@Haley Уф,не прашувајОд една страна сум лабава и не осеќам никаква еуфорија дека нели далеку и нема кој да ми ја збори,од друга се плашам дали ке завршам се на време.Регистрирани сме овде,доле имаме само црква и прослава.Адети сведов на минимум,нема земање невеста и сите пропратни работи,фустан ко шо пишав закажав термин кај Мила но ке целам на готов да го купам-шиењето ми е голем стрес и сум скептик по природа така да првиот шо ке ми фати око(и тело) одма го купувам,шминка и фризура закажав кај Даниел Николовски,ама нешто почнав поплаки да слушам и чудни суми за не толку вредна услуга така да може и сама да се нашминкам и тоа е тоапиши ми лп ако те 'мачи' било што,радо би да помогнам
Zdravo, bi vi ponudila nesto za kitenki, cokoladca i slicni raboti edni devojki. Mnogu ubavi raboti imaat i izrabotuvaat i malku pounikatni raboti po zelba.. na fb imaat strana potpisani se Изработка на персонализирани подароци. Jas sum prezadovolna od niv, sea pred dve nedeli pravev svadba i cokoladcata mi gi prave tie. Ako sakate ke prikacam i slika.
Луге ве молам некој да ми разјасни некои поими-старосват/ица..Имено,на нашава свадба вујко на маж ми ке биде старосват(старејко)по некои си нивни стари адети,а јас си имав планирано другарка најдобра за старосватицаШто би правел старосватот(вујко)дали истото што и старосватица,и дали јас имам право на некој "мој" законик?
Најдобро да си прашаш во црква.. ама ми се чини двајца не може освен ако не се сопружници или во крвно сродство. Ама сепак прашај, сега се е модерно па можеби и ќе може, или еден ќе биде за ритуалите во црква, а друг за на оро! Хех Поздрав
Женски искуство со Челик бенд од Куманово? Каква музика свират, слушнав дека српско свират најмногу, а ние сакаме повеке македонски песни и така нешто модерно.. т е сакаме делумно и наш репертоар. И која цена им е цената? Секоја информација е добредојдена фалаа ви
Имам слушнато порано така било (барем кај моиве постари роднини)... мислам дека ова миоже да се реши во рамките на семејството да разговараш со идниот маж и со неговото семејство сепак биле на некоја свадба во брзо време и мислам дека ќе разберат дека сакаш другарка ти да биде старосватица... најубаво во склоп на семејството идно да си се договориш..
Тоа со вујкото било на времето сега е 21век барем во Скопје секаде кај што сум била на свадба старосватицата е другарка на невестата.. Исто така и јас бев кај мојата најдобра другарка старосватица претходниот месец...Исто и ти ако си имаш другарка со која си се дружиш разговарај со идниот сопруг кумот е од негова страна а вториот сведок старосватицата од кај тебе..
Невести дај споделете искуство/мислење,за декорација внатрешна,препорачајте студио некое,имено ми треба за главната маса сакам фино да е скоцкана со свежо цвеќе,свеќници и слични детали,им пишав на фенси мериџ скопје,чекам да ми вратат,видов слики ми се допаѓа тоа што работат..и со цени како иде ме интересира?!?
Ве молам некое искуство со Фантазија Бенд(ги видов на јутјуб само), Скандал Састаф и Балкан Бенд(не успеав да најдам ништо за нив) ? Овие три групи се слободни за нашиот термин и треба да избереме помеѓу нив. Искрено Скандал ми се супер за забавен дел ама не знам како ќе бидат за народно не сум слушнала ништо во тој фазон од нив. Деновиве треба да одлучиме.. фала
Тука на форумов во темата музика за свадба баш сеа читав една девојка пишува за балкан бенд дека направиле феноменална свадба... и има некои видеа на youtube... малку сум надвор од прашањево али колку да помогнам малку ххехе ..
А девојки, колку време унапред го порачавте бидермаерот? Јасно ми е дека зависи од цвеќињата, ама некој просек...?
@Umbrella22 Стар е постов твој, ама додека читам да појаснам. Така е во Битола, девер мора да има, старосват нема, деверот не е братот на зетот акк има, пошто тој секако е девер, ама не на свадбата, тогаш е другар, евентуално брачед. Тој и кумот имаат само улога и се и сведоци. Јас затоа се чудам на скопскиве работи, тројца да имало, деверот нема ни функција, за едни чевли не ни мора да го има на свадбата, се праел старосватот.Тој уствари е исто со деверот во Битола. Затоа јас еден ќе имам девер=старосват пошто јас сакам девер да имам. Не ми требаат триста луѓе.
Интересно,кај нас девер ќе е братот на м.м,така сами си одлучивме а старосват вујко на м.м по некое си старо и според мене многу безврска правило.Јас сакав другарка да си имам старосватица,пишав за тоа по некој пост низ темава,и сеа се нервирам,може ке звучи детски и незрело но добар дел од "филмот"свадба ми се скрши:/
Епа ми велеа мене старосватица да сум си бирала, требало да е моја другарка, ама пошто мене сите ми се со бебиња сега, не сакав обврски да им ставам и реков еден ќе си е старосват и девер. А за старосват како им е, не знам правила, пошто кај нас старосват нема. Ама кога веќе сакаш, а тоа е право ти да одбериш нешто, зошто да не можи твоја да е старосватицата? Ко таа да не можи да ја врши истата функција (во црквата смените и потпис). Туку така си замислиле тие, и сигурно одма си го врзале муабетот, а не прашале. Ова е твоја свадба, сепак треба и ти да кажеш збор, два.