И старосватот носи. Скоро кога бев на свадба видов дека прво сечеа од таа невестинската на спратови, од кумот и на крај од старосватот.
Колку што јас знам, носат и старсватовите и кумовите. Кај брат ми донесоа, а и на сите свадби каде што сум била имало три торти, невестинската, од кумот и од старосватот .
Фала девојки, претпоставував дека треба да носиме ама за секој случај да се потврдам Утре сме старосвати на свадба и ми е страв да не заборавам некоја ситница... Поклон, торта, материјал, свеќи, лична карта , пари за црква и музика и добро расположение Да не заборавив нешто?!?
Па така му доаѓа некако ама ја знам дека младоженецот ја купува на невестата, и невестата на младоженецот
Една многу актуелна тема ( бар за нас деновиве). Мојата прва братучеда ќе прави свадба за две недели, младоженецот запнал да го види невестинскиот фустан, а тие толку испаничиле што уште малку ќе го носат во банка да го заклучат во сеф за да не го види. Што мислите вие за овој адет суеверие како да го наречам?
Мене искрено ми нема врска тоа, да не го видел младоженецот венчалниот фустан. Не верувам во такви суеверија. Што е до мене, здравје Боже ако дојде ден јас да се мажам, со идниот сопруг има да си бирам фустан.
Јас мојот фустан го бирав со маж ми и одев на проби со него и се и на крај кога беше готов го земавме заедно. Негледам причина да не го види ако сака. Јас лично не верувам во вакви работи
јас мислам дека нема врска се се тоа глупости( барем за мене, јас неверувам во такви работи) јас кога го бирав одевме заедно со моето маже, па фала богу и тој треба да ми каже дали е убав или не
Невести, од каде го купивте бидермаерот? Го затворија цветниот пазар и сега поим немам од каде да купам, по цвеќарите што прашав најефтиниот бидермаер е 3000 ден Малку забегаа со цените во Скопјево... Кумата или деверот го купува бидермаерот?
Кумата купува два бидермаери еден за фрлање и еден за невестата што ќе и остане, барем така е кај нас. И како тоа 3000 денари прошети во бутиците за венчаници има и по 600 денари
Кумата го купува, колку што знам, и само еден бидермаер е потребен... и јас имав сосема солиден бидермаер за 1500 денари, од свежо цвеќе. Ако имаш посебни побарувања, тогаш може да биде поскап. А бидермаерите од вештачко цвеќе се далеку поефтини, ама па не изгледаат убаво. Барем мене лично не ми се допаѓаат (мразам вештачко цвеќе).
Ние бевме девери т.е. брат ми му беше девер на братучед ми и ние го купивме бидермаерот, а го бираше невестата сама, а ова за кумата искрено прв пат слушам, инаку провери низ чаршија ако ништо друго
па затоа и реков дека најмногу зависи од каде си какви обичаи се практикуваат, затоа отворено разговарај си со кумата или деверот да не стане само бидермаери
Ми дадоа вештачки букет со венчаницата ама нема да го употребам, не сакам вештачко цвеќе... Сакам да биде малечок букет со 3 орхидеи и неколку ружички, ништо посебно Бев во буњаковец и беверли хилс и ми се крена косата, обично букетче со 11 ружи е 2500 денари Изгледа сега користат шанса во периодов додека не се отвори цветниот пазар, ама срам да им е! Како и да е, нека му ја мисли кумата
Незнам од кај си, ама во Бутел 1, во малиот трговски има цвеќара, мојата старосватица секогаш пазари од таму, и баш пред кратко ми спомна дека изработуваат супер бидермаери по ептен пристојни цени. Не е на одмет да си погледнеш. И немој некој како мене да прави, мене едниот ми кошташе 2.500, другиот 4000 ...сега ми е срам, ама кој можеше тогаш да ми докаже