https://www.facebook.com/megaproduction.mk/ https://www.facebook.com/Impression-Ohrid-1993799337520658/ (можеш и профилот да им го побараш, има повеќе слики, ама не можам линк од него да ставам).
Хелоу девојки, Би сакала да прашам, да ми сугерирате некоја фирма или лице што се бави со организација и консултација за свадба. Вака што гледам, кај нас таквите фирми се базираат повеќе околу декорацијата за свадбата.. Мене лично, потребно ми е да почнам со консултација околу локација според конкретни барања и сл.. Any help is appreciated ^^
Девојки, невести, ве молам за интересна идеа како да ги спакувам грепките кои невестата си ги порача наместо цвеќе од гостите. Малку ми е неубаво да ги бапнам во плико, сакам нешто креативно да биде!
Ќе купиш букет од ружи, измеѓу ружите стави ги грепките свиткани во вид на корнет од сладолед и залепи ги на дрвени стапчиња или цевки за сок. Се надевам убаво ти објаснив, јас таков оригинален букет добив
Свадбата ни е за време на пост.Е сега прашавме дали може да се венчаме тогаш дека е пост ни рекоа па може ама поскапа е таксата.....Ама овие нашиве се ке напраат за пари....Е сега не знаеме што да правиме дали да се венчаме тогаш или да чекаме да помине постот...?
Како бе поскапа е таксата за време на пост? И ние на строг пост се венчавме па не плативме повеќе. Колку ви кажаа дека треба да платите?
Прашавме поп ама блиски сме со него и така ни кажа "ќе ги венчаат ама поскапа е таксата дека требало нешто владиката да се извести нека си праашат најдобро поп што ке ги венча тој ќе им објасни најдобро."А тој нема да не венча за да би кажал дека е поскапо за негов ќар...
Тој што ви кажувал врска нема, па уште и повеќе пари ти побарал за срамота За време на пост можеш да се венчаш но само во црква, а не во манастир, можеш да го прашаш владиката доколку дозволи, но цената е иста. И нас свадбата и венчавката ни беше за време на пост, го прашавме владиката дали може во манастир но не ни дозволија. Значи само во црква венчавање за време на пост Нека ви е со среќа
Што треба кумата да однесе, да направи во матично ? ... и некој предлог за поклон од кума за веридба?
Треба да носи лична карта, за во матично не треба ништо, додека за во црква се носи материјал и свеќи. Во матично само се потпишува како сведок.
здраво феминки! Венчаницата ми се свига многу. Дали некој ја видел некаде во некое ателје или слично и знае од каде е купена/шиена? Фала многу!
имам две опции за датум за свадба.крај на август или крај на септември...не можам никако да се одлучам,не сакам август заради топлото,а септември е некогаш дождлив и тоа ме плаши. Искуство некое да споделите за септемвриски свадби?