Слободно облечи си венчаница. Истиов случај пред некоја недела, парот е со детенце, ама невестата си носеше бела венчаница. Не долг елегантен фустан, туку баш венчаница. Си ги имаа сите адети, одење по невеста и сл. Воопшто не се замарај кој што ќе рече
не сакам фустан си сакам венчаница и ќе си облечам и тоа јас како си сакам како што си ја замислував од секогаш не ме интересира ама ни најмалку кој што ќе збори кој ќе се смеел јас па нервирајсе како будала некоја фалави мн што ме подржавте и што ми дадовте храброст зошто овде лугево каде што живеам јас се катастрофа само да оговараат знаете како е ако на свадбава сега фали и најмала чечкалица ќе дознае цел свет. ..фалави мн на подршката
Да си носиш што сакаш, твоја веселба е, твој кејв, како сакаш ти така прави. За оговарање ич не му ја мисли и се да е како што треба пак ќе се зборува. П.С и јас имав свадба по мои обичаи
Живеј за тебе, не за народот. И панталони да облечеш, ке биде муабетот, со дете а свадба прави...така што китката на глава и право како што ти е тебе на душата убаво, оти нкој друг не те сака како ти.
Tocno e toa, sto i da obleces ke te zborat. Ama ne ti ja sfakam potrebata od svadba so dete?! Iskreno, mnogu glupo mi e... Za se ima vreme i mesto. Ete od x pricini ne si pravela svadba. Pominalo. Raduvaj se na toa sto sledi, rodendeni, krstevki na deteto, godisnica od brak.
да не ја наведувам причината за тоа зошто не направивме свадба навреме.... можеби све си има сво место и време но ете меракот е голем за да се направи свадба па мислам дека знаете како е секоја девојка(жена) си сака свадба да се облече во бело па не се прави секој ден свадба
babyane18 како сакаш ти така направи за зборење ќе те зборат и со и без венчаница. Ама и јас ако смеам да кажам навистина не гледам потреба од свадба со дете, па уште и адети зимање на невеста, туркање на врата, деверуши и се што иде пропратно искрено смешно е и глупаво ( не се лути само кажвам свое мислење ) Идите во матично венчајте си се, и црква ако сакате исто, најблиските со вас, еден ручек во ресторан мала прослава и толку
Еве ја како размислувам - животот е многу краток за да ти си кратиш од работите кои ги сакаш. Да си облечеш венчаница , китката на уво како што прочитав негде горе, и ич да не ти чуе. Со дете си? Па ШТО !!! Тоа е убаво нешто, не е лошо. Кој што ке каже? Те заболе кој што ке каже ! Гледам ја животите на лугето околу нас се сите перфектни, па ке се најде некоја чиста душа да коментира туги постапки. Твој живот - твоја одлука. Од мене ја имаш поддршката ВЕНЧАНИЦА И СВАДБА СО ДЕТЕ
Мила да си ја облечеш најраскошната венчаница што си ја замислила и да си ги направиш сите перипетии и адети што ти е ќеф. А народот пак ќе те збори. Сега ако направиш свадба ќе зборат еве ја оваа со се дете, сега свадба и текна. А ако не направиш, пак ќе те зборат, види ја една свадба не и текна да приреди, бар за најблиските. Ако ставиш венчаница, ќе биде не ја личи дете има. Ако не ставиш, ќе викаат свадба ли е тоа без венчаница. Така да се што ти е мерак да си истераш. Може за некој глупо, ама за тебе ако е важно, само напред. Јас сум од оние што тераат по свое. Јас одлучив не правам, ехеееее да знаеш што се се наслушав за мене, од крајност у крајност. Срам за родителите било, не сме правеле зошто сме биле престарени па не не личело, ама знаеш што ич не ми е гајле. Како ти милува срцето, така да направиш.
Се трудам да се воздржам да не пишам ама сепак ќе пишам. Ај свадбата до некаде ќе ја разберам. Независно од причините заради кои свадба не се правело кога било ред, девојчето сега има мерак. Ќе си носи што си сака, бидејќи сепак свадбата се прави за себе. Караванот врви, кучињата лаат. Е она кое ме го сфаќам е терењето адети. Она со дете, живее со мажот веќе некое време, па уште ќе прави одење по невеста итн.. а бе ајде!! И блага ракија и прва брачна вечер со чаршафот?? Лесно е на друг да кажете супер е, правете си адети. А вие да бевте ќе правевте? Смешно е, циркуз без пари. Не за тоа што ќе кажат луѓето, туку за вас самите. Мене мува не ме лази за другите, ама вакво нешто не би направила за себе.
