јас до сега два пати сум била деверуша, и сами си ги купувавме (шиевме) фустаните. И за мојата свадба здравје боже, другарките сами ќе ги шијат. Нема потреба невестата да се изложува на такви трошоци, се е стварн на договор.
јас не знам за ова правило. .нешто ново, нешто старо, нешто плаво и нешто позајмено.Ај појасни ми кое е неговото значење ...Благодарам
Што е со подвезиците? Прво: кај да најдам убави бели со сите „марифети“ на нив подвезици? Второ: Како оди тоа со фрлањето на подвезица?
Ние се договоривме дека јас ќе им го купам материјалот а за шиењето ќе си платат деверушите. Сепак и јас учествувам, но од друга страна нив ќе им останат фустаните и можат да си ги носат и на други веселби Се е ствар договор
ок како и да е....Не знам како ви е договорот, кај нас после и мажените пак се деверуши, т.е. сите другарки носат една боја фустани без разлика мажени/немажени. Така да, сега ти купуваш материјал, па и понатака (ако другарките не ти се мажени и ако сакаат и тие деверуши) секоја невеста ќе купува... Сепак, убаво искуство е, супер ќе ти биде.
Незнам дали си сериозна, но јас не бев. Во контекст на деверушите ("традиција" донесена од Америка) тоа правило важи за америчките невести дека на денот на свадбата на себе треба да носат нешто ново, старо, позајмено и плаво.
,не знам многу за овие рабпти, затоа прашав дали постои таква некоја традиција. Заклучок: не сум сериозна Штом е америчко
Јас на моите другарки деверуши им реков која боја на фустан и каков сакаат, таков нека носат. Мене воопшто не ми е битно дали ќе бидат сите во иста боја облечени, битно ми е да бидат весели и да се покрај мене на најсреќниот ден во животот.
Дали некој сте слушнале за група Деспина од Битола? Т.Е. Дали сте ги слушале на свадба и какво искуство имате?
Ми треба помош, дали постои правило каде треба да се одржи матичното? Дали мора во неговата општина или може и во мојата?
Нема тука правило, вие си одлучувате каде сакате да склучите брак, во твојата или неговата општина, со тоа што, таму каде што ќе склучите брак, само од подрачното МВР на таа општина ќе можете да вадите Извод од книгата на венчани, бидејќи ќе бидете запишани во матичната книга на општината каде ќе се регистрирате.
Девојки да ве замолам да ми кажете во врска со закажувањето матично. Ние сакаме матичното да ни биде посебен ден, но не во ресторан, туку во матичното во Центар. Читав дека документите што се потребни се: лична карта/пасош, извод од матична книга на родени. Е сега тука имам прашање дали сеуште треба изводот да не биде постар од 6 месеци или ова не важи веќе? потоа барање за издавање извод од матичната книга на венчани, такса 100 ден. и административна такса 50 ден. Следното прашање ми е каде треба да одам за да ги поднесам овие документи? Дали кога ќе ги поднесеме, тогаш и ќе го закажеме терминот и часот?
Нам ни бараа нови изводи, кога ќе ги собереш документите и ги уплатиш таксите тогаш одиш да закажеш термин.
Ако сакаш во општина Центар да се венчате, таму, во првата барака десно (вратата лево) кога ќе влезеш од главната капија. Ако ти е на поминување, провери кои денови се закажува термин и уште еднаш провери ги потребните документи, зашто не закажуваат термин секој ден (има лист на прозорот).
Цвеќарниците прават такви венчиња за на врата. А за готови не знам да ти кажам. Да провериш у Пантер Мис, имаат голем избор на вештачко цвеќе, па ако можеш сама да си направиш.
кај нас украсувањето на врата,ограда(од скали) го прават цвеќарите ама можиш и сама.Значи види во цвеќара таму има