Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    За неколку месеци ни е свадбата , е сега тие што ќе ни бидат старосвати планираат свадба после неколку месеци од нашата , можеби на пролет, што значи нема да има поминато една година.
    Слушнав и еве на форумов читам дека 1 год не чинело да се жени. :^) Колку е точно ова и каква врска има?
     
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас знам за девер и кум (мислам) дека не смеат, за старосвати не сум чула. Зависи кој колку го почитува тоа, некој не обрнуваат внимание. Јас мислам ако сигурно сакаат да се венчаат пред да истече година, да си прашаат поп, а не да слушаат рекла казала муабети. Баш на форумов имав прочитано од една феминка како поповите лично викале дека нема врска, дека смее.... па нека си прашаат и мирна душа. :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Летово сум на свадба кај братучед. И требало јас да бидам месарија, или како и да се вика. Хм... А што треба всушност да правам како тоа? Која би била мојата функција?
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ќе месиш погача, ќе учествуваш во плетењето на венецот, на денот на свадбата ќе го носиш бидермаерот на невестата кога ќе одите да ја земете од дома... Обично е тоа, е сега во секој крај има различни адети, па можеби ќе има уште нешто плус минус :) Постарите ќе ти објаснат, без грижи :D
     
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    А кај се прави погачата? Каде што живее невестата или во заедничкиот дом?
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Штом си од страната на младоженецот, тогаш во неговиот дом. Обично во четврток или петок се меси погача и се плетат венци (еден за на врата, еден што го кршат деверот и месариката од страната на невестата над нејзината глава на денот на свадбата, и еден што го носи невестата на рака во црквата).
     
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Ве молам за одговор. Дали воопшто постои или некогаш постоела традиција, мајката на невестата НЕ СМЕЕ да оди на венчавката (посебно во црква) на ќерката и мора да чека надвор или дома?
    Ме интересира дали воопшто постои ваков мизерен адет, или свекрва ми од злоба не знае веќе што да измисли?
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Акој тоа ги измислил сите тие адети?????
    Ај ако не па ја ке кажам дека НЕ СМЕАТ да присуствуваат родителите на младите нит во црква ниту во ресторан?!?!?!?!?!? Доста се замарате со ова бре луѓе, вакви адети онакви адети. И тие адети што ги кажувате некој си ги измислил. Ај прашај ја свекрвата ии тој што ти кажал а што ако биде присутна мајката на невестата, некој малер е или....?!?!?!?!? Честитки за свадбата твја и само еден совет можам да ти дадам. Биди своја и планирајте со идниот сопруг онака како вас ви одговара. Не му ја мисли многу за другите. Ако сакаат да дојдат на твојата свадба со адети какви ВИЕ ке кажете ок, ако не немора ни да доагаат ;)
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Чиста глупост...Ако не бидат најблиските на венчавка т.е родителите не знам кој би бил :^)
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека мајка ми ќе биде на венчавката, па ако сака таа на глава нека се намести.
    Ме интересираше дали тоа го измислува само за да ја навреди и избрка мајка ми. Исто и дека ни јас ни мајка ми НЕ СМЕЕМЕ по традиција и адет да бидеме во црква кога ќе се крстева МОЕТО дете.
    Не дека таа е фактор да кажува и дека некој ќе ја слуша, ама, значи стварно луѓето ја претеруваат со злоба :(
     
  11. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Божее значи што нема...
     
  12. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Извини ама свекрвати не ми личи дека живее во цивилизација.....ако не треба да присуствува мајка ти на тие два настани ПОПОВИТЕ кои ја спроведуваат церемонијата ќе кажат ако не треба. Јас и свадба правев и две деца крстев па валво нешто ме сум слушнала.....
     
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Знам, женски, и ние не сме слушнале, и секако, татко ми, мм и јас дури и се развикавме за глупоста што ја кажа. Не дека некој ќе ја послуша, само многу ме интересираше дали од некој болен инает го измисли тоа, или вистина постоело некогаш. Прашав и постари жени и баби, ми викаат ни на времето не било така. Господ нека ми е напомош со таа жена :(
     
  14. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Богами, и ќе ти треба Божја помош за да успееш да си ги сочуваш нервите покрај таква свеки. Инаку, ние кога ја земавме големата молитва за малиот, попот ни објасни дека ако некој рече дека мајката не треба да присуствува на крштевката да не ги слушаме. Тоа било порано, кога бебињата ги крштевале пред да направат 40 дена ( во тие денови, мајката се смета за „нечиста“ и не смеела да влегува в црква, па оттука и тој адет ), ама сега такво нешто не се практикува. Тоа го знам за крштевката. А за на венчавката, мислам дека жената си измислува.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Вакво нешто уште немав слушнато . :x Секако дека смее, немој да се будалиш да слушаш вакви глупости, нормално дека и во црква и цел ден мајка ти нека си биде покрај тебе. :)
    Јас сум слушнала демек порано кога се крштевало бебето мајките не присуствувале на крштевката на детето.. |(
     
  16. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    девојченца кога ги закажавте матичното и црквата?Колку време пред свадбата,ви благодарам однапред :*
     
  17. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Нашата свадба беше на 20 април а матичното го закажавме за 7 март :) Венчавка во црква ке правиме наредната година :clap:
     
  18. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    месец и половина пред свадбата значи,но јас прашувам затоа што сакам матичарот да дојде во ресторантот,па да не треба нешто порано да се закаже,сепак ти благодарам :*
     
  19. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Нема никаква врска тоа. Слободно нека си оди мајка ти, другарка ти или било кој. Тоа тебе не ти влијае на квалитетот на бракот. Тоа е само одраз колку е твојата свекрва примитивна да не кажам проста.

    Значи почитувам народна и црковна традиција, али вакви глупости измислени од прости и необразовани луѓе не!

    Уживај си во свадбата и моментот во црквата, затоа што ќе видиш колку е убаво кога ќе влезеш во црква на самиот чин и кога твоите родители ќе бидат тука. :)
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ако веќе сте го одбрале датумот за ресторан, можеш уште сега да си закажеш матично. Дури и подобро е, според мене. Да не излезе после дека нема термин или слободен матичар :)