Здраво Фемки Имам голем про6лем и се наддевам ке го решам со ваша помош, незнам што да правам сакаме да правиме нешто како свад6а ама не свад6а .Значи да одиме во матично и во црква и потоа во ресторан но само со нај6лиските(родителите,сестри, 6рака и сведоците) но некако сите ра6оти си повлекуваат по нешто пример:за матично и црква тре6а да те снимаат и сликаат што знаци тре6а сликари за во ресторан тр6а да има музика сепак е несто у6аво не е погре6 и до6ро луге мои како ова да го изведеме?
Едноставно. Ќе најмите некое фото студио што се однесува за сликите. За музиката исто така ќе си најмите некој бенд. Ќе резервирате во помал ресторан, во зависност колкава фамилија сте и кои ви се најблиски. И решено. Нема место за паника
Како прво тој адет да не го види фустанот не е наш тој адет е од филмовите а како второ нашиот адет ако не се секавате ке ве потсетам дека го носат св атовите и млади девојчинја го заигруваат така да и да не сака маладозенецот да го види нема друго очи ке му истераат со него па ти види. поззз
Штом станува збор за твојата свадба воопшто не треба да се грижиш.Баш напротив треба да ти биде одлично околу сите подготовки.Тоа се слатки маки.Колку што сфатив не сакаш голема свадба.Закажете си во матично,црква,ресторан.Најдете си музика.И секако фотограф.(сликите се тие кон не потсетуваат да убавите моменти во животот.Е сега не знам дали сакаш да носиш венчаница?Нарачај си венчаница,доколку сакаш.И полека без нервози се ке се среди.Ајде радувај се ,тоа е твоја свадба. Ти посакувам среќа.
Лимузината беше отприлика 300еу ,да изнајмиш кола мислам дека поефтино ке те фати (знам лотус имаат посебни коли за свадба со шофер) ,а кабриолет тешко дека ке најдеш освен ако не познаваш некој близок кој има таква кола, но сепак прашај по фирмиве за рент а кар ама скоро сигурна сум дека немаат.
Не ти препорачувам кабрио од причина што може да ти се случат чуда со фризурата а тоа сигурно не го сакаш на ден на свадба
Хахаха, што има врска ако го види бре. Ние наскоро ќе правиме свадба а мојот вереник знае каква венчаница ке шијам и згора на тоа, неколку дена пред свадбата ќе се сликаме тој ке биде со костимот а јас со венчаницата, така да неминовно е да ја види. А и не гледам причина зошто не би ја видел пред свадба, тоа за мене се глупости.
Ќе биде ли некоја од вас љубезна да ми каже во однос на бонбончиња, китенки и.т.н. што све треба за свадба да се спреми од страната на невестата. Ние скоро ќе правиме свадба, а јас поима немам што треба да се спреми. Кога доаѓаат сватовите знам дека им се ставаат машнички бели, друго незнам. Значи ме интересира што треба да спреам за дома и за во црква. Благодарам доколку некој се потруди да ми објасни во интерес на подготовките.
Одприлика ова е тоа што ти треба: За сватовите кога доаѓаат кај тебе да те земат, китенки кои се закачуваат на врата (поедноставни) кога влегуваат во домот, потоа китенка за зет, кум, кума, старосват, старосватица, деверуши ако имаш (овие ти ги ставаш кога ќе дојдат кај тебе во соба), и машна за на рака за на деверот која ја врзува деверуша (исто кај тебе во соба кога ќе влезат). Потоа, ти требаат невестински бонбони кои се делат со невестинската торта, одприлика можеш да набавиш третина од бројот на гости кои ги имаш, тие би требало да ги земаат само немажени/неженети, иако кај нас тоа не е случај, ама не можеш па сеа да правиш за сите. Потоа, дома кај вас треба да имате спремена погача која ќе ја кршите ти и младоженецот и ќе си дадете еден на друг откога ќе дојде тој кај тебе во соба. Кај тебе дома пак свекрвата доаѓа со нејзина погача која си ја кршат сватовите меѓу нив, а за во црква ништо не ти треба затоа што свекрвата носи и таму погача и вино, потоа кумата и свекрвата носат во црква и од бонбоните кои се префрлаат преку вас кога вртите кругови а кумата и старосватицата пак носат платна кои ви ги преврзуваат во црква а понатаму остануваат за тебе нешто да си сошиеш Нормално, ти требаат и покани за свадбената веселба, на пример можеш да порачаш половина од бројот на гости кои ги имаш, затоа што некојпат со една каниш цело семејство, а некојпат и еден човек засебно. Ако уште нешто те интересира слободно прашај, а мене ако уште нешто ми текне ќе допишам. Ако си од Скопско, тука е обичај да се крши печена кокошка кога младоженецот ќе влезе во соба кај невестата, прво кокошката тој ја крши (демек симболот е да не лета многу многу) и си давате еден на друг, после тоа погачата твоја ја кршите и си давате еден на друг и на крај си наздравувате со вино.
Wow )), detalno obrazlozhenie si mi napishala )), Blagodaram mnogu, kje mi bide mnogu od korist seto ova. Vo tekot na utreshniot den kje go prostudiram tekstot i ako imam neshto nejasno kje te prasham. Pozdravche...
Girl 1985, a за бонбончиња што треба мајкаму да префрла? Јас мислам дека и бонбони ни требаат. А околу погачата, значи ние кај нас дома кршиме наша, а свекрвата носи нивна погача и таа се крши кај мене дома. Дали треба да бидат погачите со парички во натре?
не треба погача со паричка, обична погача. И уште нешто да надополнам ( да напоменам не сум од Скопје и не знам дали важат истите адети). Требаат и шамивчиња За мајка ти, за татко ти, сестра ти/ брат што имаш за кога ќе се клајнаш да ги стават на глава ( се клајнаш на врата кога излегуваш од дома). Исто така ако се симнуваат дома кај мажот ти ( кај нас го има и овој адет) на вратата ќе стојат свекор ти и свекрва ти па треба да ги даруваш на пример со марама свекрвата а со пешкир свекор ти.Кога ќе се исклајниш и пред нив влегуваш дома каде што ти даваат машко детенце да влезеш со него треба и него да го даруваш ( на пример со блуза, панталони, тренерки што сакаш ти ) Исто така кај нас се купува и кошула на деверот значи кога ќе ти ги облече чевлите потоа ти го даруваш.Бонбони не ти требаат за во црква тие ги купува свекрвата. И еден мој предлог бидејки различни градови различни обичаи земи едно цд од свадба што се правела во вашиот крај и изгледај ја од почеток до крај па така ништо нема да пропуштиш
На сите идни невести кои се мислат за бомбончиња китенки и остало, пишав и во покани за свадба ќе ви ја препорачам... http://www.facebook.com/profile.php?id=100002489873186 ... И тетка ми ќе се мажи и спремаме свадба ама незнате какви изработки има, нема се на фб од причина да не и крадат идеи бидеќи се е уникатно не е како од фотокопир извадено, имаат во моментов и 20% попуст, ќе се изненадите, некаде кај млечен ресторан е пишува со големи букви Ава фешн... Да имате преубави свадби...
Девојки дали свекрвата фрла бонбони во матично кога ке излегуваат невестата и младоженецот? Јас мислам дека не, туку дека фрла во црква но мајка ми запнала дека се фрла.
Претпоставувам дека некоја од вас знае кој е овој ресторан, ви делува познато? Мн ми се допаѓа а и на тетка ми па сакам ако некоја знае да ми пише да го посетиме Фала однапред http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater