Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    месец и половина пред свадбата значи,но јас прашувам затоа што сакам матичарот да дојде во ресторантот,па да не треба нешто порано да се закаже,сепак ти благодарам :*[/quote]
    Ако веќе сте го одбрале датумот за ресторан, можеш уште сега да си закажеш матично. Дури и подобро е, според мене. Да не излезе после дека нема термин или слободен матичар :)[/quote]

    свадбата ја закажавме минатата година во октомври,за оваа година во октомври :P ,и се прашувам да не е пак многу рано ако одиме уште сега да прашаме
     
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Уште нешто... дали може да се оди во црква пред матично? Ние правиме денска 'свадба' (со 10 души), ама во матичното не ми закажуваат пред 4, демек сега веќе не праеле претпладневни или пладневни регистрации. Луѓето ни се врзани со превоз и сл., па ми спомнаа дека не може во црква ако не си регистриран. Се ми се испоремети некако. :sweat:
     
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.129
    Пол:
    Женски
    Ќе те венчаат во црква со потврда дека си уплатила склучување на граѓански брак.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Уплативме, имаме сметка :) Ај ќе го прашам попот за секој случај. :) Фала
     
  5. jojo9

    jojo9 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Феминки, да не знаете каде може да се најдат сите тие цветчиња, тракички и слични тркатанци за сами да си ги правиме цветчиња за сватовите, за декорација на маси и слично? Сакаме сами нешт да направиме па добредојдена ќе биде секоја информација :)
     
  6. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    во цвекарите сигурно има, оди види...
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    На Бит пазар има магацини :)
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    На женскиот пзар (Бит пазар) има продавнички и магацини и за на големо и за малопродажба. Јас се од таму купив ;)
     
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Незнаев кај да го сместам прашањево..

    Другарка ми ме покани да и бидам сведок во матично во Сабота, е сега мене ме интересира што е потребно за таму? дали треба нешто да се купи, некој документи :?: било кој совет е добредојден :)
    а да, дали сведокот т.е. јас морам да бидам и старосватица на свадбата :?:
     
  10. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.129
    Пол:
    Женски
    Носиш само лична карта, ако немаш - пасош. За купување, може да и купиш цвеќе - ако сакаш. Кога сум била поканета само во матично, сум носела само обетки или некое ланченце - лесни се за во чанта, а ќе и останат во сеќавање на невестата . Се надевам помогнав. :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    не нема шанси про црква,ние сега правевме свадба мора првин матично па црква
     
  12. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    704
    Нема везе дека нема шанси да не можеш прво во црква па матично.Јас кога правев свадба бевме прво во црква (со потврдата од матично) и после во матично.Немаше никаков проблем.
     
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Дозволено е матично после црква - на крај на краиштата кај сите кои го викаат матичарот во ресторан церемонијата во црква веќе претходела на тоа.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jojo9

    jojo9 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Фала ти многу :) Не знаев за продавниците и магацините :$ А на тезгите ми изгледаа евтино (не по цена него по изглед, квалитет и сл.) и не сакав такво нешто.. Ама ќе одам до магациниве да видам и така на големо ќе купувам :lol:
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Може ли некој да ми каже како се движат во Скопје (па и другите градови) цените за:
    -чаши за младенците
    -украсени свеќи
    -перниче за бурми
    -венец за врата
    -китенки за сватови
    -китенки за кумови/старосвати/младоженец
    -бидермаер со вештачки цветови?
     
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.148
    Пол:
    Женски
    Мене работиве ми беа порачани од Каталеја и вака се движеа цените :

    Чашите беа 450 денари ( нејзини и украсени)
    Свеќите си ги украсуваа кумот и старосватицата , со природно цвеќе беа на кумот и беа 400 денари а на старосватицата пообични накај 200 мислам беа :)
    Перничето ми следуваше гратис ама цената му се движеше околу 400-450 денари имаш и поефтини зависи колку сакаш да е украсено.
    Венчето за врата 1000-1200 зависи од големината.
    Китенките за сватови по 20 денари.
    Китенката за кум 100 денари исто и за старосватовите, за младоженецот ја порачав од друго место зашто сакав со природно цвеќе исто како бидермаерот 200 денари.
    А за бидермаер со вештачки цветови не знам :D немав таков :)
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  17. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Ова наведеново можеш како пакет да го добиеш со поевтина цена,ако земаш од едно место секогаш ке имаш попуст,максимум 6000 денари.
    Сега многу актуелни и барани се бидермаери изработени од материјали ,чипка и брошеви или бисери .
    Ако треба контакт пиши ми во пп ке ти дадам бројче.
     

    Прикачени фајлови:

    • bidermaer 1.jpg
      bidermaer 1.jpg
      Големина на фајлот:
      35,3 KB
      Прегледи:
      293
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    ^Фала ви :* :* онака ме интересира, за споредба отприлика како се движат цените :)
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас си купував такви ситници од џамбо :) и јас сакав да има нешто мое на свадбата :)
     
  20. Tinkerbell33

    Tinkerbell33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Женски да не шетам сега по темава ако може некој да ми каже за кого се треба да направам китенки, за кого треба да се посебни, а за кого пообични, за деверишите треба и за на рака и китенка или? И за околу 200 гости колку бонбонцинја треба да имам? Бидермаерот сама си го купувам или некој друг? фала ви однапред :D <3 :*