јас планирав на машките да им купам саати, на женските накит, ама најверојатно ќе ги прашам што сакаат, на нивните родители на кумот и старосватицата постелнини,а за бајактар и месарија незнаев дека се даруваат
Кој танцов клуб ќе ми го препорачате,ми треба за кореографија за свадба, да почнеме со All of me, а некаде на пола да продолжиме со истата песна но во bachata верзија,нешто како латино До сега овие ги прашав за цена и сите кажаа исто : KaDance, El Tango, Танцов клуб Сонриса, Academia recreativa.
Дали некој знае дали можам да патувам 10 дена со постоечкиот пасош веднаш по свадбата па по враќањето да ги сменам личните документи, почитувајќи го рокот од 30 дена секако, или не смеам да излезам од државава додека не ги сменам документите по регистрацијата? Во повикувачкиот центар не знаеја да ми кажат, морало лично да се праша во МТВ, а сакам да резервирам па си викам дали некој можеби знае со сигурност или има слично искуство. Многу ви благодарам однапред
Ако смениш презиме, не смееш да патуваш. Казните за користење на пасош со старо презиме се од 100 до 500 евра.
Рокот е од 30 дена ти е ако не ја напушташ државата. Ти можеш да излезеш од МК и да се вратиш без проблем, но никој не може да ти каже со каква казна ќе се соочиш кога ќе отидеш да ги смениш документите. Можеш и само со опомена да поминеш ама ризикот е твој. Јас правев свадба во сабота и веднаш во понеделникот отидов да сменам документи и пак ме пратија кај инспектор, морал да провери и да потпише, иако реално, лудо е да помислиш дека сум отишла некаде и да сум се вратила за 1 ден. За да ти е мирна главата, закажи си шетање 10-15 дена по свадба и смени си ги документите.
Процедура е да помине пасошот низ инспектор. Баш поради патувањата. Исто беше и со мојот, поднесов после два дена за нов од регистрацијата. Едно време беше по лабаво. Сега сто пати најавија за промена на пасош при промена на презиме. Затоа внимавајте . Прашајте инспектор за најточни информации.
Некој што има правено или присуствувал на свадба со идење по невеста во друг град да ми пише лп ако сака... Ми треба малку памет...
https://www.facebook.com/DancersUnitedMk/ Не спремаа нас за првиот танц. Љубезни, флексибилни за термините и многу професионални. Лани беше 4000 ден за 5 часа. Сосем доволно да се научи и извежба кореографија.
Ние сакаме одма да одиме наредниот ден? Прашав ми рекоа битно е во рок од 30 дена да поднесам барање и дека можам да патувам со стариот пасош. Сеа ме збунивте. Инаку долен веш, ташна, сандали кај да барам???
Освен КаДенс сите останати не ги бива. Всушност Ел Танго не ни знам кои се. Но инструкториве од Сонриса и Академиа Рекреатива се приучени танчери кои знаат да ве научат само салса и бачата. Не очекувај од нив валцер или било што класично. Кате од КаДенс е барем бивша танчерка и бивш натпреварувач. Друга опција ти се Dancers Unitedm како што ти предложија, или пак Прима Данца. Штета што Димче не е тука, тој е број еден, него го препорачував на сите.
Како сакаш, јас ти кажувам мое искуство. Кај инспектор секако ќе те пратат, пошо мора да потпише он, и да си била и да не си била некаде, е сеа, ќе треба да се молиш на негова добра волја да те пушти со опомена, ама сепак ризикот е твој, дали сакаш да фрлиш 100-500е во ветер или поарно да презакажеш одмор и тие пари да си ги потрошиш за убаво Со среќа
Кај инспектор се оде затоа што не ти е истечен стариот пасош, а сепак мора да го сменеш поради презимето. Мене така ми кажаа во мвр. Сите на кои не им е истечен стариот пасош, а вадат нов поради промена на податоци одат кај него. Моја другарка веднаш после свадба излезе од државата, па ниту казна ниту опомена си доби.
Здраво девојки, Кај да најдам најефтин тул, свилени траки и оние ситни топчиња за декорација што идат до цветчето за побогато да изгледа?