Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Таму каде што ќе одлучиш да правиш најубаво ќе ти кажат.
    Кај мене посебни ќе има за младоженецот, кумот, старосватот и деверот. За кумата, старосватицата и свекрвата ќе имам за на рака. Тоа за девериците (кои се од твоја страна) не треба. Тоа повеќе се американски обичаи. Кај нас се знае: китенките се за сватовите наменети.
    А бонбони, кај мене ќе има околу 300-320 гости и јас планирам да земам 120-130 бонбони. Сепак тие ги даваш за најмладите. За постарите, дел нема да станат да земат од невестинската торта, на дел па за еден пар ќе им дадам само 1 бонбонче, не мора за двајцата.
     
  2. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Јас имав посебни китенки за зетот, кумот, деверот а за на рака имав за кумата, за старосватицата, за дверушите. Инаку за бонбончиња за со торта јас имав 300 гости а околу 150 бонбончиња ( и верувај и старите доагаа по торта :?: ) Во однос на бидермаерот јас сама си го одбрав, поточно им пратив слика на кумовите како сакам да ми изгледа и тие ми го купија ;)
    Честитки :clap:
     
  3. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Кај мене мм т.е. зетот имаше нај голема китенка на ревер па кумот и старосватот малце по мала а за деверот имав најмала а за женските кумата и старосватицата имаа нај големи а деверушата помала китенка сите нели околу рака. Е јас имав и мали деверушки бебенца и на нив им порачав венчиња, баш беа слатки. А за бонбончинјата не се труди да ги направиш точен број колку гостите зошто лугево се чудни и без осет посебно кога ќе ти дојдат старци па ќе почнат дај за внучето,дај за комшиката ... а да не речам има и такви што се и самопослужуваат. Така да бонбончињата кај некој до тебе што ќе стои додека сечеш торта и во чинијата по едно па кој земе земе ,а пред да делиш тргни си 2-3 на страна за секој случај и 1 нели за спомен ]:)
     
  4. Tinkerbell33

    Tinkerbell33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    ^_^ фала ви женски за советите ми помогнавте многууу <3 планирам се да си правам сама па затоа да си почнам со време :D поздрав и фала уште еднаш
     
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Инаку да се навратам на постот пред некое време што прашував дали може црква пред матично. Можеше :) Така и ни бидна. :party:
     
  6. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Во Кокев има голем попуст на венчаници и тоалети.
     
  7. protector

    protector Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Која цена се отприлика венчаниците во Кокев?
     
  8. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Од 300 до 500е се тие што се на попуст. За нова цените се од 550е па нагоре.
     
  9. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Девојки..ајде помогнете :!:
    Кажете ми најчесто на кои песни играат оро (на почетокот од свадбата) мајката на невестата и деверот :lol: Јас за мене си знам... Вереникот знае на која песна, мајка му исто....за кумот има песна.... ;)
     
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ај што имаш ќерка убава бабо... (извинете, стварно не знам како се вика точно песнава, ама обично таа ја свират за бабата).
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Или пак можеш и песната Зете мили зете :)
     
  12. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Благодарам...А за деверот? :)
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Кај нас вака беше:
    За мене-македонско девојче
    За маж ми - доста време ерген одев
    кума- стани моме да заиграш
    старосват - шеќерна
    девер - мајка на марика
    мајка ми -зете мили зете
    татко ми - дедо мили златни
    свекрва ми - ти донесов млада невеста
    свекорми - свирете ми свирачи
     
  14. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    657
    Јас да прашам материјалот со кој се венчаваш во црква требало нешто да се сошие во рок од една година од свадбата (така имам слушнато) или нема врска? Јас скоро година сум мажена а уште ништо ме сум сошила а и незнам што би немам идеја, сим мислам кога ке имам некоја пригода за свадба па тогаш , зошто материјалот е за свечени пригоди.
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Јас немам слушнато за тоа. Мене ми рекоа можеш да го чуваш, а можеш и во црква да го поклониш ако сакаш. Мојот беше црвено кадифе, многу убав материјал, ама ене го стои во кеса :D Прави онака како што ти мислиш дека е најдобро. Мене преку глава ми е од бабини деветини, хехе
     
  16. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    И јас имам слушнато дека треба да се сошие нешто во рок од една година :)
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.272
    Пол:
    Женски
    И мене ме испопотресоа, побргу побргу, сошиј нешто, да не помине годината а ја тоа за 4 дена праам годишница од брак. Ај го однесов кај шнајдерка и викам дај скрој го бар до 8ми, не мора да биде готово, така ми кажаа де, и не дека верувам, ама шубе ми е :^)
     
  18. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    незнам каде да го поставам прашањево па си реков ајде овде...сега ќе правиме свадба и крштевка заедно јас си сакам да облечам венчаница ама некој ми викаат било страмота ќе ми се смееле зошто јас веке дете сум имала па сеганезнам а толку си сакам јас да си се видам во венчаница сто мислите вие феминки
     
  19. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Можеш да облечеш некоја долга бела тесна хаљина.Или пак не мора да е бела крем нека е.
     
  20. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    глупости па што има врска тоа дека имаш дете не се мажиш секој ден па да не носиш венчаница кој и да ти рекол така греши имаш малечко детенце и ти велат не носи венчаница а што треба да се кажи на оние кои децата им се по12-13 год па носат венчаници немој некој да влијае на тебе ако имаш желба носи си венчаница не си стара мома па да не облекуваш венчаница ти си ДЕВОЈКА а секоја девојка заслужува да си ја носи венчаницата од соништата која ја замислувала како дете позз секое најдобро и ако можеш извести не што си одлучила
     
    На babyane18 му/ѝ се допаѓа ова.