Здраво здраво, Јас сум во слична ситуација. Ние ќе се регистрираме надвор од Мк, кадешто и двајцата живееме, а во Мк ќе остане само забавата. Сакав барем да може да се венчаме во црква, чисто за да не биде само забава, посебно поради тоа што сите тие церемонии за земање на невестата нема да ги имаме, ама според тоа што се распрашав, многу деликатно испадна, па ќе заобиколиме. Вереникот не е православен, па затоа не може да се венчаме во црква освен доколку тој не се прекрсти. И тој и кумот. Што значи, црквата отпаѓа. Доколку вие се договорите за во црква, мислам дека единствено решение за да имате церемонија на англиски ќе биде да ангажирате толкувач. Во матично не може да се регистрирате бидејќи веќе сте во брак. Може да се договорите со најблиските роднини и пријатели, во склоп на свадбената прослава да си организирате вие ваша церемонија каде што тие ќе кажат по некој збор за вас, а ти и сопругот ќе си размените wedding wovs... Ние се мислиме за некоја таква варијанта.
Девојки го спремала некоја првиот свадбен танц со кореограф? Дај предложете некој добар по пристапна цена.
Ние имавме кореографија меѓутоа самите си бевме кореографи со помош на Youtube. Прашував по танцови групи и искрено ми беше прескапо, околу 100 евра беше колку што се сеќавам. Така да, мој предлог ти е да си одберете песна, или микс-че, барајте на Youtube и вежбајте си сами
Јас кога бев на свадбата на Маја Андоновска Илијевски(сестрата на Димитар Андоновски пејачот) во кореографијата за првиот свадбен танц на кој ја танцуваа песната Ова небо знае се на Диме,и' помогна Наде Миленкова,ако се сеќаваш од Танц со ѕвездите шоуто шо беше Еве линк да те потсетам,во случај да не се сеќаваш за која ти кажувам:
Здраво, ВЕ МОЛАМ ЗА ИТЕН СОВЕТ: Колку време трае фотосесија за свадба, пред ресторан? Важно ми е за да закажам црква, матично... да имам време!!! ФАЛА ВИ ОДНАПРЕД.
Зависи дали сакаш на една или на повеке локации. Инаку пола саат од прилика од локација, освен ако нема некоја ептен елементи за сликање и ви е единствена локација па да отепате саат време.
Феминки ми треба совет за шминка, фризура, нокти и такви работи. Свадбата ми е во мај ама проблемот е што јас не се шминкам, не правам фризури, дури и косата не ја собирам никогаш, а за нокти правење уште помалку. Едноставно не ме интересирале тие работи, ама сега морам да се одлучам каде и што да правам.
Во фризерско студио Сандра имаат евтини пакети за невести. А можеш и да се распрашаш за некои девојки што шминкаат и што прават фризури приватно. Не ти препорачувам затоа што може да имаш алергиска реакција. Солариумот е штетен.
Девојки сакам да имам во коса венче од свежи цветови,свадбата е во мај,има ли некоја искуство,дали ќе издржат цел ден???
Здраво, ве молам за препорака за бутици за венчаници во Скопје.Сакам да изнајмам венчаница или да купам, но бидејки не сум од Скопје ве молам за совет каде да барам.Благодарам!
Нема да има проблем да издржи цел ден цвеќето на венчето, али најдобро консултирај се со цвеќара во однос на изборот на цветови, во смисла да ставиш некои поиздржливи, освен ако немаш некоја посебна желба. Да ти препорачам цвеќара, ако си од Скопје, Зока на Цветен пазар. Премногу се фини, цени реални, креации од цвеќиња супер.
Во Т.Ц. Мавровка има голем број на бутици за венчаници. Бутиците Лебед и 2009 (се наоѓаат на приземје) се едни од најевтините. Јас кога разгледував венчаници за мојата свадба само бутикот Барби 94 изнајмуваше венчаници. Оди и разгледај. Има голем избор на венчаници.
Devojki eve me povtorno na forum I toa tokmu vo ovaa tema . Me interesira iskustvo od nevesti koi nosele modeli na vencanici koi prilicno se vlecele od pozadi. Dali se prakticni za igranje? Izvinete za latinicata
На една свадба кај шо бев носеше невеста и не се практични, се нешто се потстапува, те нервира, па се некој одеше позад неа го придржуваше тоа шо се влече. Види си за некоја варијанта делот што се влечи и да се вади, ако ти е мерак таква да износиш, да го носиш тој дел за на фотосесија, црква такви ствари после за во ресторан да го извадиш
Една роднина имаше таков модел но мн. и сметаше , кога играше се сопна и падна. После свадбата кажуваше дека згрешла што зела таков модел на венчаница.
Ќе ве замолам за помош, дали можеби познавате некоја жена која спрема храна за свадба ( на пр. ние да купиме се што е потребно сувомеснато , кашкавали и тн, а она само да го стокми се тоа во ордевери и се што треба и да ги сервира масите ). Ова прашувам за дома кај невестара пред да дојдат сватовите. Ние прашавме на неколу места ама се се зафатени. Ќе ве замолам ако имате некој пишете тука или во лп, ви благодарам однапред