Во мојот крај , се прави погача и кај двајцата . Индивидуално е , ствар на договор , традиции , од место до место е различно секаде ..
Здраво женски, ми треба предлог песна/музика за влез на свадба? Баравме по интернет со дм, ама некако не ни се допадна ништо посебно. Избравме прва песна за танцување, ама ни треба музиката на која ќе влегуваме во салата. Ве чекам
На истата? Колку време ви треба да влезете до подиумот, сигурно не повеќе од 15-20 секунди, таман додека трае почетокот од песната.
Не се сетив дека може на истата... Ама тука кога се влегува во салата првин младоженците одат до главната маса и се поклонуваат пред кумот, деверот и старосватот 3 пати, па се враќаат назад на центарот на салата и наздравуваат со шампањот. Затоа мислам дека друга музика оди во позадина за целото ова време...
Искуство со Елена fancy marriage? Дали знаете отприлика која цена и е декорација за дома и за во ресторан?
Дали сте организирале превоз за вашите гости, мене ми треба од Скопје до Куманово. Кого сте ангажирале, и колку ве чинело?
Здаво девојки. Потребна ми е ваша помош, вака една другарка планира да прави профилен брак со другар што е странство значи он има бугарски пасош. И сега незнаеме дали кога ќе се регистрираат доколку не го земе неговото презиме ќе има потреба од менување на нејзиниот пасош и лична карта или не. Фалаааа❤
Доколку нема промена на лични податоци и адреса на живеење, нема потреба да го смени. Зошто би го менувала? Не пипува брачна состојба на пасошот.. Барај ги како Messer Macedonia. Цената зависи од боцата.
Дамии, јас не сум по играње и такви работи. И не сакам класична свадба,ама мажов Е сега проблем ми е играњето,не е мој тип,не е мој стил. Каде да поднаучам такт,играње? Не сме во Мк за некои часови, иако тоа не се учи така баш.. ама
Девојки, доколку ви е потребно осветлување за во ресторан и секаква декорација за дома и за во ресторан, како и покани, китенки, бидермаер, венци за на врата, бонбони за во црква, свеќи и сл, ви ја препорачувам Снежана од Атеље Ава. Жената ептен има стил и вкус и е на ниво на задачата. Таа се погрижи за мојот ден и многу сум и благодарна. За неа случајно прочитав од поодамна на форумов и така и одлучив да ја исконтактирам.