Не велам јас да се свири електронска или хип-хоп музика т.е. MTV музика и не патам од комплекси да изигравам некој хипстер се што е модерно е добро, баш напротив, туку генерално сакам културни свадби со фина музика. Не знам, секој со своите пари и желби, но генерално мене ми сметаат таков тип на свадби.
Епа нашите свадби, баш свадби како свадби се такви. Ти можеш да направиш поинаква, но наречи ја свадбена церемонија, свечена вечера, или пак свечена прослава. :geek: Мала шала.
Ако повеке знаете што не и пишавте на девојката туку само чекате некој да пише и одма ајдеее коментари јас како што знам тие се свират на свадба.Ако знаете нешто попаметно повеле пишете
Со оглед на тоа што сметам дека има многу поубави македонски народни песни од наведените, лично не сакав да се наменува некоја специјална каде што мора да се спомене кум, или свекор или слично (искрено не ми се допаѓаат повеќето од горе споменатите) и оставивме музиката да свири според договорениот репертоар.
Девојки има ли некој да ми препорача цвеќара во Велес каде можам да купам бидерамерот на мене и на деверушите исто така за украсување на салата заедно со сценски ефекти... Ви благодарам
Зависи какви сакаш - најниска цена што ја најдовме - за пристојни бурми беше 6000 во чаршија. Исто така и Голдмак имаа ефтини бурми - мислам околу 7000 една.
Зарем уште се започнуваат свдбите со најава- ајде сега да го видиме, кумот, старосватот, деверот, бабата , свекорот, сестрата?????? Мојата започна со свадба македонска и потоа се свиреа убави македонски песни без најава за овој оној.
Ima na zlatna ulicka vo gtc, nie zemavme epten ubavi so belo i zolto zlato, par 17000, ima i poeftini tamu kaj so zemavme nie... Kristo se vika zlatarata
Melaniiii, па добро бе, имаш контакт со мозокот ти кога пишуваш? „Ослаби“. Бравос, еј! На Miss20 не ѝ имаше текнато ова, алал ти вера. Оставете ја раат, Бог да чува! Пули си ти чергата и не трескај глупости, ако имаш совет - арно, ако не - сиктер! Знам дека мислењево е старо, ама ова нема смисла бе!
Lilit, браво. Морам да те пофалам бидејќи се гледа дека размислуваш надолго и нашироко за како да се решат некои проблеми. Таа ти вика имам посебен облик на телото, ти ѝ викаш ослаби. Абе лекот е пет пари ко ќе го најдиш. Да му е страв на чоек да речи дека е поинаков од вас - совршените македонки. Срам да ти е.
^ Кој рекол дека сме совршени македонки? Поим немам ни кога сум и пишала, ни на кого, ама сериозно... што има тука за пошироко разгледување и размислување? Она не била задоволна од својот изглед и не сака да биде дебела невеста. Би и пишала и нешто во смисла - прифати се каква што си и сакај се, ама неа нема да и помогне исто така, затоа што она сака да ослабе!!! Од друга страна ако имала посебен облик на тело, а не сакал шиен фустан... пак што да и кажеш? Уствари алергична сум на овие невестинско свадбарски муабети особено периодов. А постов од нафталин си го извадила, не се ни сеќавам кога сум одговорила, ама ете веројатно си сакала да се подскараш, да ти тргне денот.
Нит' сакам да се потскарам нит' ништо. Таа никаде не кажа дека сака да ослаби, ти одма почна да ја советуваш како да си најде фустан што ѝ одговара. Требаше да пишеш некој бутик ако знаеш каде што имаат поголеми броеви, а не ние 36-ка максимум си имаме - па кој може арно, кој не, пријатно. Ме изнервира тоа што судиш некој кој пишал на форум да побара помош. Ако знаеш кај да се најде таква работа - арно, ако не, немој да пишуваш.
Не сакам да бидам погрешно сфатена ама не сфаќам зошто се бара поевтини бурми, зошто се штеди на нешто што цел живот ќе го носите на прст, пари невидени се дава на невестиски фустан што се носи само тој ден а за бурмите се гледа што поевтино да се помине. Кај мене на свадбата најскапото нешто беа бурмите, тие планирам цел живот да ги носиме а фустанот, оделото, музиката се е тоа пролазна работа, само бурмите се трајни спомени од свадбата.
Истиов муабет беше и кај нас! Само што по некоја случајност, бурмите кои ни се допаѓаа не беа прескапи, туку некоја нормална сума. Сулудо ми е да фркнам 1000 евра на венчаница што ќе ја носам 12 саати, а да дадам 100 евра за бурмата со која сакам и под земја да ме стават. Денес ја заборавив дома, ја извадив вчера заради питата за василица да не ја тестосам и се осеќам како гола! Си ги сакаме бурмите најмногу, и си ги носиме нон стоп со мм.
Прашај во Кувертира. Преубави торти прават за секакви прилики и не им се воопшто скапи. Ако сакаш бројче, ќе ти пишам во ЛП.
Мојата старосватица ме покани денес ЈАС да и бидам старосватоца на нејзе, дали е во ред така? Јас се согласив одма и сум многу среќна а таа ми вели дека прашала и дека можело.