Добив покана на која на пликото беше отпечатено нешто како ова “Цвеќињата и припаѓаат на природата, да ги оставиме таму да го разубавуваат светот. Во природата на човекот е да помага.“ Вака нешто беше..И на приемот имаа 2 кутии - едната за пликоа подароци, и едната на која пишуваше добротворен прилог за оние на кои им е најпотребно...Убава замисла!!!
@eatpraylove90 @friendy @t-sweet @BunnyGirl ви благодарам на одговорите. Јас сум дефинитивно решена да го направиме ова со момчето, само ми требаше идеја за тоа како да се напише во поканата. Ми се допаѓа оваа реченица што ја напиша @BunnyGirl. Ако имате и некои други идеи, ве молам пишете ми.
Треба да внимаваш @MissDaisy да не ти се испомешаат текстовите. Доколку ставаш текст како погоре тогаш ќе треба да биде во контекст на вашиот. Поздрав и успех.
Дечки дали некој знае цвекинја природни ама не од цвеќара бидејќи ми требаат многу кај можам да најдам?
Сакам да го направам ова (види спојлер): Спојлер Каде можам да најдам вакви срциња исечени? По можност во боја? Прашував во печатница ми кажаа дека не ми се исплати да ми ги праат. Плс хелп
Девојки , да ве прашам... Идниот свекор и свекрва ќе прават сребрена свадба, за 2 недели отприлика. Ми требаат балони ( ненадувани ) во бела и виолетова боја само ( околу 100 веројатно ) и салфети во истите бои ама без шари, чисти да се, па ако може да ми кажете каде може да најдам ? Фала однапред
Купи си хартија во боја, нацртај си срциња, исечи ги , превиткај ги на пола, стави конец на средина, залепи ги и го имаш истово ова. Фала богу дека никој нема да се нафати..
Мислев готови, веќе исечени дека ќе најдам. Се обидував тоа рачното сечење да го избегнам али изгледа не можам. Сепак не е лесно преку 200 срциња да исечеш а на али експрес и ибеј барав ама нема баш таква боја и големина ко шо ми треба. Фала ви девојки
@SaNJaAaaAaa, викни ги другарките на помош Купи некое убаво благо, свари кафе и низ муабет и смеа ќе ви летне времето, нема ни да забележите дека сте направиле 200 срциња
Испринтај и сечи по неколку листови наеднаш, ако си доволно прецизна (веројатно се познаваш себеси, дали можеш..)
Испринтај едно срце на хартија, под тој лист стави уште 10 и исечи ги одеднаш, не се малтретирај едно по едно. Значи преедноставна ти е идејава за да фрлаш пари за готов продукт кога можеш сама да ги направиш. Имаш хартија во боја А4 формат, но мислам поевтино ќе ти излезе да земеш од потенките хамери, од нив сигурно барем 100 срциња ќе извадиш.
Секако од хамер ќе ги правам пошо обична хартија ми е претенка за ова. Ќе проверам во Делта прес да видам шо има, ако не се впуштам во барање на хамер во боите шо ми требаат. Фала ви девојки многу
Би требало да имаш во сите поснабдени книжари. Кај мене во населба најдов во две локални книжари со добар избор на бои.
Imas vo knizari i A4 debeli listovi vo boja, duri pocvrsti se i od hamer, jas so takvi rabotev bas na praksa vo skolo im pravev geometriski figuri na decinjata... Duri i onaka se rapavki, kako so linii niz niv pa moze i uste pointeresno ke izgleda
такви салвети, баш со таа боја светло виолетова, без шари најдов во карфур од виолета беа. 25 парчиња за околу 35 денари. А за балони, јас нарачував од алиекспрес, али пошто немаш време, најубаво на битпазар да побараш/
Женички, каде да најдам венец за на врата и по поволна цена? Цветен пазар? И дали има во Џамбо такво за закачување повеќе балони? Или да ми препорачате некое девојче што украсува дома кај невестата..