Ајде и јас да кажам свое мислење.... Мила, зависи од која страна ги гледаш работите. Адети се прават сеуште на велико, но секако нема веќе невини невести ниту пак покажување чаршав на свекрва и слични глупости, тоа одамна поминало. Што значи, ова што останало од адетите јас го почитувам и сметам дека се убави обичаи, исто така дека секоја жена заслужува така да биде испратена од куќата на родителите со такви адети и со песна, наместо само преселена како ништо да не се случило, барем според мене е така. Што го носи прашањето, со оглед на тоа што се повеќе бремени невести има, зашто девојка со апла стомак до заби би заслужила свадба а ти не? Да ме праша некој јас лично што мислам, би рекла дека е глупаво веќе мажена жена која му родила и дете на мажот и создала семејство, да и стојат на врата, да плаќаат за да ја земат, па изнесување од домот, па кршење погача, па ора посветени песни.... кога веќе и мекици се истерале претходно. Но, гледано пак вака, дека луѓево прават што ќе им текне и дека сепак е единствен момент во животот свадбата и преубав спомен, жалосно е доколку имаш шанса да ја немаш. Сега скоро кај што бев на свадба, веќе живееја заедно една година верени во странство па правеа свадба. Не видов да имаше разлика ниту пак се чувствував така.... исто така некои парови уште после веридба и онака си живеат заедно до свадба. Тука се и девојките што се мажат веќе бремени. Па што има врска? Исто како што се нервирам кога ќе кажат некои дека се зеле дека останала бремена, така е и за ова. Во најголем број тие си се сакаат и си планираат брак, меѓутоа Господ непланирано ги убрзал. Тоа е сосема нормално да се случи после подолга и сериозна врска, кога се знае дека нормално не се чека за секс до брак, ништо не е за чудење ниту пак свадбата во тој случај за потценување. Но разликата кај бремените невести до твојата е тоа што тие навистина за прв пат излегуваат од домот и се немажени, затоа можеби не требаше да правам ваква споредба но така ми дојде. Како и да е да не должам, ете претпоставувам (извини ако грешам) дека и кај вас се случило така. Може не сте биле финансиски во можност, можеби не сте сакале на брзање или пак сте немале време, може не си сакала да бидеш бремена невеста, а можеби причината за вашиот брак без свадба е сосема друга, во секој случај карикирам бидејќи не е моја работа. Со тоа нема зашто автоматски да го изгубите правото на тој среќен ден, на крајот на краиштата имаш само 20 години, а плус ни на 30+ години девојка не е престарена за свадба (ова го зборувам за феминката што спомна дека некои бесрамници така збореле), секој го заслужува тоа поготово ако ниеднаш не го доживеал. Знам девојка што правеше на 33 години свадба сега скоро и не беше ни чудно ни ништо, сосема нормално, не гледам разлика дали има двојка или тројка напред. Јас лично како би постапила во твоја ситуација не знам да ти кажам бидејќи никој не може да каже без да му биде некому во кожата, само ќе ти кажам штом имаш желба не е ништо срамно и чудно, купувај венчаница, дотерај го и детенцето и само напред, со среќа нека е. Тоа е убав чин без разлика која е ситуацијата, како што спомна и феминка погоре. Дури е и слатко вашето прво детенце да ја има таа чест да присуствува на свадбата на мама и тато, чин на овековечување на љубовта која го создала. Се извинувам за долгиот пост, причината за тоа беше што имав две обратни перспективи на оваа тема, но мислам дека последното кажано (поготово) кажува се што мислам. Поздрав и секое добро. П.С. Ако разбрав добро, крштевката и свадбата ќе бидат во едно? Рака на срце, најискрено, мислам дека лично мене би ми било малце глупаво, но може сум грешка, како што кажав не можам да знам додека не се најдам во таква ситуација. На крајот на краиштата, луѓето секогаш наоѓаат за што да зборат, ако ништо друго од љубомора. Ако ви е убаво во ист ден, терајте. Со среќа нека е.
