За да после зетот исто ја крши невестата ноќе Барем источна Мк е така, ја крши кај невестата дома и бабата му вика „зетко како што ја кршиш кокошката така ноќе да ја кршиш невестата" , ова го имам чуено на свадба и не ми се веруваше што слушам првиот пат после тоа наизменично се хранеа младоженците со кокошката и тоа... Валјда останало од времето кога се женеле со стројници, не се знаеле, па да им кажат што треба да прават
леле беее, и ова имало? Од некои адети, ме фаќа сТрам. А хранењето, зошЧо е, која порака праќаат со тоа? Знам само дека со раце се хранат, значи батакот се фаќа со рака!
Хранењто да со раце е ама нз што е симболиката , валјда тоа за батакот ќе да е , и невестата го храни младожената
И ја не знам, у дилема сум. Зошто со раце и зошто со батак, а не ра речеме со крилце или со "белото месо"?
Па нормално дека може, никој не те тера да ги правиш сите адети, или да правиш свадба со било каков адет. „Зетко како што ја кршиш кокошката така ноќе да ја кршиш невестата" - замислете ја мајка ви вака да му збори на зетот.
Fun fact само, нозете на кокошката се врзани со конец, ваљда требало и на невестата пред тоа да и бидат приберни мислам поврзано е со невиноста. Инаку обичаиве немаат смисла денес, се кршат, се кршат дур се земат се убиваат од кршење @Orchidea Пожелно е да се прескокне бидејќи трипати му го повторува бабата муабетов на зетот а и веќе 99% од младоженците ја кршеле невестата пред свадба
И преку ноќ, ама и преку ден се кршат младите денес. А конецот го кине зетот или како? #прашањакоимемачат Кои личности се присутни при овој адет? Јер, невестата сигурно е во друга соба, онаму кај што братот и братучедите ја "чуваат", па овие буткаат и на крај плаќаат.
@Rebecca_R Присутни се сите , свтовите, кумови, таткото на невестата Невестата не се сеќавам дали беше присутна за време на адетот ама мислам дека да бидејќи после еден со друг се хранат
Во нашиов крај нема таков адет,барем не сум слушнала некој да прави така.Прв пат на свадба летово во скопје го видов и неможев да поверувам дека постоело таков адет.А ако е симболиката на тој адет тоа што го кажавте А што омам нешто по апсурдно слушнато демек на свадба или веридба не се служело пилешко,бидејќи кокошката претара на назад и на младите ќе им одело се наназад што мислам нема врска,кај мене си имаше пилешко
Женски а за деверот треба ли некако посебно да се покани и мора ли да се врзе машна, ете китка ке му стаам посебна
И како иде тоа со вино погача.. Незнам точно како што а се спремам за свадба, имам вака као кој да ми каже али не е тоа тоа бес мајка да ме подучи, па тука вас ве има доста
Нема правила и ништо не мора да правиш што не сакаш. Јас си ги поканив со посебен пијалок (она што знам дека сакаат) кумот и деверот, од ќеиф, но на пример не врзував машна и не правев многу други адети.
Девојки ми треба совет. Ќе правам свадба јуни месец. Ама сакам фустан со ракави. Што мислите срамота ли ќе биде? Пошто јуни веќе е жешко. Пример како на сликата, што мислите?
Знам свадби во јуни кога било ладно и свадби во ноември кога било како права пролет, носи си она што си замислила