Исто и јас имам таков материјал, бел и свиленкаст па само ми паѓа на памет фустан со чипка ама незнам дали ќе може, инаку за друго ништо неможам да го искористам, ептен глуп материјал
Имам едно прашање. Правевме веридба и тогаш со младоженецот се дарувавме, а за другите од негова страна имав земено по еден пешкир за секој . Е за свадбата треба да се купуваат дарови за девер, кум , кума само или пак и за свекор, свекрва, золва , па маж и , брат на мм и вереницата негова ? Јас сакам само за кум, кума и деверот да земам, ќе разговарам и со вереникот за тоа, се надевам дека нема да напнат неговите за и нив да ги дарувам.
Мислам дека треба.Обичаи ете.Дај ми-на ти.Само глупости тоа.Епа кога брат му правел веридба тебе те даруваше ли етрвата? Ако да не би било фер, ама штознам.
Секој град има различен адет и се е работа на договор.Конкретно овде кај нас невестата ги дарува тие што ги наведе но,исто така и тие ја даруваат.Од моја гледна точка доколку очекувам дар ,редно е да возвратам на истиот или пак воопшто да нема размена на дарови.
Ние не правевме веридба правевме само свадба.Седнавме една ден јас ,мм,моите родители и неговите родители и се договоривме само ние 6 со и како да биди и така направивме.Не прашувавме никој од страна оти колку повеќе прашуваш толку повеќе ќе се збркаш околу тоа што и како акаш да правиш.секое семејство и секој град прави на различен начин.Не си пишала од каде си.Така можеби полесно ќе можат тие што се од твојот град да те потсетат на некој обичај од тој град кога веќе сакаш совет од страна.ПС: Со среќа нека ви е.Само Среќа да ве прати во заедничкиот живот!
Јас направив исто така. купив само за кумот старосватот и деверот.Другите не ги ни прашав затоа што мене ми беше кнап ќесето а тие запнаа за свадба,па знаеа дека јас сум во големи трошкови кои уште ги покривам за 1 ден румба думба.така да ич да не с есекираш веќе горе доле сите гледаме да ги намалиме трошковите.позз
седни и разговарај си ако сакаш без да му ја мислиш.тоа ти е најдобро . кум,старосват и девер се побитните
Ајде сега со ново прашање Пешкири на свадбата за кого купувавте? Ќе заврзиме на автомобилите, но дали треба и за сватовите кои се дојдени по невестата да давам пешкир?
Дечки, не знаев каде да го поставам прашањево, ама веројатно е соодветно за овде. Свадбиве ми се слаба страна и ништо не ми е јасно. Кога се оди по невестата - дали блиските роднини на зетот носат некаков поклон? Свадба е, главниот подарок си доаѓа после, ама ме интересира овој момент - одиме по невестата и дали треба да носиме нешто? Некако ми е глупаво со празни раце.
Јас последно кога бев на свадба прво бев поканета дома кај невестата и ја дарував со привезок од сваровски кој ме чинеше 1500 денари. А цвеќе и подарок дадов во сала.
feminki da ne znaete kakva e procedurata za ognomet na svadba ? isto taka, bi sakala na nasata svadba sekoj gostin da si dobie malo poklonce, no seuste nemam nikakva ideja sto bi mozelo da bide toa
Eve jas izrabotuvam pa ako nesto vi se dopadne povelete naracajte: https://www.facebook.com/Home-made-home-264226510404358/m
Здраво феминки, Имам прашање и се надевам некој ќе може да ми помогне. Јас и мојот сопруг сме веке во врак во САД и ќе правиме свадба наскоро во МК. Не можам никаде да најдам некој што ќе изврши некаква церемонија бидејќи сме веќе во брак. Од матично не правеле така, во црква не планираме да одиме, така да има ли некој што знае каде да се обратам, или некој што правел ваква свадба? Постои ли некое друго лице кое може да не венча, по можност на англиски јазик, или во црква дали е можно да биде на англиски јазик? Фала однапред за помошта