Девојки ми требаат 20 тина обични балони со хелиум, па ме интересира кај можам да најдам поевтина варијанта
Ве молам пишете ми песни за прв свадбен танц . Јас никако неможам да одберам. Споделете искуства или некое видео. Ви благодарам
Нашата беше - From this moment - Shania Twain. На неа си имавме изучено кореографија, супер беше. Е како втора, оти нели треба да се приклучат и гостите, беше Од овој ден - Владо Јаневски.
Нашата беше - From this moment - Shania Twain. Си имавме изучено кореографија и супер излезе. Е како втора, оти нели гостите треба да се приклучат, беше - Од овој момент - Владо Јаневски.
Јас и мм сакаме гостите да не носат цвеќе и бомбони на свадбата, туку ќе има ковчеже каде парите наменети за цвеќе ќе можат да ги остават, а потоа истите ќе ги донираме на некој што му се потребни. Како да го соопштиме тоа по гостите, а да не бидиме погрешно сфатени (знаејќи го менталитетот на народов), а и не сакаме да има исклучоци едни да донесат едни не па некој да се чувствува непријатно.
Нашата беше од Брајан Адамс - Евритинг ај ду. А после ја пуштија и Од овој ден од Владо Јаневски. Баш долг ни беше танцот
Феминки ми треба помош за да изберам подарок за кумовите и старосватовите. И едните и другите ми викаат јас да изберам што сакам. Сакам да им земам нешто заеднички подарок а не посебно на кума посебно на кум итн., Нешто за дома што ќе ги потсетува на тој ден. Секоја идеја е добродојдена.
Од овој ден - Владо Јаневски Братучед ми играа на оваа песна и од горе паѓаа цело време ливчиња од црвени рози и бели ливчиња во форма на срциња. Преубаво беше.
Не знам која возраст се и какви луѓе се, ама можеш да им купиш тостер, микробранова печка, апарат за кафе или некој убав сервис чинии. Тоа е нешто корисно за сите и ќе им остане. Доколку се помлади можеш да им уплатиш за летување, сега барем има многу ефтини понуди со превоз со појадок/вечера. Или едноставно можеш да им дадеш ваучер пример од 5 000 денари за да си купат што сакаат од бела техник пр. од Нептун, Техно маркет итн.
Девојки и јас се спремам за свадба. Невестинска маса, китенки, кетеринг ке ми прави "you and me sweet table" е на фб страна, предобра е и не е воопшто скапа. Е сега уште за осветлување не знам што да правам па дали можете да ми препорачате некој и цена одприлика да ми кажете? бакнежи до сите
Можеби има посоодветна тема, да не лутам тука ќе си прашам. Кај се наоѓа сега матичната служба во центар?
Баш како темава, секакви совети се добредојдени! Ми треба предлог за фризура и шминка, да не е прескапо, туку нормална цена, предлог за музика да не е исто многу скапо е, и секако фустан хаха веќе сум при крај и со време и со нерви да шијам или купам ама до 300 е ? И друго немам китенки, бонбони и се друго што треба ама ај да не е толку страшно... па ако сте расположени, невести што во овој период правевте или ќе правите свадба Ве молам споделете со мене... бескрајно Ви Благодарам! И со среќа на сите!