Со среќа да ви е Сега моето мислење... За украсувањето види во ресторанот прашај дали имаат склучено договор со некое студио за украсување. Ако имаат, украсувањето ќе биде поефтино или гратис. За осветлувањето... И јас за мојата свадба сакав, ама од ресторанот кажаа дека осветлувањето што го имаат е повеќе од доволно. Плус мажот ми не сакаше и падна договор парите за осветлување да одат зс меден месец. Јас би ти рекла, убаво зборни си со менаџерот на ресторанот, ќе ти објасни како обично ги осветлуваат свадбите. Реално, не е ефтино, што се вели со тие пари ќе ја платиш музиката
Девојки каде да најдам нешто за одозгора, некоја бела бундичка или друго наметче? Секако да не е прескапо. Што носевте вие?
Доколку самата си најдиш некаде можиш ли да ни кажиш каде најди и ја сакам исто така нешто а мене ми кажаа кај што ја шијам венчаницата во сите поубави "помодерни бутици" можело да се најди али дур почеток на ноември
Јас си сошив со долги ракави фустан арно ролка не побарав.Види ако најдеш крзнен шал,ги има во Зара но нема бел,се носи само преку едното рамо и мене лично ми е ептен стилски детал.Имаш нели и болеро,невестинско и секакво,но тоа ми е,без навреда,најголемата модна утка до сега
@dunika јас ќе имам и украсување и осветлување. Ќе биде накитена само невестинската маса со природно цвеќе. На останатите маси само по еден висок свеќарник. Ќе ги китев и нив со цвеќе ,ама ме премислија да не фрлам пари на глупости. За осветлување е задолжен мм, па цена стварно незнам да ти кажам. Прво ќе свети салата само во една боја, исто како и невестинската маса и позадината за сликање. После следи чад, балончиња на валцерот. И ефектите се на крај на забавниот дел. Мислам дека беше така. Мм конкретно знае. Ако ти треба нешто пиши ми лп.
Фала ти мила,исто и кај мене ке е,само невестинска и осветлување основен пакет,без многу јаки ефекти дека пречат на снимка/слика и на постарите.И мене ме предомислија дека се џабе фрлени пари на сите маси,а и реално ако посакаш од сите екстра додатоци за свадба,кои се достапни и модерни ке има трошок скоро колку порциите што коштаат..
А дали знае некој за во Кавадарци кој е најдобар и како одат пакетите за онака средно осветлубање украсување ..
https://www.facebook.com/You-Me-sweet-table-583948475078052/ Мене ке ми ги средува тие работи женава. Значи не е многу скапа, а има маѓични раце.
еее ств знам дека е добра за украсув. онака по забави а и нр сум знаела и за осветл. плус дека е ... а овие од Висаже признавам добри се скрос ама цени скапо си држат
Женчиња што сте се венчавале или што сте венчавале во Соборна дали свеќите што се земаат од таму се украсени? Ни кажаа дека мора од таму свеќи да се земат и сега не знаеме дали да понесеме некои машни или подукрасени ги даваат.
Не не,јас сватив(од ливче со потребни работи)дека свеќите треба да се црковни,со жиг од Мпц и истите се во цела Мк тие белите од 250 ден..Ако грешам нека ме исправи некоја искусна невеста:/
Така може. Инаку навистина ми нема никаква логика да мора од Соборна ако таму се прави и венчавката Ај ако види @Luna91 ќе ни ја разреши мистеријата, баш ме заинтересира
Здрaвo нa сите имaм еднo прaшaње aкo некoј знaе дa ми кaже бурмите дaли требa и aкo требa кoлку време пред венчaвкaтa требa дa се oстaвaт вo црквa ?
Не треба да седат во црква. Ние си ги носевме на украсно перниче истиот момент кога влагавме во црква .
Жени дајте мислење и совет,ме мачи приемот и сликањето(за жал не можам нит знам како да го одбегнам)!?!.Е сега,околу декорот,некои ателјеа ми предлагаа некакви чудни позадини од бели завеси и слични чуда,flower walls и сл,што мене лично ми се кич и би ги вклопила само на венчавка на плажа.Свадбата ми е во А.Палас,пречек ќе ми е во холот пред самата сала(не фоајето) и се мислам што да има:/.Видов едно пано/позадина со иницијали на младите и датум,ми се бендиса но незнам кој ги прави...
во кој стил се пронаоѓаш најмногу што те влечи сигурно има нешто што те восхитува на прв поглед зависи и од временскиот период кога ти е свадбата можиш да си направиш во тој стил и јас ја приготвувам мојата свадба вп ноември ми е и мн сум скептик за тие сликања но на Пинтерест тплку добри идеи пронајдов и стилови и се е како склопено пробај таму пронајди со некоа идеа слика ќе ти падне во око сигурно со иницијали има мн добри декорации секоа подобра фирма па некоаш и најобична цвеќара ќе можи да ти ја направо среди твојата замисла