Баш вака замислувам и се договараме, да дојдат само домашните кај нас на запознавање, ама читајќи по темава видов за дарување на кумот/старосватица итн, па си реков да прашам
Девојки да прашам некоја скоро што правела свадба, кој го купва бидермаерот на невестата. Оти според некој требало деверот ама мене деверот ќе ми ги купи чевлите па не е фер да ми купва и бидермаер, а некој пак ми велат дека кумот го купва бидермаерот, мојот кум се понуди да ми го купи венчето за во косата, ве мола некоја скоро што правела да ми кази како направиле. Што е до мене нека ми го купи кумот венчето, деверот чевлите а јас бидермаерот.
Јас како што знам кумовите и старосватовите се даруваат викендот после свадбата. Но сум слушнала и дека на свадбата ги даруваат. Е сега, зависи како ти го замислуваш дарувањето, порано тоа биле цели бовчи, сосе постелнини, кебе, пижами, пешкири, итн. По модерно најчесто младите ги даруваат кумовите и старосватовите со некој симболичен подарок како часовник, накит и слично. Само кумот и старосватот/старосватицата се потпишуваат, но не би било згодно нивните партнери да ги оставите без подарок. Сметам дека дарувањето не треба да биде прескокнато, бидејќи за мене сведоците се и те како битни гости. Во минатото кога младите ќе договореле кој ќе е кумот и старосватот тогаш велеле дека веќе се род, а не само другари. И навистина сметам дека е така, кумот и старосватот/старосватицата се бираат и со мерак се канат да ви бидат сведоци. Е сега, веридбата нема никаква врска со дарувањето на кумот и старосватот. Мене најприфатлива опција ми е заедничка вечера на двете семејства каде паѓа договорот за свадба. Но, свадбата, макар само матично е голем чекор и одредени работи треба да испочитуваат.
Девојки на некои свадби невестата кога сече торта, дава парче и на немажените и неженетите за да ги "фати мајата". Нели со тортата обично и некои бонбончиња или мали нешта се даваат, па ако имате некоја идеја за овие мали нешта/бонбончиња ќе ве замолам да споделите. Фала однапред.
Се даваат бонбончиња да, отвори на некоја страна на цвеќарите ќе видиш модели. Цените им се од 15-20 ден па нагоре.
Епа тогаш нема што да даваш. И јас не давав со тортата, оти веќе имаа гостите бонбонче. Делев само торта.
И тука да постирам.. Каде да најдам восок што се топи за запечатување коверти? Или некоја работилница што може да ги запечати ковертите со восок?
Фала Srce01, но не можам да ги чекам толку долку за да пристигнат.. Се надевав дека во некоја продавница може да се најде.
Вие што си правите сами бонбончиња, од каде купувате бонбони? Но не од оние малите како боцки,прашувам за поголемите да речеме со големина и форма на бадем? Прашав на едно место во чаршија,кај бутик Мисс Белла Бонна само мали имаше.
Прашај во продавниците на Европа и Краш. Или во други продавници за слатки и бонбони. Јас бонбончињата ги купив од Европа.