Не мора машна може и китка. За свадбата од сестра ми за зетот, деверот, кумот, кумата, имаше посебни китки малу поголеми од останатите немаше машнa за деверот. Тоа е ствар на договор како ќе се договорите така, башка никој не реди кусури за такви работи, бар јас така мислам
а дали има врска какво бонбонче? Јас сакам да ставам атлантис или некое слично не ги сакам тие белите како топчиња што се .
Кај нас сите фрлаат од оние мали бомбончиња, најмалите што се шарени. Атлантис се големи и нема да можиш да ставиш многу за фрлање. Или бирај најмали чоколадни. Оти кај нас после и В црква фрлаат од истите.
Значи нема врска било какво само да е бончбонче, мислам дека шери ќе бидат идеални а а колку треба да има вкупно за мајкаата и свекрвата? ми рекоа требало за двете по 21
За тоа незнам, немам слушнато такво нешто. И уште немам почнато да спремам. Јуни ми е свадбата па се си велам има време.
И ти си јунска невеста? И јас се си велам има време, ама времето си лета Инаку, не мора да се точно 21 бонбонче, туку да се непарен број. Така имам слушнато.
Што цена се балоните на битпазар и каде точно да барам? Ми требаат бели и сребрени околу 100-150 парчиња, фала
Мене буквално фрка ме фаќа со последниве подготовки за свадба... крај на мај ни е , но никако се да досредам. Ајде предлог слаткарница за невестинска торта, и предлог некој што изработува китенки.. Фала цурици
Здраво девојки! Може ли некој да ми каже колку се плаќа да ти дојде матичар во ресторан во недела? Колку се плаќа црквата? И колку долго треба да трае приемот на гости ако има околу 300 гости (максимум), доволно ли ќе биде 1 час? Фала Ви
Јас исто закажав матичар во недела за во ресторан и платив 6200 денари. За црква јас слушнав различни мислења, мислам дека плаќа свекорот ,детото и кумот , мислам и старосватицата нешто така, по 1500 или 2000 зависи од цркавата.
Еден саат е доволно. Приемот е пола саат, ама секогаш се продолжува уште пола саат. Ако свадбата почнува од 19 часот, од толку саат е приемот на гости. Мене ме нервира кога гостите доцнат.
Јас приемот се мислам да го напишам од 18ч да завршам до 19, зошто мене свадбата ми во недела во септември и треба да заврши до 24ч. Така ми рекоа барем од ресторанот, да си завршам порано со сликањето за да имам повеќе време за забава.
Е па ако свадбата завршува во 24 часот, значи треба да почне од 18 часот. Приемот на гости треба да ти биде од 18 часот. Можеш да напишеш прием на гости од 18-19 часот.
Девојки ми треба совет. Незнам во каква боја да си украсам дома. Бидејќи е свадба крштевка. Бебето ми е машко па некако не ми оди да ставам розева боја а не ми оди ни плава боја. Сакам со иста боја да биде дома украсено, масата и столиците, балони, пуфки, потоа деверуши, бидермаер, па во сала масата, тортата... Помош? Совет?
Ракавите се многу убави ама воопшто не се практични и многу лесно се кинат да знаеш . За украсување можеш лила со тиркизна ,ќе ти пратам слики по порака покасно идеи