свадба правиме на 3 октомври, ама не ми било... Имам милијарда прашања, ама демек дел си одговорив, па ми останаа следниве (за почеток) - Колку време ми треба за да сошијам венчаница? Мислев дека знам што сакам, ама кога почнав да шетам сфатив дека ништо не сакам, а страв ми е да шијам по модел од интернет... - Кога си купивте чевли за свадба? - Кога да ги давам поканите - страв ми е да не заборават кога е свадбата ако ги поделам пред одмори... - За матично уште се мислам дали таму или во ресторан, ама страв ми е да не ми зафатат термин - па колку време претходно закажавте? Ај доста е за почеток...
Здраво и честитки, ви посакувам се најубаво!!! Пред се морам да кажам дека најбитно е да бидете двајцата сталожени и приземјени, навистина свадбата е ваш ден и не дозволувајте мешање од страна. Секао дека секој совет е добредојден но тоа не значи дека треба да прифатите некои работи кои се спротивни на вашето мислење ке ти одговорам по ред како што си ги поставила прашањата, како јас направив - Нашата свадба беше во април, а јас отидов во студиото за венчаници во декември за да си закажам термин. Кога си го одбрав моделот од соништата, не бев трудна, но затоа во февруари веќе кога почнав да ја шијам венчаницата бев трудна што подразбираше мали промени во моделот на венчаницата (кои секако ги направивме онака како што мене најдобро ми стоеше и ми се допаѓаше). - Чевлите ги купив (ги правев по мерка) 3 недели пред свадбата бидејки ми беше страв да не случајно почнат да ми отекуваат нозете. -Поканите почнаа да се делат месец дена пред свадбата и им дадов рок на поканетите за една недела од приемот на поканата да ме известат дали ќе дојдат и колку луѓе. - Во однос на матичното, отпрвин сакав да биде во ресторан, но нашата свадба беше на ден Велигден и не знаеа да ми одговорат дали тој ден ќе има матичар кој ќе дојде во ресторан, па после ај као можеби ќе дојде некој за на крај дани кажат дека треба да платиме 14 000 денари за службата (бидејки се пагало недела, па уште и државен празник и плус 1000 денари за превоз . Од овие причини одлучивме да направиме месец дена пред свадбата матично ден петок, во 19 00 часот последниот термин и после тоа заедно со нашите семејства и сведоците си отидовме на вечера. Морам да приознаам дека се радувам што одлучив матичното да биде некое време пред свадбата за да денот на свадбата биде претворен во една забава со која всушност го прославуваме нашиот заеднички живот, а небеше воопшто напорно како што знае да биде кога има и црква и матично и свадба во еден де. Јас се извинувам за долгиов одговор и се надевам дека некако ти помогнав. Честитки уште еднаш
Прво честитки 1. Зависи каде ќе ја шиеш. Има ателјеа кои можат да сошијат венчаница за 3 дена, но тоа, секако, ќе чини. Најубаво е да се одлучиш барем за стилот на венчаницата, па потоа да се договориш со некое од ателјеата. А кое ателје ќе го одбереш, зависи од буџетот којшто го имаш за тоа. 2.Чевлите ќе ги купиш штом одбереш матерјал за венчаницата. Сигурно не сакаш да имаш бела венчаница со шампањ штикли, ќе изгледаат валкано. Најважно е да ги носиш со себе на првата проба на венчаницата. НЕ МЕНУВАЈТЕ ЧЕВЛИ ОТКАКО ЌЕ ВИ БИДЕ ГОТОВ ФУСТАНОТ. Така може да испадне или подолг или пократок, а тоа не го сакате. 3. Поканите нејубаво е да ги поделиш еден месец пред свадбата. Повеќето ќе се вратени од одмор, и ќе имаат време и да испланираат. Убаво би било да ги известиш и усно оние коишто планираш да ги каниш за да си планираат. 4. Матично е убаво да си закажеш со време. Провери прво дали има термин за во сала за вашата дата. Ако нема, решено ти е, ќе мора во ресторан Ако имаш уште прашања слободно пиши. Може и во другата тема - Совети од организатор на свадби
Ви благодарам на одговорите! Ми олесна ептен, штом може да се делат покани месе пред свадба, мака си немам (затоа што мислата ми беше да не се почувствуваат ко силувани ако им дадам покана и им кажам кажи за 2 недели). За матичното, ќе мора најсоро да решам, ама да преспијам викендов, ќе биде веројатно За венчаницава ќе се потрудам да се одлучам... Фала ви уште еднаш, секако ќе пишам за останатите 93902747 прашања и детали