Музика Селект Бенд 450е Немаат убави песни на Ју туб али во живо се супер.. Венчаница Викторија Маер во Црниче може да ти направи поефтина цена а нејзината сестра прави китенки бонбони Китенки и бонбонциња Ангела е на фб пишана.. За колку време ти е свадбата? позз
За три месеци... На Викторија од која цена и почнуваат? имаш искуство со нив, она и сестра и ? Фала тии
Луна ми се чини како да прочитав некаде дека септември правиш свадба? Кажи ми предлог фотограф, музика, и шминка и фризура. Сеуште ништо немаме закажано... и се останато китенки, чуда...ако не ти е проблем Фалаа
За бонбони и китенки ако си од Скопје отиди си до Битпазар во делот кај што се продаваат материјали има две дуќачиња и се ти е ефтино. Имаш и тул околу 100 денари метар е, машнички околу 100 денари вкупно да те коштаат, и има цветчиња малечки 100 цветчиња за 200 денари. тоа по мене ти е најефтина варијанта. И ако имаш некој да ти помогне да ги направиш, ако не ти самата за ден-два ти се готови и китенки и бонбончиња. За шминка и фризура не кажувај дека си невеста и одма имаш помала цена т.е. нормална цена. За венчаници во Мавровка Филка. А за музика неможам да ти кажам бидејќи ние музиката ја резервиравме 8месеци пед свадба, а имаше и доста групи што беа резевирани уште од септември за ова лето.
Еве и тука ќе го поставам прашањево... Сакам да поставам едно прашање...ама не сум сигурна како ќе ме сфатите.. и не сум сигурна дали воопшто треба да размислувам на таа тема.. Сум слушнала, не сакам да звучам суеверно..ама сум слушнала дека на свадба закониците, значи кум, старосватица, не е добро да се луѓе кои немаат деца. Е сега личноста што сакам да ми биде старосватица, ми е многу добра пријателка, бивша колешка, и сакав неа да ја прашам... а и она мислам дека очекува, во неврзан муабет има спомнато нешто, ама се сетив на тоа... она е возрасна жена, разведена, и не можела да има деца... Многу грда судбина... Жал ми е за неа, ама не би сакала да ми биде тоа грижа и несоница, да го мислам цело време, дека ќе ми се повтори истата приказна.. .сепак во црква ми е сведок... НЕ знам можеби грешам...Ве молам ако сте слушнале, ако имате искуство кажете ми било што...затоа што веќе бев решена, а сега сум неутешна..
Мислам дека се глупости ,извини вака, ама искрена сум. Што сега , јас не сум мажена , еве ме побара и ставам другарка исто немажена , од каде да знаемме дали е плодна. Стви си некој кој го сакаш искрено од срце , не се замарај со бабини даветини...
Па знам...ама тоа не важи за сеуште немажени...она е мажена, разведена и не може да има деца Глупаво е знам, ама тоа ми влезе сега во глава и не знам како ќе се разубедам....
Не се замарај со глупости. Тебе кумот и старосватицата ти се луѓе кои трба да ти бидат најблиски и за било што во животот да можеш да им се обратиш и да ги споделиш сите убави и неубави работи. Моите кумови и старосватови немаат деца ама за старосватицата можам да ти кажам дека кога и спомнав дали сака да ми биде старосватица за свадба толку многу се израдува, само што не заплака. И да не ти биде важно дали ќе ти дадат подарок или не. Тие се луѓе што сакам да бидат дел од мојот живот во следниве 100 години. Помалку мисли на такви лоши работи и имај помали очекувања за некои работи за да не се разочараш.
Ме расплака Па знам...неа и толку лоши работи и се случуваат, и баш мислев дека со тоа ќе ја развеселам ќе и направам да и биде убаво.. ама ова сега... не знам навистина не знам што да одлучам... и се осеќам многу глупаво
Кај нас нема обичај старосватица? Нема ли да успее бракот? Невести не се замарајте со глупости. Уживајте во денот и терајте си како вие сакате. Без суеверија и глупости.
Дали сакаш со таа личност да бидеш и понатаму во животот како најдобар пријател, за што и да ти треба да може да и се обратиш и она тебе? Мене ми е важно луѓето да имаат добра душа и да ги споделиме убавите работи заедно. Ако ти значи таа личност и ја сакаш за сведок на твојата љубов тогаш нема што да размислуваш. Незнаеш може тоа ќе биде почеток на некој заеднички убав период и твој и нејзин и заеднички.
Не се замарај со бабини деветини, направи си чест на твои и тебе драги луѓе. Гледајте да имате и двајцата во главата. Никој не се развел оти старосватицата не е мажена или разведена, туку сите од главата си патиме. Поздрав, ти посакувам да ги издржиш мачните подготовки и да ја имаш најубавата свадба.
Луѓе дајте инфо/совет колку време пред свадба е пожелно да закажам црква?не сум во Мк,па сакам да ми е под контрола се
Кога сакаш можеш да ја закажеш. Нашата е закажана пред месец, може и повеќе. Сакав да си ја тргнам обврската од глава. Инаку во септември е свадбата.