Женски знаете ли каде може да се однесе злато и од истото да се изработат бурми? Некој асален златар?
Здраво ми треба совет. Со дечко ми сме сведоци на регстрација за две недели. Ден пред регистрацијата младите ќе прават веридба и невестата сакала да не дарува нешто од почит. Се договоривме ние како сведоци да го купиме шампањското за наздравување и бонбоните за во матично. Сега ме буни дали бидејќи таа ќе не дарува да купиме и ние нешто за неа за веридбата и што би можело да се купи? Дали е доволно некој поубав парфем или нешто слично.
Венчаваат и викендот пред постот, на 9 и 10 март (на Прочка), само од Соборен Храм ме посоветуваа да прашаме за сигурно во црквата што би ја одбрале за венчавка. Но за да не ризикуваме, сепак се одлучивме за 3 март, од причина што веќе следната недела почнува подготовка за постот (бела недела, се запостува со млечни производи, без месо).
Девојки, ако може помош околу венчаницата... како се движи цената доколку сакам да купам, а како на изнајмена венчаница? Дали треба закажување во атеље и слично? Не сум баш упатена, секој совет ми е добредојден. Благодарам
Не знам од кај си, ако си од Скопје цените за нова венчаница се движи од 400 евра во помалите бутици во Мавровка, и од 550-600 докај 1000 и нешто евра кај познатите креаторки. За изнајмување не знам. Во повеќето ателјеа можеш да отидеш без закажување, ама ако одиш кај дизајнерквие ти препорачувам да си закажеш за да ти посветат повеќе време и внимание. Мој предлог е доколку можеш да си дозволиш да си купиш нова венчаница, која ќе ја прават специјално за тебе, по можност кај професионалци. Посебно е чувството кога ќе облечеш венчаница направена до совршенство, според твоето тело, и само за тебе.
Девојки, може да ли предлог, или доколку сте присуствувале на некоја венчевка каде истата почнува од венчавање во црква... значи без одење по невеста и слично. Како може да изведам една таква свадба, не знам од каде би почнала, дали пред црквата треба да ги поканам и кога да ги дарувам кумовите,старосватовите, итн.. ?
Најибаво да си сошиеш венчаница е сега дали ѕоа ќе биде во некој бутик ателје или дизајнер зависи и од буџет но топли ти ја препорачувам викѕорија маер која шие беспрекорно а цената на некој начин си ја одлучуваш сама во зависност од мартијалот...
Директно ги каниш пред црква а ги даруваш во ресторан присуствував на слична и дарувањето беше за време на вечерата... позз
Во црниче... види на фб страна венчаници викторија маер и договори се кога даа идеш и во зависност од мартијалот ќе ти каже и цена ... од 250е па нагоре... али што е најважно не се замараш секој ден по проби јас имав 2 а фустанот беше прекрасен... иако не отидпв со слика добив прекрасна венчаница
Имам некоја ваква замисла од овие два да искомбинирам од едниот горен дел а од другиот надолу, дали сте виделе во некој бутици вакви модели, искрено не знам дали би се нафатила да шијам венчаница