Венци за на врата има на Зелен пазар. Сестра ми од таму го купи венецот за нејзината свадба. Цената беше 400 денари. Ама нејзиниот беше вештачки. Имало и природни венци за евтини пари.
Ја сакам да ве прашам кој ги купува бонбоните што се фрлаат во црква? Невестата, кумот или свекрвата?
Феминки би сакала да ве замолам за предлог - реченици како да ставам во покана дека сакаме наместо гостите да ни носат цвеќиња на свадба, тие пари да ги донираме на дечињата без родители.
Сите што изнајмуваат осветлување за свадби имаат и дим машини, а сигурно и прскалки. Прашај некој од нив...
Здраво феминки. Мојата свадба ќе биде ндури во Мај, но јас се припремам уште од сега затоа што сум во странство па времето ке ми биде ограничено на еден месец за целосна организација.Затоа ми треба мала помош од ваша страна. Ќе имаме мала свадба од 120-150 луѓе.Некое место да ми препорачате што се нафаќа на свадба со мал капацитет во стилот отворено а прекриено бидејки секако може да ми врне.И за украсувањето кои од фирмиве се понесолени некој со искуство? Или предлог девојка што се разбира во украсување а си работи од дома ?
Девојки каде можам да најдам онаква табличка со натпис невеста? Сакам таква табличка да си закачам на вратата од мојата соба.
@Fatalnata Во секој град има различни адети не се секаде различни де ама има нешто различно , прашај некој од твоја близина да ти каже.
Ако имаш време сама направи ги од стиропор и премачкај ги со спреј или лак. Другарка ми правеше и искочија супер- таман според масата и големината беше..
Не би ги правела јас, не ме бива многу за такви работи, а за од али експрес веќе ми е касно, затоа мислев да не има негде во Скопјево
Девојки, да ве прашам каде (освен Веро) би можела да најдам чаши од тврда пластика за служење на пијалоци?
Здраво девојки Нова сум на форумов и прво пишав на оваа тема бидејќи ми ттеба огромна помош Во брак сум веке 2 години со сега со мм решивме да се венчаме и во црква, но работата е што не знаеме што и како треба, ке ве замолам за помош незнам од каде да почнам планираме да се венчаме Св. Јован Бигорски Дебар некаде октомври или ноември за тогаш да закажеме. Сега незнам од каде да почнам и што да правам ако може некој совет консултација како треба што треба. Сакаме мала венчавка со околу 150-200 луѓе само најблиските.Ама незнам од кај да почнам, списокот на гости веке почнавме да го правиме ама како и што понатака се блокирав скроз. Ви благодарам однапред