Вие што се спремате за свадба ѕирнете го ова http://termin.mk/blog/sakam-pliko Пари плус се секогаш добредојдени за свадба
Свеќите според она што ни го кажа попот мора да се земат од Соборна. И јас го прашав дали може од друго место со жиг од МПЦ, но тој го повтори истото. Така ми кажа така ви пренесувам. Инаку свеќите не се украсени, кумата и старосватите си понесоа машни и само ги прикачија.
ми требаат сите совети како што се прави од каде се започнуваат подготовките ме фаќа паника ништо незнам како се прави а веќе еден месец сум верена свадбата се планира на шпролет да биде знам има време но за мене нема поготово дека незнам од каде да почнам helpppp!!!
Ќе почнеш од резервирање ресторан, музика, па матично, па црква. После ќе почнеш со барање на модел за фустан или фустан, зависи дали ќе шиеш или ќе купуваш. Па после со малите работи, украсување, осветлување, покани, штикли, одело, шминка, фризура итн.
Жени дајте совет балетанки да земам или не?!? Штикли имам два пара едни неразносени и едни многу удобни,но за скоро цел ден
Јас си земав и среќа што земав бидејки едвај издржав на првиот танц и соблеков штиклите и се фатив за оро ко човек.
Зависи дали трпи фустанот. Јас ако облечев ниско пашката ќе ми се плетеше низ нозе и немаше да можам да се движам. Па облеков полна пета сандали кои летото често ги носев и ми се супер удобни.
Мој совет е балетанки никако... Бидеќи фустанот ќе ти биди мерен на штикла и кога ќе ги соблечиш фустанот ќе ти се влечка и мн ќе се сопнуваш, затоа е најубаво да си земиш на плута.... ќе ти биди мн удобно и ќе бидиш повисока спрема на балетанки.
Нешто удобно на плута некои што сигурност знаеш дека ќе ти се ок или некоја добра кломпа зошто па да не кој те гледа под венчаница .. ја така се спремам за мојава свадба битно мене да ми е добро тоа никој не гледа одоздоле
Висока сум и немам ниту едни на плута/полна пета Море ке се изнервирам и старките ке си ги облечам Ај ке видам битно ке најдам алтернатива,Ви благодарам на одговорите
@dunika ако веќе земаш нешто земи балетанки, некои убави, удобни. Кломпа видов на една свадба ужасно нешто, ко на времето коа ке се облечеа домашни влечки, па невестата го поткрева фустанот за да игра подобро и на ништо не личи целосниот изглед Со балетанки баш ми е фино, има убави, елегантни, едина разлика е што нема штикла.
зошто да изгледа грдо ако е соодветна големина венчаницата никој нема да примети што носи а на балетанки ко што кажа ssweety ем ќе и се влечи ќе се сопнува а да не збориме колку пазат останатите .. Што знам се е ипак вкус и стил кој како си сака таа си е висока и мора добро да си најде соодветно нешто. Сиг дека нема да згреше во изборот тој е нејзин ден и таа треба да ужива , гледај си @dunika тебе да ти е погодно
Зошто да не, ќе си најдеш поубави некои, елегантни што ќе ти одговараат со фустанот и деталите што ќе ги имаш и немај гајле. Али обавезно пази да ти се удобни, не е најважен само изгледнот.
Секако. Јас после саат време стоење во црква, едвај чекав да ги соблечам штиклите. Истерав фотосесијата на балетанки, па после за сликање со гостите и прв танц пак ги облеков штиклите. Па пак се вратив на балетанки и со мерак си ја изиграв цела вечер. Ако не си навикната долго време да стоиш и одиш на штикли, тешко дека ќе издржиш. Затоа, да си на сигурно, земи си балетанки.