абе ко што видов нив бременоста планирана им била така да, ако сакала свадба со сите салтанати можеле да почекаат во однос на тоа направи свадба па после бебе. Да биднало непланирано бебето ај ок ама вака .. да облечи венчаница и сето тоа, и отиди си во ресторан прослави си со најблиските, ама да идиш дома па да доаѓаат сватови по тебе, па туркање на врата не што ке зборат лугето ко што рече кукла21 туку смешно е и безвезе навистина
да не му секираш ич, прави си како што сакаш, ете јас бев невеста со 4 месечно бебе, и знаеш што многу ми е мило што почекав, јас не сакав да бидам трудна невеста, и си го направив фустанот од моите соништа... и уште нешто, фотосесијата што ни ја правеа излезе премногу убава, со мало детенце до нас, и тој во исти костум како татко му, и се ми излезе по мерак, не ги правевме сите адети, скративме поголем дел од нив и така... уживај и направи си така како ти што сакаш, а за народот ич да не ти чуе башка и кога ќе порасне, ќе вика и јас сум бил на свадбата на мама и тато
Несакам никого да навредам и зборувам лично за мене но јас со дете не би правела свадба со адети, венчаница и сите тие свадбарски тракатанции. Да облекувам невестински фустан и вел откако веќе живеам регистрирана со маж ми подолго време и имаме дете заедно ми е исто како да правам веселба по повод матура неколку години откако сум завршила средно. Секако дека ја разбирам желбата за венчаница, свадба и голема прослава ама ете, друго било пишано. Знам случаи каде регистацијата формално ја направиле во матично (што се вика облечени во фармерки) а венчавката во црква и веселбата била неколку месеци подоцна, од проста причина што морале да заштедат пари за сите тие давачки но ситуации каде невестата по неколку години брак правела свадба не ми се познати. И да бидам брутално искрена, ние може на форумов да даваме подршка и да се храбриме меѓу себе но во реалниот живот, знаејќи го менталитетот на нашиот народ, па уште и ако живее во некое помало место, абе има лом да ја направат таквата `закаснета` невеста, од лоши муабети кои секако дека ќе стигнат до неа, од највесел во најхорор ќе и се претвори денот на свадбата.
Прашањето и е дали живее за народот или за себе. И само она може да си одлучи. Разведени со деца прават свадби во бел фустан, па што ако она прави со сопствениот маж. Ако и се побитни муабетите од незјината среќа, тогаш стварно и треба помош.
Јас колку што сфатив повеќето тука коментираат за моментот дете и свадба, не за народот. Кој си збори ќе си најде тема за муабет. Не е само бременост причина за одложена свадба. Знам свадба не се прави и ако има смрт во фамилија итн. Глупаво е адети терање при имање дете. Значи свадбата ај да ја разберам, ама адетите?! Не да е глупаво - поглупаво здравје.
не се љутам на никого секој си има свој став и свое мислење јас барав малку мислење и подршка за да се одлучам а добив премногу ви се заблагодарувам мн мн мн мн ми помогнавте како што кажав и предходно за тоа што навреме не направивме свадба стварно не сакам да ја кажам причината а и не сакам да се подсетам на тоа е минато мислам дека никаде не спомнав дека ке правам кој знае какви адети и мене ми е глупо јас овде дојдена кој знае колку годни со мало дете да се врачам кај мојте да доагаат да ме земаат стварно ми би било глупоо само црква ресторан и утредента на блага ракија поблиските нешто бовчи да небиде без ич и толку а и како што беше спомнато погоре во мало место живееме и затоа го поставив прашањето за венчаницата така ми викаат дека во старо село нов обичај сум правела ама ако не го смени некој обичајот све по старо овде ќе тераат..и уште еднаш фала мн за подршката на сите
Незнаев каде да пишам па си реков тука ко што гледам најактивна е Дали знаете што треба да се направи со венците на врата што се ставаат. За некое време ќе правиме 1 година од свадбата, до сега венците стојат над вратите и кај мене и кај него..слушнав дека после една година треба да се фрлат во река незнаеме што да им правиме. Вие што направивте со вашите венци? Има ли некој обичај?